Julie1
|
Драга нешто што најдов на интернет (дневник) Аспиринот е најчесто користен лек против тромбоза Со сигурност денеска се смета дека зголемениот број пациенти со коронарна артериска болест и инфаркт на миокардот се последица на затнување на некоја коронарна артерија на срцето со тромб на претходно променет лумен на крвниот сад од артериосклеротични промени. Индикациите за примена на антикоагулантна терапија се широки и контроверзни. Најчесто, таа терапија се применува кај срцеви болни, за превенција на коронарна артериска болест со нестабилна ангина пекторис и срцев инфаркт, срцеви аритмии, а особено кај пациенти со треперење на преткоморите и историја на појава на тромбоемболизам, проширено срце со срцева слабост, кај болни со срцеви мани и валвуларни болести, кај оперирани пациенти со вградени вештачки валвули и бајпас-операција, како и други состојби. Многу лекари и фармаколози повеќе децении го насочија вниманието во третманот за успешно спречување на тромбозата и тромемболизамот на крвните садови со антикоагулациони и фибринолитични лекови, кои широко се применуваат во светот и кај нас. Во групата на антикоагулантни лекови што спречуваат синтеза на факторите на коагулација влегуваат многу лекови, а меѓу нив, како најчесто користен лек е аспиринот и други групи лекови - дипиридамол, сулфинпиразон, инхибитори на синтеза на тромбоксан, простациклин, хепарин, тиклопидин и фибринолитички лекови. Апсиринот во почетокот се даваше во големи дози, кои даваа несакани ефекти на гастроинтестиналниот систем. Во последната деценија е утврдено дека аспиринот има корисен ефект и во мали дози од 1-2 мг на 1 кг телесна тежина или од 100-160 мг дневно. Несакани ефекти од аспиринот се: крвавење од органите за варење, болка во стомакот, киселина, мачнина и опстипација. Денес преовладува став дека оралната антикоагулатна терапија треба да се дава истовремено со хепарин паренетерално, по поставување на дијагнозата кратко време, а потоа се продолжува со антикоагулантна терапија. Хепаринот е лек што не го раствора тромбот, туку спречува понатамошно ширење и зголемување на тромбот и појава на нови тромбози. Така хепаринот овозможува по природен пат делумно или целосно растворање на тромбот и овозможува непречен проток на крвта низ крвните садови. Пред да се почне со антикоагулантна терапија, секој пациент треба да направи лабораториски анализи, односно да се одредат вредностите на IR и протромбински тест. Со тие тестови се одредува нивото на коагулационите фактори што се неопходни во процесот на коагулацијата на крвта, при што се одредува дозата на антикоагулантните лекови. Резултатот од тестот се мери во IR-единици и проценти на протромбинското време. Во почетокот на терапијата протромбинското време се проверува почесто, а кога ќе се постигне соодветна доза се прави поретко, во временски интервали. Времетраењето на антикоагулантната терапија е различно и зависи од болеста. Нема консензус колку време ќе трае. Прекумерното дозирање со антикоагулантни лекови може да доведе до крвавење, при што треба да се реагира веднаш - да се консултира лекар. Дозирањето на лекот не треба да биде во зависност од тоа како се чувствува пациентот или од типот на исхраната. Ако се заборави да се земе лекот, се консултира лекар. Ако истовремено пациентот пие други лекови, како што се аспирин, лекови за спиење, за кашлица, за главоболка, за алергија, лаксативи, мултивитамини со витамин К и други, тие може да влијаат на ефектот на антикоагулантната терапија. Пациенти што треба да изведат стоматолошки и други оперативни интервенции треба да се консултираат со лекар и да посочат дека земаат антикоагулантна терапија. При оваа терапија треба да се јаде соодветна исхрана, да се избегнува храна богата со витамин К, одреден зеленчук, риби, маслиново масло, храна богата со маснотии, нагли диети и какви било други промени во исхраната што може да влијаат врз антикоагулантната терапија. Треба да се избегнува алкохол.
_____________________________
And this is my beautiful life ...
|