Gwendolin
|
Здраво храбри мамички, жал ми е и истовремено бесна сум за тоа што најубавото искуство во животот некогаш ни се претвора во кошмар и тоа не по наша вина. Имав нормална бременост,многу се движев и очекував лесно да се породам. Точно на терминот бев на ЦТГ, имав некои неправилности, не знам што, ме прегледа фина срцка докторка и ми кажа дојди поручек, сега нема место, поручек веќе ќе раѓаш. Да не го тупам многу, имав болки, поручекта ме примија со 5-6 см. отворена. Во претпородилна преполно (во ГАК инаку на 15.08), жени врискаат од болка, сестри кафе пијат.јас мирна, дишам болки и ќутам. Побарав епидурална два пати, се направија дека не ме слушнаа едноставно ме изигнорираа на тоа прашање ко да сум Каспер духот, гледаа преку мене. Бевме многу, па на неколку ни го пукнаа водењакот онака, на преглед. Ми почнаа јаки болки, ама трпам.Почнав да се тресам цела, викам нешто за болки...јок бре сестрите си правеа муабет колку не ни чинело здравството и колку малку платени биле...конечно кога почнав да се тресам неконтролирано ме одведоа на бокс, ама стоев таму и ајде одма симто или како се викаше. Леле болки трпам, не викам,а рацете ми отрпнаа и нозе не ги чувствувам. Конечно влезе една докторка ли што беше и ја прашувам аман не ги чувствувам екстремитетите ми се развика жената дека не сум дишела како што треба и си замина. ни да ми каже или покаже само се развика а јас во агонија. ц ц ц ц.Дојде една по извесно време зашто викав дека крв ми тече,ама не било ништо. по пола саат некаде уште ненормални болки доаѓа една и вика ајде да те пораѓаме зашто гужва е. Се собра цел тим, јас немам напон, тие ми се дерат да туркам.Ама како кога немам напон, место да ми помогнат да дишам или слично,двајца ме туркаа на стомакот и ми се дереа, една ми се дереше да туркам а една ми маваше шамари и се дереше...луда ситуација,ме испаничија,сите се дереа,како на бојно поле да бев,беше страшно,буквално беше хаос од дерење, никој не слушаше никого а јас немав напон. ме сецнаа малку повеќе,јас напнував како што можев,почнаа сите да викаат и ја извадија бебушка со вакуум.Леле уше хорор,бебето не дише, се викаат доктори...во еден момент слушнав плач и веднаш на детско,не ја ни видов.После тоа тројца пробаа да ме сошијат,имав обилно крварење,не знаеја од каде,место да ме средат се караа пред мене чија вина било тоа и во еден момент се развикаа викајте анестезиолог, ќе искрвари,ја губиме...Нема опис на тоа чувство.Бев свесна и слушав дека умирам...сеуште понекогаш се будам со тоа чувство и плачам. Се разбудив од анестезијата, бев сама, влезе сестра ништо не ми кажа ни како ми е бебето ни како сум јас, туку буквално ми рече да одмарам и да не и поставувам глупави прашања.за понатаму да не кажувам,два дена никој не ми кажуваше каде е бебето,освен што дојде педијатарот вториот ден и ми кажа само дека има инфекција и дека е под кислород и прима терапија. Прашував неколку сестри и сите ми викаа ќе прашаме, а потоа ме игнорираа кога ќе прашав пак. Плачев и се влечкав по ходници за да начекам една чистачка која ми кажа каде можам да го видам детето и тоа по три дена дури ја видов,ја допрев по ноџето, тоа малечко бебувче кое спиеше ме смири и отидов да си легнам. Другиот ден ми ја донесоа,никој не ми кажа ни доење ни пресоблекување ни ништо,се сама е снаоѓав....Имаше уште еден куп работи, ми препишаа терапија, ми го изгубија листот, ми тврдеа дека немам терапија, а имам зашто примив првиот ден, не признаваа дека листот ми е изгубен а го немаше, ми беше лошо, никој не ме прегледуваше, дојде маж ми исплашен за мене, јас се гушев, не идеше доктор, па ја крена болницата на нозе се развика по сите зашто никој ништо не кажува, сите брзаат за некаде и те игнорираат...имаше уште неубави работи, ама не можам веќе, многу се изнапишав, ама морав да споделам со некој, фала што ве имам барем знам дека некој ќе ми ја разбере траумата што ја преживеав...И уште ме боли раната шиена на живо и уште не седам како што треба ама фала богу бебушка ми е жива и здрава и се гушкаме...ете ја ме вика за доење...срце малечко, би преживеала се за неа, ама зошто кога не мора? Извинете за долгиот пост, премногу е долго знам, ама имав потреба да споделам.
|