|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тромбоцитоза
15.3.2010 9:15:02   
ripce
Ептен сум збунета. Не знам дали има причина да се нервирам, или нема ништо сериозноuser posted image

Во четвртокот правевме анализа на крвта најмногу заради гликемијата да не е висока, после фебрилните грчеви, и гликемијата во ред, но покажа тромбоцитоза (зголемен број на тромбоцити) и тоа скоро дупло повеќе! Во саботата свекрва ми ми го даде резултатот и ми кажа дека матичната прашувала дали кога му излегувале модрици тешко се губелеuser posted image Имам забележано пошто уште лази и се нагло се спушта од стоечка положба да лази му се имат појавено на неколку пати модрици, ама за кратко време ги снемува.

Знае некој нешто за оваuser posted image Денес одам кај матичната да ја прашам.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тромбоцитоза
15.3.2010 9:27:54   
caci20
Тромбоцитозата во детството не е ретка појава, како што се мислело порано, со оглед на тоа дека со рутински педијатриски преглед се открива кај 3-13 % од педијатриските пациенти. Скоро секогаш се утврдува секундарна тромбоцитоза во склоп на некоја инфекција, траума, операција, хипоксемија, имунолошко пореметување, прематуритет, гастроинтестинално пореметување, преживеана стресна ситуација, земање лекови или реакција на претходен губиток на тромбоцити.

Овојпат го преведов постот, во иднина замолувам да се држиме до правилата на форумот и да постираме само на македонски јазик односно текстовите кои сме ги нашле на друг јазик да ги преведуваме. Благодарам

< Поракaта ја уредил Mila na mama -- 15.3.2010 11:34:03 >


_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Тромбоцитоза
15.3.2010 9:42:13   
ripce
Благодарам caci20 ја прочитав истата цела студија за Тромбоцитоза кај децата ама пак ништо не ми е јасноuser posted image

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Тромбоцитоза
15.3.2010 10:01:49   
vektor
Тромбоцитозата може да биде и резултат на дехидрација, па не би требало веднаш да предизвика паника кај родителите... најдобро е да се направи контролна крвна слика по неколку дена и да се види дали бројот на Тр се нормализирал.
Тромбоцитозата вообичаено не е поврзана со модриците...доколку има намален број на тромбоцити може почесто да се јавуваат модрици и таканаречено петехијално крварење (ситни црвени точки на кожата), но тоа е за намален број Тр (тромбоцитопенија).
Се надевам дека се ќе излезе добро...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Тромбоцитоза
15.3.2010 10:07:22   
ripce
Благодарам за одговорот vektor... ќе направиме анализа за неколку дена се надевам дека ќе се нормализира...
Друго нешто хемоглобинот му е 113 ,HTC 0,338, MCV 74,1, MCH 24,8, според матичната резервите на железо не се целосно пополнети и ми препишува Ferumlek.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот vektor)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Тромбоцитоза
17.3.2010 10:01:26   
vektor
Зависно од возраста на бебето се менуваат и референтните вредности за хемоглобинот...може да ги побараш на Гоогле, но ако докторката тврди дека се смалени ок...
Ферум лек нема да му наштети на бебето, а потврдната крвна слика за неколку дена ќе каже дали треба да се дава сируп за железо и ќе се види состојбата на Тр
Поздрав
ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Благодарам за одговорот vektor... ќе направиме анализа за неколку дена се надевам дека ќе се нормализира...
Друго нешто хемоглобинот му е 113 ,HTC 0,338, MCV 74,1, MCH 24,8, според матичната резервите на железо не се целосно пополнети и ми препишува Ferumlek.


_____________________________

Нашата поддршка и знаење Ви се посветени Вам...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Тромбоцитоза
17.3.2010 10:18:54   
profesorica
рипче како сте, како е зоки???




_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот vektor)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Тромбоцитоза
13.4.2010 17:05:52   
ripce
Леле како да заборавам да пишам за ова...

Нели на претходните резултати ни се покажа зголемен бр. на тромбоцити ... тогаш правевме тест за гликемија (нели после конвулзиите што ги имаше, проверка дали е висока гликемијата) и плус рутинска анализа на крвта за да видиме како е хемоглобинот, и бидејќи му собираа крв во две епруветки го стискаа, поради тоа се покажале зголемен бр. на тромбоцити. На наредната анализа си беа во ред, во нормала.

Значи внимавајте, на ова што го пишав, повеќе стискање на прстето, може да биде причина да се покаже зголемен бр. на тромбоцити (тромбоцитоза).

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 8
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?