|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Канцерогени агенси
28.11.2009 10:45:02   
ripce
Видови на канцерогени агенси - Фактори од работната и надворешната средина

Многу е тешко да се направи соодветна класификација на сите средства и агенси кои предизвикуваат тумори. Канцерогените може да ги поделиме во следниве групи:
  • зрачење (јонизирачко зрачење, радиоактивни елементи, ултравиолетово зрачење),
  • хемиски средства,
  • исхраната,
  • јатрогени хемиски средства,
  • основни животни навики,
  • вируси и паразити,
  • фактори од работната и надворешната средина.
Зрачење - Јонизирачко зрачење

Биолошкото дејство на јонизирачкото зрачење е најдобро проучено. Тоа овозможува приближно точна проценка на опасностите за човековата популација, кои произлегуваат од него. Последиците од зрачењето не зависат од применетата доза, туку од озрачената површина и начинот на зрачењето. Леукемијата е главна малигна болест предизвикана од јонизирачкото зрачење. Главен доказ за канцерогеното дејство на јонизирачкото зрачење претставува бројот на заболените меѓу професионално изложените лица. Денес се знае дека болеста на белите дробови која била позната уште од 16 век, во Чехословачка и Германија, всушност била рак на белите дробови кој бил предизвикан од реактивните руди во рудниците. Натамошните докази се добиени по извршените атомски експлозии во Јапонија и со испитувањето на долгогодишните последици кај пациентите кои биле изложени на зрачење во дијагностички или тераписки цели. Постои богато искуство во врска со ракот предизвикан од зрачењето на човековата популација, која накратко би се состоела од:
  • Кожниот карцином бил многу чест кај персоналот кои ракувал со првите рендгенски апарати, бидејќи тогаш сеуште не биле стандардизирани заштитните мерки,
  • Белодробниот карцином е многу чест меѓу рударите во рудниците на цинк, ураниум и други, во споредба со останатата популација, а заради присуството на гасот радон во рудниците. Вдишувањето на гасот радон води до негово складирање во белите дробови. Радонот емитира силни радиоактивни алфа честички.
  • Развојот на остеосаркомот кај работничките кои ги бојадисувале стрелките на часовниците со светлечки бои. Коскените саркоми беа едни од првите тумори кај кои се откри етиолошката поврзаност на нивното јавување со јонизирачкото зрачење. Доказ за тоа е следново. Остеосаркомите се појавија како резултат на големото производство на инструментални бројчаници и часовници во САД и Канада, веднаш по Првата Светска војна. Бројчаниците биле боени со луминисцентна боја, која содржела радиум и мезоториум, помешани со цинк сулфид. Младите работнички ги ставале четките во уста, внесувајќи го со тоа и радиумот, кој се депонирал околу непцата, предизвикувајќи радионекроза на вилицата, а исто така, и на долгите коски на рацете и нозете, како последица на апсорпцијата на радиумот преку системот за варење. Така, голем број од овие работнички, по подолг латентен период, развиле остеосарком.
    Покасно е откриено дека и надворешната зрачна терапија предизвикува појава на коскен сарком. Било утврдено дека, кај деца кај кои била спроведена зрачна терапија во пределот на коската, по одреден латентен период, се развива секунарен, зрачно индуциран остеосарком. Латентниот период е обично околу 10 години, по реализираната радиотерапија.
    Коскениот сарком е еден од најчестите секундарни тумори, кој се јавува како последица на применетата радиотерапијата во детската возраст. Тоа е и главна причина зошто радиотерапијата често се избегнува во третманот на детските малигноми.
    Најчесто овие зрачно индуцирани коскени саркоми се: остеосаркоми, а поретко фибросаркоми и малигни фиброзни хистиоцитоми.
  • Висока честота на рак на црниот дроб е најдена кај пациенти кај кои е употребувано контрасното средство – торотраст.
    Торотраст (Thorotrast) е контрасно средство кое содржи ториум диоксид, кој е силен емитер на алфа-честички. Ова контрасно средство било употребувано во рендгенологијата во период од 1920 до 1950 год.
    Утврдена е поврзаност помеѓу примената на оваа супстанција и појавата на примарните малигноми на црниот дроб, пред сé, на ангиосаркомите и холангиокарциномите. Најкусиот период помеѓу изложеноста на торотраст и појавата на црнодробниот малигном е 15 години.
    Ова контрасно средство денес не се употребува.
  • Кај преживеаните од атомската бомба во Хирошима и Нагасаки е забележан висок процент на леукемија и на други солитарни тумори.
  • Мал пораст на инциденцата на леукемија е забележан и кај пациенти со спондилит (реуматска болест на коските), кои биле лекувани со зрачна терапија за смирување на болката.
  • Кај децата кои биле озрачени во пределот на вратната регија заради бенигни состојби, како на пример хиперплазија на тимусот, туберкулозен аденит (туберкулозно воспаление на лимфните јазли) и друго, по подолг латентен период од 10-20 години се јавиле чворчиња (нодулуси) во штитната жлезда (кај 25% од озрачените деца), а околу една четвртина од нив се малигни, најчесто папиларни карциноми на штитната жлезда.
    Исто така, кај озрачените од атомска бомба во Хирошима и Нагасаки забележена е зголемена инциденца на тироидниот карцином.
    После хаваријата во нуклеарната централа во Чернобил во 1986 година, појавата на тиродниот карцином во Украина е зголемена за 10 пати.
  • Забележан е пораст на инциденцата на ракот на дојка кај пациентки кои примале радиотерапија поради постпартално (после породување) воспаление на дојката.
Радиоактивни елементи

Нивото на зрачењето од природните и вештачките радиоактивни изотопи од околината е можен причинител за појава на малигните заболувања кај човекот. Затоа се препорачува радиоактивниот Ј 131 да се користи во дијагностичките цели во помали дози, а во тераписки цели не би требало да се применува кај луѓе помлади од 40 години. Ултравиолетово зрачење Во почетокот на 20 век е забележано дека кожниот карцином се јавува кај луѓе кои работат на отворено и тоа на делови од телото кои се најмногу изложени на сончевата светлина. Подоцна е утврдено дека ултравиолетовите зраци од сончевиот спектар со бранова должина од 2900-3300 А се канцерогени за кожата на животните. За да се развие кожен карцином потребни се 40 000 – 180 000 часа излагање на кожата на сончева светлина. Според податоци од литературата, 86% од кожните карциноми се локализирани на кожата на лицето и вратот. Инциденцата на кожниот карцином е најголем во седмата деценија на животот. Освен изложувањето на Сонце, кое е сé поштетно поради озонските дупки, како фактор на ризик за настанување на кожниот карцином, а кај некој и најважен фактор, е сончањето во солариум. Научниците од цел свет укажуваат дека дозата на УВ зрачење во солариумот е 2 до 10 пати поголема отколку од Сонцето. Ако при тоа се додаде дека кај нас, ниту лампите не се менуваат по пропис, ниту се користат специјални заштитни наочари за солариум (ретко кога ги има во козметичките салони), последиците од зрачењето се уште поголеми. Заблуда е дека сончањето во солариумот е побезбедно отколку изложувањето на сончевите зраци. И во двата случаи, дејството на УВ зрачење е кумулативно, а тоа значи дека со зголемувањето на времето на изложување на Сонце или со сончање во солариум, ризикот за појава на рак на кожата се зголемува.



< Поракaта ја уредил anica -- 28.11.2009 10:46:39 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Канцерогени агенси
28.11.2009 12:55:05   
Еца
податоци, боли главаuser posted image затоа воопшто не ме чуди што денес ракот не бира години, мислам страшно, а уште пострашно е што не можеме баш да избегнеме се од она што е наведено. Како и да е живееме во еден нездрав свет, околина, која многу се разликува од минатото каде се било и почисто и поздраво.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Канцерогени агенси
28.11.2009 14:28:36   
Bogdancanka
се согласувам со Елена живееме нездрав свет и такво дојде времето за разлика од порано нашите предци можеби имале потежок али поздрав живот за разлика од нас денес кои имаме се вештачо и готово можеби полесно али не е здраво.Затоа веќе не е чудо што ваквите болести заземаат поголем замаф и не бира години.Жално али вистинитоuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Канцерогени агенси
28.11.2009 17:31:47   
mother 29
user posted image   user posted image  user posted image за инфото!

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Канцерогени агенси
6.12.2009 9:43:17   
ripce
Дали е виното канцерогено?
 Веста за канцерогената штетност на виното се прошири низ информативниот простор и ги загрижи љубителите на овошниот нектар. Многу пати пренесената информација во текот на изминатите неколку дена, го анатемиса виното како драматичен предизвикувач на рак на устата, грлото, гласните жици, желудникот и цревата.

Според оваа вест, кај оној кој секојдневно конзумира по 12,5 cl вино дневно, карценогениот ризик се зголемува за 168 проценти. Оваа вест предизвика бурна реакција кај производителите на францускиот национален пијалок.
Причина за ваквата вест е трансформацијата на етанолот во карценоген ацеталдехид, а извор е сериозна студија на Францускиот национален институт за рак (INCA). Концентрацијата на штетните материи посебно се зголемува токму кај оние, кои заради претпоставените лековити својства на виното во мали количини, пијат по една чаша секојдневно, потпирајќи се на истражувањата на Светската здравствена организација од пред четврт век кои тврдат дека антиоксидансите и полифенолите во виното го намалуваат токму ризикот од рак. Познати се и студиите кои покажале дека една или две чаши вино дневно го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Па која е тогаш вистината? Дали виното е карценогено или пак сосема обратно?

Францускиот национален институт за рак и Генералната дирекција за здравје, пред неколку дена објавија брошура „Исхрана и превенција од рак“, наменета за лекарите од општа пракса. Во оваа брошура како штетна се оценува конзумацијата на било каков алкохол, а не само на виното.

Но, на оваа листа не се само алкохолот и црвеното вино, туку и црвеното месо и белата сол. Имено пиењето на една чаша алкохол дневно или седум чаши неделно (сеедно) го зголемува ризикот од рак на различни делови од телото, од 9 до 168 проценти. Најизложени на ризик се грлото и устата (168%), а следни се желудникот (28%), градите (10%) и дебелото црево (9%). При тоа под една чаша алкохол се подразбира било кој алкохолен пијалок, по принципот врз основа на кој 10 грама чист етанол содржи десет чаши од 10 центилитри вино, 25 центилитри пиво или 3 центилитри жесток алкохол.

Фактори кој го зголемуваат ризикот од кареногени заболувања се и гојазноста, црвеното месо и сувомеснатите производи, солта и солените производи и додатоците на база на бета-каротен.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Канцерогени агенси
7.12.2009 10:00:16   
profesorica
Видови на канцерогени агенси - Хемиски средства


Загадување на воздухот



Загадувањето на воздухот е еден од факторите за порастот на инциденцата на ракот на белите дробови во 20-от век. Споредбените истражувања на инциденцата на ракот на белите дробови меѓу селското и градското население покажале помала зачестеност на ракот на белите дробови кај селското население, особено кај непушачите. Помеѓу долгогодишните пушачи, разликата во стапката на зачестеност на ракот на белите дробови се губи.


Смртта поради ракот на желудникот, исто така, е во корелација со загаденоста на воздухот, како и смртноста поради рак на хранопроводникот и на мочниот меур.
Воздухот е загаден од честички и гасови, кои им припаѓаат на различни хемиски групи, а некои од нив и не се утврдени. Постојат 3 главни извори на загадување:
  • греењето на населението,
  • оџаците на фабриките,
  • издувните гасови од автомобилите

Во воз.духот се утврдени 10 полициклични ароматични јагленохидрати, чие канцерогено дејство е експериментално потврдено кај животните.

Исто така, во воздухот постојат и загадувачи за кои не е докажана канцерогенезата, но тие го надразнуваат и оштетуваат епителот на слузницата на дишните патишта и на тој начин се вклучени во процесот на задржување и продирање на канцерските честички.


Хемиските канцерогени средства, обично напаѓаат специфични органи. Нивна мета се епителните клетки и тие доведуваат до генетски оштетувања на клетката (генотоксични агенси). Хемиското оштетуваање на DNA се случува или директно (со изложеноста во средината) или индиректно (со активација на ендогените мутациски патишта, таканаречени оксирадикали).

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Канцерогени агенси
7.12.2009 10:48:07   
ripce
Канцерогени шампони за деца

Во истражувањата на светската „Кампања за безбедна козметика", откриени се фрапантни податоци за голема бројка опасни производи во детската козметика.

user posted image
Плакатот на кампањата за безбедна козметика

Шампоните за деца треба да бидат сигурни, а не отровни, гласи мотото на кампањата „За безбедна козметика". Во известувањето од кампањата направено во првата половина на март се излечени некои застрашувачки податоци добиени со тестирања и испитувања.

„И покрај маркетиншките пораки кои шампоните за деца ги нарекуваат 'нежни' и 'чисти', десетината најпродавани шампоки се контаминирани со канцерогени хемикалии.", се потенцира во известувањето.

Многу од популарните шампони за бебиња содржат формалдехид и 1,4-диоксин, а од кампањата порачуваат дека ова е прво вакво обемно истражување кое го докажало присуството на овие хемикалии во прозводите за неа на деца.

Испитувањето било извршено на 48 различни производи во неколку независни лаборатории. Резултатите биле изненадувачки, 17 прозиводи ги содржеле двете ризични хемикалии, 23 производи содржеле формалдехид а 32  производи содржеле 1,4-диокси. И двете материи се препознатливи како канцерогени материи, а формалдехидод кај децата предизвикува и кожни реакции.

„Можеби де би имало причини за загриженост доколку стануваше збор за само еден вид производ. Но при бањањето на бебињата се употренуваат неколку такви прозиводи неколкупати дневно, што во комбинација со другите хемикалии на коишто се узложени домаможе да биде погубно.", предупредувата од „За безбедна козметика".

Штетните хемиски материи се најдени во детски производи на големите компании како што се Лораел и Џонсон и Џонсон, но тие не се наведени на нивните етикети. Поточно, со оглед на тоа дека овие хемикалии не се сметаат според сегашните законски одредби за контаминати, како ни за состојки, компаниите не мора да ги наведуваат во сосстојки.

Формалдехидот се создава постепено како нус-појава на обичните презервативи во козметиката,а 1,4-диоксинот се создава со хемискиот процес етоксилација.

„Иако производители мжат лесно да ги отстранат штетните производи, тие тоа не го прават бидејќи законот не ги обврзува на тоа", велат претсавниците на кампањата.

Бидејќи нема законска регулација која може да и натера прозиводителите да ги прават производите за бебињата побезбедни, кампањата „За безбедна козметика", советува внимателно да се бираат препаратите кои ќе се коириста и поседбно да се обрати внимание производите да содржат што помалку синтетички бои и мириси.

< Поракaта ја уредил ripce -- 7.12.2009 10:51:32 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?