|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   фригидност
16.6.2009 8:59:04   
mami
Фригидноста е состојба кога не постои желба за сексуален акт, и е пропратена со недостиг на еротски чувства и можност за време на половиот чин да се постигне оргазам.

Како настанува? - Стравот е главен и најзастапен фактор(страв од бременост, од абортус, од болки и неминовни старечки промени. Покрај стравот, моралните конфликти и конфликт меѓу социјалните обврски и нагонот, може да ја условат фригидноста.

-Психичката условеност, главно може да се јави како:

1.Свесна психичка условеност

2. Потсвесна психичка условеност

Свесна психичка условеност - Фригидноста, најчесто се јавува како последица на религиозно, и погрешно сексуално и морално воспитување. Така воспитаните жени мислат дека половиот однос е валкан, забранет и неморален. Овие сфаќања тешко може да се сменат. Емотивна причина за фригидност може да биде во облик на психичка повреда што се случила во детството како обид за силување или присилен допир на половите органи. Неа може да ја предизвикуваат кавги и недоразбирања во бракот, како и недостиг на љубов и крутото однесување на жената поради постојното чувство на срамежливост. Настанува и како последица на страв од бременост што жената го чувствува кога не сака уште едно дете, затоа што веќе е мајка. Или, некоја сака да има дете, но стравува од породилни болки.

Фригидноста може да биде предизвикана и од: недоверба во средствата за контрацепција; местото каде што се остварува сексуалниот акт (жената има потреба да се чувствува целосно сигурна и да не биде вознемирувана). Нејзината несигурност може да ја предизвикаат најбанални работи -отворен прозор, незаклучена врата... Жената може да стане фригидна и ако партнерот не ја одржува личната хигиена, но и од неговите незгодни навики во сексуалниот чин. Таа чувствува гадење и не може да го прифати сексуалниот акт. Стравува и од можен груб приод и надмен однос од партнерот. Волјата за полов однос жената може да ја изгуби затоа што при претходните обиди не почувствувала пријатност. Оваа состојба кај жената создава комплекс на пониска вредност.

-Кога жената е под постојано влијание на некоја стара љубовна врска, тогаш кај неа еротските чувства не можат да дојдат до целосен израз.

-Љубомората, сомневањето во верноста на партнерот, кај жената предизвикува омраза и фригидност.

-Комплексот на онанијата, исто така, може да биде причина за фригидност.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: фригидност
21.10.2009 13:26:02   
mami
Се соочила ли некоја од вас со овој проблем?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: фригидност
21.10.2009 13:29:06   
mami
Фригидноста психијатрите ја сметаа за невроза што настанува преку потсвесните психички конфликти на неморалните сексуални желби и семејните, воспитните, моралните фактори што се јавуваат како спречувачки. Таквиот потсвесен конфликт обично се јавува во детството, но е упорен и динамичен во текот на целиот живот.

lФригидноста настанува и поради дејствување на потсвесните љубовни конфликти, кога жената на својата љубов што ја чувствува кон мажот и ја спротивставува некоја друга љубов (пример љубовта кон таткото - Едипов комплекс).

lФригидноста кај некои жени создава потсвесна желба да се осветат на своите мајки за сите неправди и страдања претрпени поради татковата бруталност. Овие жени спрема мажите имаат агресивен став.

lФригидноста се јавува и кај емотивно незрелите жени што имаат положба на зависно дете. Нивната сексуална зрелост ги вовлекува во сексуални односи, но поради својата психичка незрелост (инфатилност), не можат да доживеат оргазам.



"ЛАЖНА" ФРИГИДНОСТ

Причините за ваквата фригидност се кај мажот, кој заради сопствената недоволна упатеност за сексуалните желби и потреби на својата партнерка не знае дека треба да покаже големо трпение додека жената не се научи и прилагоди на нормалното сексуално уживање. Би било добро мажот да ја познава и техниката на водењето на половиот однос, зашто во спротивно ако е збунет, неспретен и срамежлив, може да влијае жената да не постигне оргазам.

Има и такви жени што намерно се воздржуваат од доживување оргазам затоа што наивно веруваат дека на тој начин ќе се "заштитат" од несакана бременост.



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: фригидност
21.10.2009 13:29:51   
mami
ЗНАЧЕЊЕТО

НА ФРИГИДНОСТА

Фригидната жена чувствува дека е намалена нејзината женственост и привлечност, па се разочарува, а сопствениот живот го смета за промашен. Фригидноста полесно ја поднесуваат жените што се занимаваат со некаква интелектуална или физичка работа. Оние што не се ангажирани со некоја активност, стануваат вознемирени и пречувствителни.

За своето полово незадоволство жената најчесто го обвинува мажот. За него мисли дека е неспретен, дека полово не и одговара. Така жената отфрлајќи ги моралните правила на однесување, а во надеж дека со друг партнер ќе доживее сексуално задоволство, прави вонбрачни излети. Може да биде и обратно. Маж што претходно повеќепати се обидувал да ја задоволи жената и во тоа не успевал, се откажува од понатамошните обиди и наоѓа друга жена.

Браковите на фригиднате жени се загрозени не само поради своето полово незадоволство, туку и поради тоа што овие жени во брачните односи се однесуваат како ладни, нечувствителни и себични личности. Често знаат да одбијат мајчинство, но и други обврски.

Фригидноста е многукратно условена и од таму лекувањето е тешко и сложено. Симптомите може да се ублажат ако на жената и се помогне да проникне во свесните и потсвесните причини на фригидноста. Во многу случаи таа може да се надмине со волја, но и со техника примената во самиот полов однос. Би било добро жената да ја користи својата фантазија. Добро е мажот и жената да се наведат на заемно разбирање на сопствените емотивни ставови, на запознавање со своите ерогени зони и на дополнување на сопствената сексуална култура.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: фригидност
21.10.2009 13:40:49   
Enika
pa ne bash ama mozam da kazam deka bev pofrigidna vo minatata vrska...zasto pominuvav niz tezok emocianlen perido...i seksualnosta mi beshe na najnisko mozno nivo...ako se racuna i ova za pricina...kako i da e ne e ubavo!!!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?