|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 8:46:33   
mami
Под мотото „живеј и дозволи да живеат" денеска во светот се одбележува денот на борбата против СИДА-та, од која ширум светот се заразени 42 милиона луѓе.
Обединетите нации по повод овој ден испратија порака дека напорите за сузбивањето на СИДА-та нема да бидат успешни се додека не престане праксата да се жигосуваат и дискриминираат заразените.Во пораката меѓудругото се истакнува дека предрасудите против заболените од СИДА ги оневозможуваат јавните расправи  и го отежнуваат лекувањето и превентивните мерки.Стручњаците преку пораката на Обединетите нации пред се обраќаат на жителите на потсахарска Африка, каде што од СИДА досега умреле повеќе од милион луѓе, а заболени се неколку милиони други.

< Поракaта ја уредил mami -- 1.12.2009 8:47:56 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 8:58:39   
profesorica
Oд првиот случај на сида, поминаа две децении. Сидата навлезе во секој агол на светот. Се уште брзо се шири, заробувајќи милиони животи, независно дали се сиромашни или богати, без оглед на социјалната или економската сигурност.

Од почетокот на епидемијата до денес, бројот на луѓето заразени од вирусот изнесува 60 милиони луѓе. Досега починале 22 милиони. Секој час по 600-тини нови лица во светот се инфицираат со вирусот на оваа заразна болест, а секој час од неа умираат 60 деца. Според последниот извешај во моментов 40 милиони луѓе се заразени од хив вурусот. Од нив 37,2 се возрасни, а 2,7 милиони деца под 15 години. Само оваа година сидата одбра уште 5 милиони нови жртви. 4,3 милони возрасни и 800 илјади деца. Чумата на 21 век годинава однесе 3 милиони животи. Една третина од луѓето заразени со сида се на возраст од 15 до 24 години. Милиони луѓе незнаат ништо или многу малку за хив вирусот за да се заштитат од него. Токму и неинформираноста е една од причината за се поголемиот број заразени. Влијанието на епидемијата на сидата започнува силно да се чувствува во земјите во целиот свет. Јужна Африка и понатаму е најзагрозената област, но вниманието на експертите е насочено кон источна Европа, која според нив е бомба која секој момент може да експлодира. Во руската федерација до крајот на 2001 година бројот на новозоразените со сида ќе изнесува 250.000, што значи вкупниот број на заболени луѓе ќе биде еден милион. Во Македонија досега се евидентирани 59 случаи на оваа смртоносна болест. Годинава се евидентирани пет нови случаи - тројца мажи и две жени кои се хив позитивни. Светскиот ден за борба против сидата оваа година се одбележа под мотото не ми е сеедно, а тебе. кај нас на градскиот плоштад се делеа кондоми и брошури со информации што е сида и како да се заштитиш од неа.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 9:01:06   
profesorica
„Најкритичната старосна група во Македонија се движи од 30 - 39 години, следена од 20 - 29 годишна возраст, националниот координатор за борба против сидата д-р Весна Велиќ Стефановска.

Според Стефановска, проблемот со кој што се сретнува младиот човек во Македонија, кој знае што е сидата и употребува заштита е економскиот фактор, па купува поефтини кондоми, кои пружаат понесигурна заштита. Од тука и земјите во развој или нерзвиените поради лошата политичко-економска ситуација, каде сеуште младите ги рушат сите крупули е плодна почва за брзо ширење на оваа епидемија.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 9:57:03   
Еца
Шест позитивни случаи на ХИВ-вирусот, еден заболен од сида и еден починат во 2009 година во Македонија се најновите податоци што ги соопшти Институтот за јавно здравје по повод 1 Декември - Светски ден за борба против сидата.

Според информациите на примариус доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, седумте новозаразени се на возраст од 23 до 49 години и се од машки пол. Шестмина од нив се од Скопје, додека едниот регистриран маж е од Косово. Карактеристично е тоа што тројца од новозаразените се хомосексуалци. Во Македонија има вкупно 119 ХИВ - позитивни лица, а 94 од нив имаат СИДА. Вкупно 68 од регистрираните лица со СИДА, се машки, што не е тренд во светот, каде бројот на заразени со СИДА е подеднаков како кај мажите така и кај жените.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 9:59:27   
Еца
И сега се наметнува прашањето дали би контактирале, дали би се дружеле со луѓе кои се ХИВ позитивни или имаат СИДА? Многу ме интереисраат вапите одговори, каков е вашиот став околу оваа болест?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 10:05:38   
big_mama817
мојот одговор е да бидејќи во зградата во која работев имаше лице кое беше хив позитивен и нормално се дужевме но сепак бев внимателна сепак знаеме сите како се пренесува сидата но одредени колеги бегаа што и не баш убаво но сепак сите имаме различен менталитет

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 10:10:20   
mami
Да зошто да не..убаво кажа биг мама, во денешно време, сите знаеме како се пренесува сидата, и многу ни е јасно на сите дека едноставното дружење, поздравување со човекот не значи дека ке се заразиме...не сум имала досега случај да бидам во контакт со такво лице, но мислам дека ке си изреагирам најнормално

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 10:35:34   
Еца
прашувам од проста причина што сеуште неможам да заборавам како умре целото семејтво од Прилеп кое беше заболено од сида, токму поради таа "информираност". Сепак сигурна сум во себе дека навистина работите се поместени од таа точка. Се надевам нивната судбина ги натера луѓето малку поинаку да гледаат на оваа болест, а секако и малку повеќе да се информираат.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 10:41:07   
arh_diz
Ne za dzabe nekoj rekol od toa sto se plasis toa ke ti se zalepi taka e i so sidata . Nema potreba da gi izbegnuvame lugeto koi ja imaat ovaa bolest .

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 10:41:28   
profesorica
знам како с епренесува, но сепак, незнам дали би се дружела со такво лицеuser posted image user posted image user posted image некако сум паничар и хм...

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 10:57:05   
biljana16
Jas nikogas ne bi gi odbegnuvala lugeto sto se bolni od sida. Site znaeme deka samo od druzenje ne mozes da se zarazis. Nikogas nemozes da bides siguren deka lugeto so koi se druzis ne se zarazeni od virusot hiv.  Pozdrav.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 11:13:15   
vezilka RR
јас мислам дека не треба да се одбегнуваат тие луѓе, јас тоа не го правам. Познавам луѓе ХИВ инфицирани и се дружам со нив..замислете како им е нив, ем се болни, ем не можат да си го живеат животот како треба, не можат да работат, не можат да се дружат и што им преостанува?? 

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 11:19:34   
Mila na mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

прашувам од проста причина што сеуште неможам да заборавам како умре целото семејтво од Прилеп кое беше заболено од сида, токму поради таа "информираност".

Умреа жената и двете деца, мажот е сеуште жив. Децата мислам дека најмногу се измачија.user posted image Жално. И сеуште не знам зошто толку избегнување и стигматизирање?


_____________________________

love u all

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 11:21:44   
Enika
па тие луѓе доволно страдаат носејќи се со болеста, мислам дека ако ништо друго.нормален живот колку толку ќе им помогне user posted image Сида не се пренесува со поздрав или гушкање така да нема потреба да не се дружиме со нов...јас лично незнам луге кои се ХИВ позитивни , а по природа не сум човек кој дискриминира од било која причина така да...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 11:30:00   
Еца
Еве една лична исповед која ја имам веке поставена во темата поттикнувачки приказни, но сепак заслужува да се најде и тука.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Зошто јас?
Се согласи да разговара само преку Интернет. Псевдоним - Калимеро. Триесет години. Дијагноза - ХИВ. Оваа девојка две и пол години живее со прашањето: Зошто јас? Избегнува да се ракува, да се гушка и да се бакнува, иако знае дека преку нив не може да им нанесе зло на луѓето.

Калимеро на своја кожа чувствува што е ХИВ. Таа е млада жена што турка низ животот со толку тежок товар, а сепак со голема ведрина.

Кога првпат се сретнавме на Интернет, два пати ја прашав како е. Веднаш ја препозна збунетоста кај мене, па за да се оправдам, реков:

- Првиот беше за почеток на муабет, а вториот за да дознам како си.

Се насмеа и одговори: „Не сум толку страшна и лоша".

- Кога и како дозна дека носиш вирус – прашав.

- Пред две и пол години. Јас сум тазе – се насмеа.

Но, тогаш ништо не чувствував. А и сега ништо не чувствувам. Не се забележува - одговори Калимеро.

- Се сомневаше на ХИВ и појде да направиш тест? – прашав.

- Не. Дури и се имам шегувано за тоа. Ама, гледаш... Не знаеш што ќе те снајде во животот. Решивме со еден пријател да направиме повеќе здравствени тестови. За мене првиот тест беше позитивен, па се одложија останатите - раскажува Калимеро и додава: Искрено, немав бурен сексуален живот во смисла на често менување партнери. Нормално, кога сум во врска, немам обичај или желба да менувам партнери. Сакам да сум со една личност. Внимавав на тоа да користам заштита, иако се работеше за долга врска. Но (не)нормално секогаш, ама секогаш постои девизата дека го познаваш човекот со кого си во врска и некогаш не користиш заштита.

Калимеро знае од кого го добила вирусот. Биле во подолга љубовна врска. Кога дознала дека е ХИВ-позитивна, врската била прекината. Нејзиното поранешно момче сега е починато. Никогаш не се соочила со него за вирусот. Не одговори зошто.

- Не знам дали свесно ми го пренесе вирусот и не знам што да кажам во врска со тоа. Не можам да говорам во туѓо име. Можам само да претпоставувам. Се знаевме неколку години, ама очигледно воопшто не сме се знаеле – објасни нашата соговорничка.

Најчестото прашање кои минува низ главата на Калимеро е: Зошто? Вели дека нема временски период за соочување со вистината дека си ХИВ позитивен.

- Пријателот беше првиот кој дозна за мојот ХИВ статус, бидејќи бевме заедно на тестирањето. Плачев многу. Јас и по природа сум плачка, па едно кило солзи излегоа од мене. Бев изгубена и престрашена да не сум го пренела вирусот. Не мислев толку многу на себе, колку на луѓето околу мене. Сепак, потоа, на моменти бев и доста прибрана. Сакав да го преспијам периодот, мислејќи дека додека спиеш не мислиш на статусот – ни објасни.

Глумата пред околината е првиот заштитен механизам. Но и покрај тоа, раскажува Калимеро, се однесуваш многу чудно.

- Сега животот ме тера напред. Гледам почесто да имам ангажмани, едноставно да бидам зафатена за да не мислам на вирусот. Знам дека сум свесна личност, знам дека можам и сакам уште многу работи во животот да направам.

Тука некаде заврши првиот дел од разговорот со Калимеро. По долго молчење еден од колегите кои го следеа муабетот праша:

- Што е ХИВ, лоша среќа или последица од лошо однесување. Ние секогаш го поврзуваме со промискуитетни луѓе и наркомани. Зошто Калимеро има вирус?

- Се прашав дали и кога ќе умре – изусти друг колега и набргу додаде: -Ама сите ќе умреме еден ден. Како јас ќе знам дека долго ќе живеам или дека утре нема друга лоша среќа да ме погоди. Дали должината на животот е мерило за квалитетот?

Нашата соговорничка е исклучително трпелива девојка. Со часови одговараше на прашањата кои ѝ ги поставуваме. Насмеано нè прекори за деталите за кои ја прашувавме, но сепак зборуваше за нив.

- Ништо не чувствувам за човекот кој ми го пренесе вирусот – вели Калимеро. Не чувствувам омраза, ако мислиш на тоа. Не знам, старите велат така требало да биде. Сега не можам ништо да променам. Единствено да имам убав живот – додаде.

Само мал број на луѓе од околината на Калимеро знаат дека е носител на вирусот. За нив вели:

- Знам дека им е многу тешко. Моите пријатели не можат да си ги видат гримасите кога разговараме. Читам од нив колку им е мака. Се обидуваат да ме утешат. Јас многу често се шегувам за мојата состојба. Сакам да ги развеселам. Не сакам тажни лица.

Калимеро може многу лесно да ве засрами со својата позитивност. Ве тера да размислувате на филозофски животни прашања. Ве потсетува дека сте прочитале илјадници мудри мисли на кои климате со главата за тоа како треба да размислувате или да се однесувате. Барем десет од нив можете да кажете наизуст. Но ви текнува и дека ви испаруваат од глава штом ќе ја затворите влезната врата и се нервирате поради гужвата во сообраќајот.

Ни откри дека е вљубена. Но, нема партнер.

- Во една личност сум вљубена бидејќи несебично ја дели мојата тага и радост. Вљубена сум во добрите луѓе околу мене, во сонцето бидејќи дава живот, во музиката бидејќи го раздвижува моето тело. Вљубена сум во животот што одминува, вљубена сум до уши, а и подалеку – се смее Калимеро.

-Љубов е Господ, Бог. Да сакаш, да те сакаат, да делиш тага, болка, среќа. Љубов е светлина што ми го покажува патот по кој одам, темнина во која ги гледам сите ѕвезди на небото, музиката е љубов, допирот од дожд, топлите и ладните бои... Не знам, можеби грешам, ама љубов се и пеперутките во мојот стомак и сè она што нè прави добра личност - додава со забелешка дека „забегува" со одговорите.

Вели дека не знае како би се однесувала кога ќе се отвори прашањето за можен заеднички живот со некого.

- Не можам да претпоставувам. Сакам спонтани работи. А, нормално со некоја личност што би ја делела мојата „тајна" – објаснува Калимеро.

Додека разговаравме, се обидуваше да ни каже нешто повеќе за ХИВ позитивните и болните во земјава. Вели дека познава само дел од нив, зашто повеќето ретко се согласуваат на заеднички средби.

- Имам неколку пријателчиња и речиси сите се интересни на свој начин. Има од различна националност, со различно образование и различни сфаќања. Од интелектуалци, до социјални случаи. Некои потешко комуницираат од страв да не се дознае за вирусот, други се многу позитивни личности со ведри лица. Не сме имале многу средби бидејќи се плашат – вели нашата соговорничка.

Вели и дека совршено ги разбира, зашто ги мачат истите работи.

- Ме мачат мислите дека можеби не ќе можам да работам со целата сила и енергија, не ќе можам да напредувам на работното место, да не имам лоша терапија. Страв ми е дека би ме избркале од работа доколку дознаат, дека многу брзо ќе ме снема, дека нема да имам можност уште многу работи да направам, да проживеам, да видам. Ме мачат тешките, мрачни мисли, болката, загубата од некој близок – додава.

Токму поради вирусот, Калимеро има организиран и дисциплиниран живот. Има поретки средби со пријателите отколку порано, редовни оброци, се труди да одржува физичка и ментална хигиена. Вели дека не оди на козметичар, а на гинеколог и стоматолог исклучиво со препорака од д-р Стефановиќ.

- Добар е третманот на моите лекари и сестрите. Но сè уште постојат договарања и скришни закажувања со луѓето кои се поврзани со оваа проблематика. Една докторка, откако ми препиша упат, веднаш појде да си ги измие рацете иако воопшто не се допревме. Од друга страна, пак, секогаш ми е достапна мојата докторка за сите прашања, консултации и договарања.

Колку и да е стереотипно, разговорот со Калимеро го завршивме со барање за порака, главно за младите. Се насмеа и го потврди заклучокот.

- Да, стереотипно е. Но колку пати и да го дадеме одговорот, се плашам дека нашите луѓе повторно ќе се однесуваат по правилото: „Од едно уво влегло, од друго излегло". После сами ќе сме си криви. Еве, би рекла да бидат претпазливи при изборот на партнер, секогаш да користат кондоми. Сигурна сум дека половина од нив не користат, не мислејќи на последиците. Секогаш нека мислат на тоа дека нема копче што би те вратило наназад и би ги променило работите – го заврши разговорот нашата соговорничка.




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 11:36:53   
Enika
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

леле ова малку ме плаши да ви кажам...и ја имав долга врска со човек кој студираше надвор, и плус знам дека мојот дечко имал незаштитен секс со девојки...се потресов user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 12:23:28   
Bibi_S
никогаш човек не може да биде сигурен. секогаш постои ризик. има луѓе кои се заразиле на забар или на друг доктор од недезинфицирани инструменти или невнимателност на докторот. Страшно. Кај секој човек треба да се зголеми свесноста за болеста. Многумина си викаат дека нив не може да им се случи такво нешто, ама за жал...


_____________________________

Every cloud has a silver lining

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 12:26:10   
mother 29
денес во мк има 119 заболени од сида!затоа кондомче и мирна глава..или нормално постојан партнер и моногамијаааааааа!user posted image

(Одговор на членот Bibi_S)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 12:30:57   
Enika
па и девојчево била моногамна па дечкото со кој идела неколку год ја заразил...свашта еј на никој не можеш да верувашuser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 12:33:10   
mother 29
па тој не бил хихихиuser posted image

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Светски ден на борбата против сидата
1.12.2009 12:39:51   
Палешка РР
Јас подбегнувам кога на улица ќе го сретнам човекот болен од сидаuser posted image
Тој понекогаш знае да биде безобразен со луѓето кои го исмејуваат, ги плука, се сече итн.
Сидата се пренесува преку интимен контакт па затоа девојки- кондом, а жените по дома user posted image user posted image user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 21
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?