|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Раст и развој од раѓање до 1 год
18.6.2010 2:23:28   
nadica
РАЃАЊЕ

Бебето сака:
*Да цица, спие и да му е удобно.
*Да слуша исти меки звуци.
*Да зјапа во движења и светлина.

Дајте му на бебето:
*Држете му ја главата кога го кревате или држите.
*Да го слуша вашиот глас како му зборува или пее.
*Вашите раце.


1 МЕСЕЦ

Бебето сака:
*Да го слуша вашиот глас.
*Да зјапа во лица, особено во очи.
*Да го лулаат и хранат родителите/стерателот.
*Да спие.

Дајте му на бебето:
*Топол и сакан одговор на неговите физички потреби кога плаче.
*Вашите прегратки, гушкања и Вашиот глас.


2 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да слуша звуци.
*Да си ги гледа рацете.
*Да ја подигнува главата и да следи со погледот предмети во движење.
*Да се насмевнува и да му се насмевнуваат.

Дајте му на бебето:
*Да фати и да гребе меки, безбедни играчки.
*Прилика да ја развие контролата врз главата, ставајќи го често на стомак.


3 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да мафта со рацете и да си ги гледа.
*Да става предмети во уста и да ги испитува.
*Да си го слуша својот глас.

Дајте му на бебето:
*Да се види во огледало.
*Ѕвончиња на неговите пупиња.
*Шарен чаршав на креветот.
*Музика.
*Играчка што виси.
*Да излезе надвор.
*Да игра со вас.


4 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да се подига на раце.
*Да го врти телото од една страна на друга.
*Да ги држи нозете во воздух и да прета лежејќи на грб.
*Да гризе се што може да се стави во уста.
*Да плеска со рацете и нозете во кадичката.

Дајте му на бебето:
*Разновидни предмети да ги испитува и испробува(коцка, ѕвонче, топка, тропалка).
*Повеќе висечки играчки да ги гледа и да мафта по нив со рацете и нозете.
*Да слуша музика и детски песнички.
*Промени на околината раазлика од дома и надвор.


5 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да учи да лази.
*Да набљудува други лица.
*Да седи.
*Да се гали.
*Да истражува со допир.

Дајте му на вашето бебе:
*Да посега по предмети поставувајќи ги во негова близина.
*Да игра „бу-ѕе“.
*Имитирајте ги неговите звуци со тоа го охрабрувате да „зборува“ повеќе.


6 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да се превртува.
*Да држи во устата цуцла или лажица.
*Да се насмевнува на познати лица.
*Да испушта, удира или фрла предмети.

Дајте му на бебето:
*Предмети од домаќинството како пластични чаши, лажици, и мали поклопки.
*Топка да тркала и фаќа.
*Играчки кои може да ги става во уста.
*Да го слуша вашиот глас.


7 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да седи без поткрепа.
*Да ги здружува прстите и палецот со цел, како на пр.да фати коцка.
*Да гризе со првото запче.
*Да слуша звуци.

Дајте му на вашето бебе:
*Играчки во кадичката.
*Звуци од музика и детски песнички.
*Предмети да прави врева, како лажици, садови и пискави играчки.
*Убаво доживување во кадичката со прскање.


8 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да лежи на стомаче.
*Да ги бара играчките што ги испуштило.
*Да префрла играчки од една во друга рака.
*Да се влече по подот.

Дајте му на бебето:
*Неколку играчки да ги удира една од друга.
*Пластични чаши што влегуваат една во друга.
*Лажица и вилушка за време на оброците (и понатаму хранете го, но дозволувајте му и само да јаде).
*Огледало за да се гледа.


9 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да се истегне нагоре.
*Да ползи по подот.
*Да игра интерактивни игри.
*Да ги проучува формите и материјалите на предметите.

Дајте му на вашето бебе:
*Можност само да се храни.
*Сигурно место да истражува.
*Пофалби и одобрување за неговите гласовни и движечки способности.
*Безбедни играчки кои ќе може да ги гризе.


10 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да го пика прстето во мали отвори.
*Да игра „тапшин тапшин танана“
*Да се крева само на нозе.
*Да ја истражува физичката средина.

Дајте му на бебето:
*Платнена или картонска книга.
*Пластични играчки нанижани на ластик.
*Коцки, играчки и празни кутии.
*Играчки што се мрдаат.


11 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да фаќа и внимателно да истражува предмети.
*Да му пеете и да танцувате со него.
*Да си игра покрај, но сеуште не со постари деца.
*Да покажува љубов кон оние кои го сакаат, особено родителите.

Дајте му на бебето:
*Топка и други играчки кои се тркалаат.
*Комплет пластични садови.
*Доволно разговор за него и за светот околу него.
*Можност да ги усоврши движењата преку ползење, стоење и одење.


12 МЕСЕЦИ

Бебето сака:
*Да совладува нови движења.
*Да става и вади поклопки од садови.
*Да се качува на скромни висини (до 15цм).

Дајте му на вашето бебе:
*Љубовта која ја бара и му треба.
*Пофалби за постигнувањата.
*Цврста дисциплина полна со љубов.
*Предмети за играње и истражување, како платнени книги, садови, тенџериња, играчки што висат на конец.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Раст и развој од раѓање до 1 год
18.6.2010 10:02:06   
beki RR
user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Раст и развој од раѓање до 1 год
18.6.2010 10:03:24   
Палешка РР
Многу корисно, благодарам надица! user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Раст и развој од раѓање до 1 год
18.6.2010 10:10:45   
Maca25
прекрасен опис!! браво надица!!user posted image user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Раст и развој од раѓање до 1 год
18.6.2010 11:30:39   
Julie1
user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Раст и развој од раѓање до 1 год
18.6.2010 12:38:26   
elle
user posted image user posted image user posted image надица
голема работа си направила
ФАЛАuser posted image


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Раст и развој од раѓање до 1 год
18.6.2010 12:52:58   
Anushka
Надица, во милиметар тоЧно. Браво user posted image user posted image user posted image
By the book!

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Раст и развој од раѓање до 1 год
18.6.2010 13:08:38   
nadica
имам за деца до 5 год ама ми треба време неможам така брзо да ги поставам сите теми ама ќе биде

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Раст и развој од раѓање до 1 год
19.6.2010 0:15:46   
Slagjana
Не знам дали прашањево да го поставам овде, ама некако одговара мислам. Кога бебето треба да се исправа од лежечка позиција кога ќе го фатиш за раце (да се трга самото нагоре)? 

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Раст и развој од раѓање до 1 год
19.5.2014 13:27:32   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Мамички, ја отварам темата за да споделиме искуства за развојот на нашите деца во првата година. Како се развивале од месец во месец,како се развивал говорот и моторните вештни.
Еве ги просечните временски рамки на најважните достигнувања во првата година:
1. Од раѓање до 3 месеци:
- ја подигаат и ја вртат главата
- ги отвараат дланките и замавнуваат по предмети
- се смеат
- ги испуштаат првите звуци

2. Од 4 до 6 месеци:
- посегнуваат со двете раце и можат да дофатат играчка
- почнуваат да учат да седат
- си го препознаваат името
- повеќе брборат
- се превртуваат

3. Од 7 до 12 месеци
- фаќаат предмети по палецот и показалецот
- имитираат звуци
- мафтаат за Чао и плескааат со рацете
- лазаат и се исправаат
- брборат како МАМА, БАБА, ТАТА, ДАДА
- одат држејќи се за мебелот.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Ние имаме 7 и пол месеци и во текот на последните два месеци сме се подруштвени, повеќе брбори, се смее, писка на глас, си го препознава името. Успешно и брзо се врти на двете страни и прави обиди за лазење.



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Лекарите.
пеперутка16

Дали им верувате на лекарите?

Да. (100%)

Не. (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!