Еца
|
Леле луѓе дали кај вас се појави ваква работа,Јас приметив дека кога одам до тоалет, ке станам и морам пак да седнам да се доиспразнам, бидејќи неконтролирано ми доага повторно да мокрам. Барајќи по нет дознав за што всушност се работи Па ако некој вакво искуство нека ми пише. "Уринарната стрес-инконтиненција (УСИ) е појава на неволно испуштање урина кај жената при зголемен интраабдоминален притисок, а тоа најчесто се случува за време на кашлање, кивање, смеење, потрчување, кревање тешки предмети или поради други физички активности. Оваа појава влијае врз карактерот на жената, како и врз квалитетот на животот и социјалното битисување преку изолирање, ограничени активности, депресија, намалена професионална продуктивност, зголемена лична хигиена, недоразбирање со околината. УСИ се појавува главно кај припадничките од женскиот пол, а е предизвикана со породување, оперативно вадење на плодницата, хируршки зафат на родницата, радијација поради генитален малигнитет, повреда, а може да биде нагласена поради менопауза, стареење, зголемена телесна тежина, хронични заболувања на белодробието, употреба на медикаменти, чести инфекции на долниот уринарен тракт."
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|