Hopeful RR
|
Па се подразбира дека сакам заедно да јадеме Е сега, кога сум на работа, секако каснувам нешто, овошје или тоа што останало од претходниот ден , затоа што секогаш подоцна доаѓам дома - 17.30 најрано... Ама и да излезе вечера, дури и во 22ч, не е проблем, важно ни е барем едно јадење во денот да го изуживаме заедно, па си се чекаме - кој кога ќе се врати од вежбање, работа, ангажмани... Дури и готвиме заедно, додуша тој повеќе готви од мене, и мезиме, ракија, вино, па после и кафе... ехее, мераци Сепак, најголем ќеиф ми е за викенд, кога на раат си спремаме и јадеме порано па после искачаме на кафе. Обично во викендите одиме кај родителите, ама во последно време гледаме да го смениме тоа и да го поминеме редот некој ден преку недела, за да имаме повеќе време заедно
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|