Весна
|
Јас сум родум од Куманово, но веќе 10 години се немам приберено таму, барем не подолго од два дена. На времето Куманово беше баш супер град, и театар и кино и фестивали и разноразни журки, пробрано друштво и немаше прибирање дома пред 4 часот наутро. Арно ама сега некако ми се чини дека нема ништо од тоа, замрен ми е културно-уметничкиот живот, барем на поминување така ми изгледа, а и по кажувањата на моите блиски. Како и да е, Куманово е навистина прекрасен град, а јас секогаш ќе си бидам горда кумановка Инаку, и јас сум во Н. Лисиче цееееели шест месеци и веднаш за Јана си ја таксирав детската улица, а и новото детско игралиште со фонтаничката . Ново Лисиче ми е најубавата, најсемејната населба во Скопје. Тивка, чиста, средена и со супер соседи . Едвај чекам да си ја родам Јана и после да си играме и шетаме низ населбата, мммм мераци. П.С.: ми иде да им ги избушам гумите на невоспитанковците со моторите, агрррррррррр, ме лутат мноооогу П.П.С.: кој си нема станче, нека си купи тука!
|