|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Одвојување на плацентата
29.11.2009 15:17:09   
Палешка РР
ШТО Е ТОА ОДВОЈУВАЊЕ НА ПЛАЦЕНТАТА

Плацентата е многу важен дел и учествува во хранењето на бебето, доводот на кислород, преку неа се прочистува крвта на бебето, го штити од разни инфекции ит.н. Плацентата излегува од утробата на мајката, неколку минути после раѓањето на бебето. Одвојувањето на плацентата е сериозно пореметување, кое се јаува ретко, во 1% од бременостите. Кај оваа појава доаѓа до прерано одвојување (лупење) на плацeнтата од ѕидот на матката. Одлепувањето може да биде делумно или целосно.
Доколку се работи за случај кога одлепувањето е мало и не напредува, последиците не мора да бидат тешки. Доколку пак се работи за потежок случај, може да биде попречено хранењето и дишењето на бебето.
Најчесто се јавува во третото тромесечие, но понекогаш може да се јави после 20-тата седмица.
Одлепувањето на плацентата е причина за околу 10% од прераните породувања (пред 37 седмица). Од другите компликации што може да ги предизвика се: бебето да се роди со премногу мала килажа и понекогаш крварењето може да го доведе во опасност животот и на мајката и на бебето. Околу 15% од оваквите случаи завршуваат со смрт на бебето.
Доколку Ви биде поставена оваква дијагноза, имајте впредвид дека врз состојбата може да се влијае доста успешно, а врз успешноста на третманите многу голема улога има благовременото реагирање.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Одвојување на плацентата
29.11.2009 15:18:18   
Палешка РР
ПРИЧИНИ ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА ПЛАЦЕНТАТА

Следните работи може да го зголемат ризикот од појава на одлепување на плацентата:
  • Прееклампсија или висок притисок.
  • Пушење.
  • Употреба на дроги.
  • Удар во пределот на стомакот, на пример при сообраќајка или пад.
  • Прерано пукање на плодовите мембрани.
  • Премногу мала количина на плодова вода или дехидратација.
  • Бременост со близнаци, тројки ит.н.
  • Некои заболувања кои вклучуваат проблеми со згрутчување на крвта.
  • Возраст над 35 години.
  • Инфекција на матката.
  • Миоми на матката, особено ако плацентата е прикачена на делот каде што се наоќа миомот.
  • Ако во претходната бременост, веќе сте имале одлепена плацента.


< Поракaта ја уредил Палешка -- 29.11.2009 15:22:09 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Одвојување на плацентата
29.11.2009 15:19:26   
Палешка РР
СИМПТОМИ НА ОДВОЈУВАЊЕ НА ПЛАЦЕНТАТА

Кај одлепена плацента најчесто се јавуваат следните симптоми:
  • Вагинално крварење. Ова е најкарактеристичниот симптом. Иако кај 20% од случаите крварењето може да изостане.
  • Осетливост на матката.
  • Болка во стомакот.
  • Контракции на матката.
  • Пореметување на ритамот на чукањето на срцето.
Доколку приметите било какво крварење или сметате дека нешто не е во ред, веднаш јавете се кај Вашиот лекар. Колку порано ќе се констатира дијагнозата, толку поголеми се шансите за успешен третман.
Крварењето може да биде со различен интензитет, од благо крварење па се до големи изливи. Понекогаш не се јавува крварење затоа што крвта се собира меѓу плацентата и ѕидот на матката и не истекува надвор.
Не секое крварење значи дека се работи за одлепување на плацентата. Крварење се јавува и кога се работи за плацента превиа, а понекогаш крварењето може да се јави заради некој полип на грлото на матката и сл.
Ако имате RH- крвна група, при првото крварење во второто или третото тромесечие, треба да примите инекција со RH имуноглобулини.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Одвојување на плацентата
29.11.2009 15:20:03   
Палешка РР
ТРЕТМАН НА ОДВОЕНА ПЛАЦЕНТА

Третманот ќе зависи од тоа две работи: од тежината на случајот и од староста на бременоста.
Доколку се работи за благ случај, кога мајката е при крај на бременоста, лекарот може да препорача да се изврши породување со провокација или со царски рез.
Доколку се работи за благ случај, но во порана бременост, веројатно ќе Ви биде препорачано да лежите и ќе бидете под постојана лекарска контрола, за ако е можно бременоста да се продолжи колку е можно повеќе.
Доколку лекарот процени дека постои опасност бебето да се роди помеѓу 24 и 34-тата седмица од бременоста, на пациентката може да и се дадат кортикострероиди, за да се забрза зреењето на белите дробови кај бебето. Вообичаено се стреми кон тоа бременоста да се продолжи колку е можно повеќе, за да се избегнат можните компликации кај бебето, заради предвременото породување.
Кај тешки случаи на одлепување на плацентата, кога бебето е во опасност или мајката има тешко крварење, најбезбедна варијанта е веднаш да се изврши породување.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Одвојување на плацентата
29.11.2009 15:20:43   
Палешка РР
КАКО ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ОДВОЈУВАЊЕ НА ПЛАЦЕНТАТА

Врз некои работи не можете да влијаете, но врз некои можете. Она што можете да го направите е следното:
  • Држете го крвниот притисок под контрола. Доколку ви се препишани медикаменти против висок крвен притисок, земајте ги според препишаното упатство.
  • Доколку пуштите, престанете со пушењето.
  • Чувајте се од повреди, при возење врзувајте го појасот. Бидете внимателни во текот на целата бременост.
  • Доколку имате некое нарушување поврзано со згрутчувањето на крвта, разгварајте со Вашиот лекар за можните лекарства кои треба да ги примате во бременоста.


< Поракaта ја уредил Палешка -- 29.11.2009 15:21:06 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Одвојување на плацентата
30.12.2009 14:05:15   
Viki73
i jas imam problem so placentata,odnosno kaj mene e problemot sto jas sega vlegov vo 8 mesec a placentata mi bila ozreana 3 stepen odnosno kako za 9 mesec.Mnogu mi e strav,ne znam dali e toa i odvojuvanjeto isto ali posle Nova Godina ke pocnam da odam na Ctg,kdoktorot rece deka kaj nekoi slucai do kraj nemalo nikakvi problemi no kaj nekoi mozelo da se pojavi problem ili da dojde do porano poroduvanje.Ne znam kako ke bide ke vi pisam,se plasev od mnogu drugi raboti da ne se slucat a na kraj sosema drugo ispagja.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Одвојување на плацентата
14.1.2010 19:16:35   
Еца
крај на 6 месец и кај мене беше приметено одвојување на плацентата,а инаку прокрварев, па затоа отидов на др. 10 дена ставав вагинално утрогестан. Мора повеќе одмор, помалку стрес.

< Поракaта ја уредил Еца -- 14.1.2010 19:17:15 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Одвојување на плацентата
5.12.2012 22:16:02   
Gaia
Милички ве молам нека пише некој. Денеска кога бев на др. ми кажа дека се гледало мало одвојување на плацентата, но дека не е сигурен дали е тоа. Многу се загрижив, синоќа после мокрење имав малку крв на хартијата и поради тоа отидов денеска на лекар и ми го кажаа ова. Вагинално ме прегледаа и рече докторот дека не било крварењето од матката или негде од внатре, па ме пратија утре да направам крвна слика и уринокултура. Инаку денеска влегувам во 16та недела и читајќи малку по интернет најдов дека оделувањето на плацентата може да биде и многу опасен. Избезумена сум, незнам што да правам а докторот ми рече немој да се грижиш, немора да значи дека е тоа, а и да било немало некоја терапија за тоа, туку да сме оставеле на времето да покаже што понатамуuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Одвојување на плацентата
5.12.2012 23:22:11   
bombica
Gaia bi ti preporacala mislenje i od drug dr.Ako stvarno ima odlepuvanje na placentata bi trebalo da miruvas i da primas progesteronska terapija .Ne mi e jasno samo kako moze dr. da kaze deka nema terapija za ovauser posted image

(Одговор на членот Gaia)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Одвојување на плацентата
5.12.2012 23:28:42   
Cipi Ripi
И јас ќе ти дадам најискрен совет.
И јас сметам дека треба да одиш на друг доктор, како второ мислење. Јас искрварев во 16 недела и до крај ја лежев бременоста со терапија, прво гинипрал и верапамил, потоа утрогестан за поддршка до крај.
И дали ти измери др. грло на матка?

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Одвојување на плацентата
6.12.2012 13:32:09   
Gaia
Не ципи рипи, ништо не ми измери, или бар мене ништо не ми рече за грлото на матката. Кога ме гледаше на ехо рече дека се е добро, бебето добро напредувало, точно до ден си одговарало на 16та недела, плацентата била на преден зид поставена, што јас незнам што значи тоа и го прашав и рече немој да се секираш се си е во ред. Крвна слика правев денеска, малку само ми се покачени леукоцитите ама ми рекоа тоа било нормално за трудница, во понеделник ги земам резултатите од уринокултурата па треба да одам пак да ги види, ама нареднава недела ќе одам и кај друг др. за да чујам уште едно мислење за плацентата. И мене малку ми дојде чудно кога ми кажа дека и да било така како што му се видело нему, дека плацентата била малку како одвоена, за тоа немало никаква терапија, си викам зар така се оставаат трудниците на милост и немилост на времетоuser posted image Да си нема човек работа со доктори, така најдобро е изгледа.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Одвојување на плацентата
6.12.2012 13:59:29   
Ring
А зошто да чекаш до наредната недела за второ мислење ?
Јас да сум на твое место би одела веднаш ...посебно што си забележала и крв .
А за постелката мислам дека треба правилно да е поставена на заден ѕид , и дека не е проблем и ако е на преден , само да не е ниско поставена или на долен ѕид , тогаш ке треба царски !
Само побарај порано второ мислење !

(Одговор на членот Gaia)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Одвојување на плацентата
6.12.2012 15:58:53   
dostickage
Odlepuvanje na postelka voopsto en e ednostavna rabota.
Odma na vtoro mislenje.

(Одговор на членот Ring)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Одвојување на плацентата
7.12.2012 1:03:11   
marina111
имав и јас оделување на постелката демек минимално и лежев одмарав некои си месц ипол инаку кај 12 недела ми се јави и на крај во 17 недела имав спонтан

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Одвојување на плацентата
7.12.2012 14:57:04   
Gaia
Бев денеска да чујам и второ мислење и докторот уште да не кажам ме искара што сум се уплашила толку, не било ништо чим немам никакво крварење сега, демек да било нешто ќе сум искрварела до сега а и да се случи спонтан, тука неможеме ништо, кој нашол лек за тоа во 16та недела... Само да сум одмарала и се ќе било во ред, чим немало сега крварење се било добро... Абе човек веќе да си нема работа никаква со доктор, ќе појдеш да чуеш мислење од специјалист и уште повеќе ќе те исплаши. Ако навистина нема место за паника, може тоа и на подруг начин да се каже, мислам, нели? Господ да не чува сите и што помалку да имаме потреба од доктори, инаку дебели живци требаuser posted image

(Одговор на членот marina111)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Одвојување на плацентата
9.12.2012 20:09:07   
zajche
Имав и јас таков проблем во 12 недела прокрварив и кога отидов на док.ми реце имало одлепување на постелката од маткатаи веднаш ми ставија прогестерон инекција и ми рече да станувам само за вц.Наредната недела пак на инекција и пак строго лежење.Еве сега сум 15та недела и скоро 4 недели откако прокрварив.ЗНачи да појаснам имаше само едно крварење но тоа не значи дека нема простор за загриженост.Од утре тргнувам на работа се надевам дека правилно постапувам.
Се мислам да закажам на приватно во приватните клиники за второ мислење но уште незнам кај кој док да закажам.
Инаку до сега сум примила 4 инекции прогестерон а од наредната недела почнувам со утрогестан вагиналети заради сигурност.Така да мој совет ако има и најмало сомневање треба да одмараш и никакво движенње

(Одговор на членот Gaia)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Одвојување на плацентата
10.12.2012 22:59:59   
Gaia
Во ред е сега се милички, одмарам по дома, ама па настинка некоја ме фати сабајлево и многу изнемоштено се чуствувам. Само што си реков ќе си одмарам неделава, настинкава дојде и тоа е. Да поминува само со лесно на сите и без последици, инаку јас бев во приватна болница кога ми го кажаа тоа за плацентата, само што докторот не беше сигурен дека е тоа, рече може да е најобична сенка, понекогаш така се појавувало на ехото, и чим немам болки и повторно крварење значи се си е во ред, сега да одмарам до 20тата недела и тогаш на следните скрининзи ќе се видиме. Најбитно ми е само да е бебенцето добро, друго ништо не ми е битно во моментов. Поздравче до ситеuser posted image

(Одговор на членот zajche)
Непосредна врска до пораките: 17
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?