|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ендометриоза и начини на лекување
3.7.2009 10:16:29   
Палешка РР
За прв пат ендометриозата е опишана во 1870 година од страна на Рокитански. Но до ден денес ендометриозата остана  предизвик во современата медицина. Ендометриозата се дефинира како ектопичен ендометриум или постоење на ендометиотична слузница на место на кои нормално ја нема. Ендометриум е слузница која го обложува  кавумот на матката и  е под циклични хормонски влијанија што доведува до менструални крваења. Ендометриозата во однос на етиологијата е се уште неразјаснета. Денес постојат нови  теории за начинот на настанување на ендометриозата од кои спрема  една ендометриозата е автоимуно заболување, а спрема друга теорија се работи за мултигенетско мултифакторијелно заболување поради појавување на болеста меѓу крвни сродници.   Ендометриозата се јавува во општата женска популација околу 5 %. Во однос на симптоматологијата ендометиозата најчесто е главна причина за појава на хронична пелвична болка (дури во 50 % од пациентките кои имаат симптом на   хронична пелвична болка), како и за појава на инфертилитет, неплодност кај жените дури до 35 %.Во однос на инфертилитетот или болест која доведува до неплодност се смета дека ендометриозата доветва до нарушување на тубооваријалниот комплекс (анатомијата) поради настанување на атхезии, и поради хормонски и ендокрини нарушувања доведува до нарушување на транспортот на јајната клетка, сперматозоидите, намалување на рецептивноста на ендометриум, како и зголемување на процентот на спонтани абортуси.   Спрема Америчкото здружение за репродуктивност ендометриозата е класификацирана во четири степени. Дијагнозата се поставува во најголем број на случаи  лапароскопски. Во 1990 година лапароскопски се дефинирани три ентитети, ендометриоза на перитонеум, ендометриоза на овариуми и ретроперитонеална ендометриоза или аденомиоза. Перитонеална ендометриоза се дефинира преку постоење на ендометриотични жаришта кои можат да бидат модро сиви, темно кафеави, светло жолто, непигментирани, во облик на папули, везикули, петехии, во облик на пеитонеални дефекти и сл. Ендометриозата на овариуми може да биде суперфицијална (површинска) или во облик на ендометриотични цисти така наречени чоколадни цисти.   Третманот може да биде медикаментозен, конзервативен и оперативен:   · Медикаментозен третман со користење на орална контрацепција, гестагенска терапија или аналози на гонадорелин ослободувачки хормон (ГнРХ) · Оперативен третман во кој предност се остава на лапароскопските операции. Лапароскопски третирање на перитонеалната ендометиоза подразбира ласер вапоризација, ексцизија на енометриотичните жаришта или  ендокоагулација  на жариштата.   Кога се работи за оваријална ендометриоза доколку е површинска се прави ендокоагулација, а доколку се работи за ендометриотични цисти се прави аспирација на содржината по што следи екстирпација на псеудокапсулата. Третманот пред се зависи од големината на цистата. Лапароскопскиот третман е метод на избор кај ендометриоза од прв и втор степен.

Д-р Стојковска Снежана Спец.по гинекологија и акушерство

< Поракaта ја уредил Палешка -- 3.7.2009 10:20:23 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ендометриоза
3.7.2009 10:18:09   
Палешка РР
Вегетаријанска исхрана при ендометриоза

Ендометриоза е состојба при која клетките на внатрешниот ѕид на матката се одвојуваат од неа и растат вон матката. Кога тие клетки се во нормална состојба растат во матката во моментот кога нивото на естрогените (женски полови хормони) е високо. На тој начин овие клетки помагаат обвивката на матката да се подготви за бременост бидејќи тие служат како гнездо во кое ќе се смести оплоденото јајце. Ако не дојде до бременост, обвивката се кине во моментот кога нивото на естрогените е намалено и доаѓа до крвавење - менструација.

Во случај на ендометриоза овие клетки може да се закачат на разни места во телото. На пример, во јајниците, мочниот меур, цревата, лигаментите, слепото црево и др. И клетките што растат вон матката раснат кога нивото на естрогените е високо, а крварат кога нивото на естрогените е ниско. Кога ендометриското ткиво расте вон матката, во моментот на крварењето, крвта не истекува надвор, туку останува внатре и создава цистични формации, лузни и други оштетувања на органите каде што се закачиле клетките.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ендометриоза
3.7.2009 10:18:54   
Палешка РР
Препознајте ги симптомите

За причините за настанување на ендометриозата постојат повеќе теории. Според некои научници, до неа доаѓа кога крвта од менструацијата тече во спротивна насока наместо надвор. Според други, клетките од обвивката на матката мигрираат низ лимфните канали и се имплантираат вон матката. Присутна е и генетска предиспозиција за неа, а како причина се наведува и слабиот имунолошки систем кај некои жени. Постојат студии што докажуваат дека до ендометриоза доаѓа поради изложеноста на организмот на жената на хемиската супстанција диоксин, која се наоѓа во пестицидите и од други причини. Главните симптоми на ендометриозата се слаби или силни болки и крвавења. Болките се јавуваат како резултат на воспалителните процеси и при создавањето лузни на местото каде се појавила ендометриозата. Болките можат да се јават и пред менструацијата, за време на сексуалниот однос или во било кое време во текот на месецот. Други симптоми може да бидат: инфекции на мочниот меур или хроничен умор. Дијагнозата ја даваат исклучиво специјалистите - гинеколози на редовните гинеколошки прегледи.

Иако лекарите при дијагностицирање ендометриозата препорачуваат медикаментозна или друг вид терапија, корисно е да се побараат и разни природни решенија, вклучувајќи го и променетиот режим на исхрана за да се ублажат симптомите, тегобите, па дури и да се дејствува превентивно за да не дојде до неа.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ендометриоза
3.7.2009 10:19:22   
Палешка РР
Како да се намали вишокот естрогени?

Постојат прехранбени производи што можат да го намалат вишокот на естрогените во организмот и на тој начин да го забават процесот на ендометриозата. Ако веќе се појавила ендометриозата се препорачува главно вегетаријанска исхрана, во која меѓу другото ќе бидат застапени сојата и соините производи, мешункасти растенија, растенија богати со каротиноиди (моркови, тиква, домати, спанаќ и др.), проортени мешункасти растенија и лененото семе. Со помош на исхраната може да се постигне вишокот на естрогените да се исфрли од телото и тоа со растителни влакна што се наоѓаат во интегралните жита, свежиот зеленчук и свежото овошје. Од исхраната треба да се отстранат заситените масти, кои се наоѓаат во месото и млечните производи. Треба редовно да се консумираат производи богати со витамините од Б-групата (интегрални жита, квасецот и мешункастиот зеленчук). Треба да се избегнува консумирање алкохол, многу масти и шеќери.

Некои од природните бои во зеленчуците ги викаме каротиноиди, кои во доматите се со црвена боја, во тиквата со жолта боја, во морковот со портокалова. Нив ги има и во зелениот зеленчук, на пример, во спанаќот и др., но таму се маскирани со хлорофилот, кој има зелена боја. Сите овие каротиноиди вклучувајќи го и бета-каротинот треба редовно да бидат присутни во исхраната преку споменатите зеленчуци дури и дополнително да се земаат капсули со бета-каротин. Лекарите треба да ги дозираат капсулите и да го следат нивното дејство од на. Ликопинот е пигмент со црвена боја во доматите и е многу ефикасен во борба со заболувањата зависни од хормони. Ликопинот го има и во лубеницата и во кајсиите. Грејпфрутот со состојката глутатион е исто така ефикасно средство против тие заболувања. Зеленчукот треба да се внесува во организмот во свежа и во термички обработена состојба. Во свежа состојба во вид на салати или како сок од свежо исцеден зеленчук. На зеленчуците богати со бета-каротин (моркови, тиква и др.), со ликопин (доматите) и со лутеин (зелениот лист на зеленчук), кога термички се обработуваат на пареа, не им се уништуваат состојките, туку им се олеснува апсорпцијата во организмот. На таков начин термички обработениот зеленчук со своите состојки е поефикасен отколку во свежа состојба. Бидејќи индолите и витаминот Ц се оштетуваат при термичката обработка, треба да внимаваме неопходната термичка обработка да биде што е можно покуса и по можност на пониска температура. Напоменувам дека температурата за време на варењето е 100 Целзиусови степени, а при варење на пареа е околу 80 степени.

Витаминот Ц треба да се зема и како додаток во вид на таблети. Дозата на витаминот Ц треба да одговара на толеранцијата на цревата. Таа треба да се намали при дијареа. Од антиоксидансите треба да биде присутен селенот во комбинација со витаминот Е во дози според лекарска препорака и контрола за да се спречи евентуалното предозирање.

Во билните аптеки има миксеви од лековити билки, кои консумирани во како чаеви или екстракти за оваа намена имаат задача да ги намалат и ублажат воспалителните процеси.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Ендометриоза
3.7.2009 10:19:55   
Палешка РР
Морска риба и соини протеини

Наместо месото од топлокрвните животни, како извор на белковини треба да се консумира морска риба богата со масни киселини омега 3 и соините протеини (шницли, парченца, трошки, соино сирење, соино млеко и др.) и тврдо варени јајца (не повеќе од едно дневно). Наместо сончогледовото, треба да биде застапено ладно цедено маслиново масло.

Храната треба темелно да се џвака и да се консумира пет пати дневно секогаш во комбинација термички обработена и свежа, а овошјето секогаш да се консумира пред јадења исто како и свежоисцедените сокови од свеж зеленчук.

Источната медицина препорачува да се применува акупунктура за да се намалат опструкциите на органите во организмот. Акупунктурата изведена на стручен начин овозможува непречено движење на енергијата низ организмот, а со тоа и оптимална размена на материите (метаболизмот).

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Ендометриоза
19.7.2009 14:16:32   
stefi
Pred nekoj den slucajno prelistuvajki gi otpusnite listi od bolnica od lani procitav vo izvestajot deka e najdeno kaj mene Endometrium 2sm visoko izgraden.E sega mene me interesira dali nekoj znae dali toa znaci endometrioza ili sosema nesto drugo?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Ендометриоза
23.7.2009 15:23:48   
mer4e
zdr na site odam vo klinikata Sisitina kaj dr Adamoska i deneska so konsultacija na dr Lazaroski mi dijagnoziraja Endometriosis ovariorum AVFL endrometrium vo kasna prolifracija a kako tretman ampuli Zoladex me intresira dali ke imaat nekakov efekt za ponatamosno uspesno IVF zatoa sto se mnogu skapi edna 300 evra i dali ima caevi sto gi namaluvaat cistite..ili nekakov priroden tretman  odnapred vo blagodaram.user posted image

(Одговор на членот stefi)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Ендометриоза
9.11.2009 18:00:26   
Палешка РР
Ендометриозата е воспаление на матката што се јавува кај 10% од  жените. Ризикот за болеста е најголем во репродуктивните години, но може да се случи и по менопаузата.
Ендометриозата е болест при која внатрешниот слој на матката или познат како ендометриум почнува да се шири надвор. Тој е во состојба да ги зафати следните органи: јајчниците и просторот околу нив, јајцеводите, матката, цревата, па сé до белите дробови.
Ендометриумот, кој нормално е присутен во матката, доколку не настане бременост, се лупи и истекува заедно со менструалната крв. Но, кај ендометриозата тој се шири, се задебелува, крвави, но не може да истече надвор.
Последици од болеста...
Силни и неподносливи болки во текот на менструацијата, обилна менструација, крвавење меѓу две менструации, болно мокрење за време на менструацијата.
Хронична болка во малата карлица и долниот дел на 'рбетот.
Болка за време на сексуалните односи.
Болки во цревата.
Неплодност.
Лекување...
Лекувањето на ендометриозата зависи од возраста на пациентката, напредокот на болеста, а најмногу од тоа дали жената има план да забремени бидејќи лековите дејствуваат на плодноста.
За жал, не постои операциски зафат со кој трајно ќе се реши проблемот со воспалената матка. Лапароскопската операција е начин за отстранување на потеченото ткиво, но тоа може да се повтори во секое време. Ваквиот зафат ја зголемува плодноста и до 9 месеци, затоа се применува кај жените што претендираат да забременат.
Доколку жената не се обидува да забремени, се препорачува хормонална терапија. Со помош на хормоните се спречува овулацијата или менструалното крвавење. Секое прекинување на терапијата значи враќање на плодноста заедно со ендометриозата и нејзините симптоми.
Во случаи на тешка ендометриоза, како краен избор, се врши и отстранување на матката. Доколку е проширена и на околните ткива, се отстрануваат и јајчниците и јајцеводите.

< Поракaта ја уредил Еца -- 2.2.2010 18:03:32 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mer4e)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Ендометриоза
19.11.2009 14:17:56   
big_mama817
ШТО Е ЕНДОМЕТРИОЗА
Ендометриозата е болест, при која се случува ендометриумот (внатрешниот слој на матката) да почне да се шири и надвор од неа. Ендометриозата се приширува на површината на органите во малата карлица и стомакот. Најчесто ендометриозата ги зафаќа:
  • Јајниците или просторот околу нив
  • Јајцеводите
  • Зад матката
  • На лигаментите кои ја држат матката
  • На цревата
  • Многу ретко може да се рашири на белите дробови или другите органи.

Ендометриумот за кој е нормално да се наоѓа во матката, под дејство на хормоните се задебелува за да може да го прифати ембрионот. Доколку не дојде до бременост се лупи и истекува надвор заедно со менструалната крв.
Кај ендометриозата, ендометриумот се проширува надвор од матката и исто така реагира на хормоните, се задебелува и крвари, со таа разлика што не може да истече надвор. Заради тоа со текот на времето се наталожува и може да се формираат лузни, прираслици или цисти.
СИМПТОМИ НА ЕНДОМЕТРИОЗАЕден од главните симптоми е болка во долниот дел од стомакот, малата карлица или во долниот дел од 'рбетот. Јачината на болката која ја чувствува жената не е поврзана со степенот на раширеност на еднометриозата. Некои жени чувствуваат силна болка, иако ендометриозата е малку застапена, некои пак не чувствуваат болка, а може да имаат зафатено многу поголема површина.
Воглавно може да се јават следните симптоми:
  • Екстремно болна менструација, при што болката со текот на времето може да станува се посилна.
  • Хронична болка во малата карлица или долниот дел на 'рбетот.
  • Болка за време на сексуални односи.
  • Болка во цревата.
  • Болно мокрење на време на менструацијата.
  • Обилна менструација.
  • Крварење помеѓу две менструции или спотинг (благо точкасто крварење) пред добивање на менструација.
  • Неплодност.

РИЗИЧНИ ГРУПИЕндометриозата може да се појави кај било која жена од периодот на добивањето на првата менструација, па се до менопаузата. Понекогаш може да се случи да продолжи и после менопаузата.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗА За да се посомнева во оваква дијагноза може да помогне симптоматологијата и ултразвучното испитување или снимање со магнетна резонанца.
Сепак единствен начин да се дијагностицира ендометриозата со 100% сигурност е дијагностичка лапароскопска операција.
При оваа операција се прави мал рез на стомакот, преку кој се внесува црево со многу мала камера. На овој начин хирургот визуелно може да го види евентуалното присуство на ендометриоза и да се земе примерок од ткивото кој ќе се даде на испитување. Ако се работи за случај на блага или умерена ендометриоза, лекарот при истата операција може да изврши и нејзино отстранување.
ВЛИЈАНИЕТО НА ЕНДОМЕТРИОЗАТА ВРЗ ПЛОДНОСТАОколу 30-40% од жените со ендометриоза се соочуваат со неплодност. Сепак некои жени и покрај ендометриозата зачнуваат без проблем. Доколку жената која боледува од ендометриоза забремени, најчесто симптомите и болеста се повлекуваат.
Ендометриозата може да предизвика неплодност на повеќе начини:
  • Ендометријалните израстоци, лузни или цисти околу јајниците може да ја оневозможат јајце клетката да влезе во јајцеводите.
  • Ендометријалното ткиво во јајниците може да ја оневозможи овулацијата.
  • Ако ендометријалното ткиво се формира во јајцеводите, може да ги направи непроодни.
  • Матката може да не биде во состојба да го прифати ембрионот.
Според некои истражувања ендометриозата укажува и на проблеми со имунитетот.
ТРЕТИРАЊЕ НА ЕНДОМЕТРИОЗАТАТретманот на оваа болест ќе зависи од повеќе фактори: напредокот на болеста, возраста на пациентката, присуството на болка, дали пациентката се обидува да забремени ит.н. Некои третмани кои може да помогнат во борбата со оваа болест ја намалуваат плодноста на жената, така да треба да се земат впредвид сите фактори. Најчесто во третирање на ендометриозата се користат:
Лапароскопска операција за да се одстрани ендометријалното ткиво, прираслици, цисти, лузни ит.н. Најчесто ова не е траен лек, затоа што болеста може повторно да се врати. Кај некои жени зголемената плодност после оваа операција трае до 9 месеци.
ИВФ третман. Најчесто се користи после лапароскопската операција, но понекогаш и без операција. Се состои во тоа што со хормонска терапија се предизвикува контролирана хиперстимулација на јајниците и создавање на повеќе јајце клетки. Кога ќе созреат јајце клетките се вадат со посебна игла (следено на ултразвук) и во сад се мешаат заедно со сперматозоидите на мажот. После неколку дена, една или повеќе оплодени јајце клетки се враќаат во матката. Ин витро методата е доста успешна во случај на ендометриоза.
Против болка се користат разни медикаменти или промена на начинот на исхрана и воведување на дополнителна физичка активност.
Доколку жената не се обидува да остане бремена може да се користи хормонална терапија, за спречување на овулцијата или менструалното крварење. Најчесто по престанокот на земањето на терапијата се враќа плодноста, но и ендометриозата заедно со сите нејзини симптоми.
Понекогаш во случаи на тешка ендометриоза, како последен избор, но само доколку жената нема намера повеќе да раѓа, може да се изврши и хистероктомија – односно отстранување на матката. Во зависност од зафатеноста на оклоните ткива, заедно се матката може да се изврши и отстранување на јајниците и јајцеводите. Сепак дури и овакви драстични зафати не се гаранција дека болеста нема да се врати.
Со започнување на менопаузата кај повеќето жени болеста се повлекува.


извор:твое бебе

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Ендометриоза
28.11.2009 9:33:46   
Палешка РР
ЕНДОМЕТРИОЗА

За прв пат ендометриозата е опишана во 1870 година од страна на Рокитански. Но до ден денес ендометриозата остана  предизвик во современата медицина. Ендометриозата се дефинира како ектопичен ендометриум или постоење на ендометиотична слузница на место на кои нормално ја нема. Ендометриум е слузница која го обложува  кавумот на матката и  е под циклични хормонски влијанија што доведува до менструални крваења. Ендометриозата во однос на етиологијата е се уште неразјаснета. Денес постојат нови  теории за начинот на настанување на ендометриозата од кои спрема  една ендометриозата е автоимуно заболување, а спрема друга теорија се работи за мултигенетско мултифакторијелно заболување поради појавување на болеста меѓу крвни сродници.

Ендометриозата се јавува во општата женска популација околу 5 %. Во однос на симптоматологијата ендометиозата најчесто е главна причина за појава на хронична пелвична болка (дури во 50 % од пациентките кои имаат симптом на   хронична пелвична болка), како и за појава на инфертилитет, неплодност кај жените дури до 35 %.Во однос на инфертилитетот или болест која доведува до неплодност се смета дека ендометриозата доветва до нарушување на тубооваријалниот комплекс (анатомијата) поради настанување на атхезии, и поради хормонски и ендокрини нарушувања доведува до нарушување на транспортот на јајната клетка, сперматозоидите, намалување на рецептивноста на ендометриум, како и зголемување на процентот на спонтани абортуси.

Спрема Америчкото здружение за репродуктивност ендометриозата е класификацирана во четири степени.
Дијагнозата се поставува во најголем број на случаи  лапароскопски. Во 1990 година лапароскопски се дефинирани три ентитети, ендометриоза на перитонеум, ендометриоза на овариуми и ретроперитонеална ендометриоза или аденомиоза. Перитонеална ендометриоза се дефинира преку постоење на ендометриотични жаришта кои можат да бидат модро сиви, темно кафеави, светло жолто, непигментирани, во облик на папули, везикули, петехии, во облик на пеитонеални дефекти и сл. Ендометриозата на овариуми може да биде суперфицијална (површинска) или во облик на ендометриотични цисти така наречени чоколадни цисти.

Третманот може да биде медикаментозен, конзервативен и оперативен:

· Медикаментозен третман со користење на орална контрацепција, гестагенска терапија или аналози на гонадорелин ослободувачки хормон (ГнРХ)
· Оперативен третман во кој предност се остава на лапароскопските операции. Лапароскопски третирање на перитонеалната ендометиоза подразбира ласер вапоризација, ексцизија на енометриотичните жаришта или  ендокоагулација  на жариштата.

Кога се работи за оваријална ендометриоза доколку е површинска се прави ендокоагулација, а доколку се работи за ендометриотични цисти се прави аспирација на содржината по што следи екстирпација на псеудокапсулата. Третманот пред се зависи од големината на цистата. Лапароскопскиот третман е метод на избор кај ендометриоза од прв и втор степен.

Д-р Стојковска Снежана
Спец.по гинекологија и акушерство

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Ендометриоза
2.2.2010 17:42:38   
suzeto
zdravo na site...........jas sum nov clen..imam endometrioza se operirav pred 6 god laparaskopija i se povtori po nekolku meseci,sega treba povtorno so otvorena operacija, imam na jajnici na stomak i na creva,bev kaj tase vo bitola toj me operira prviot pat .i ne znam sto da pravam citam po forumi po ftor pat ne se preporacuva

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Ендометриоза
3.2.2010 13:56:26   
arh_diz
Suzeto jas kako sto citav za Tase od Bitola vazi za eden od najdobrite specijalisti od Makedonija . No mozes da si pomaras i vtoro mislenje od drug ginekolog. I togas odluci sto ponataka

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Ендометриоза
6.2.2010 21:33:06   
suzeto
fala ce odam do skopje samo neznam tocno koga

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Ендометриоза
17.4.2010 23:35:05   
suzeto
odam sistina na 29 april,da vidime sto ce mi recatuser posted image

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Ендометриоза
30.4.2010 17:01:51   
suzeto
ИЗВОРНА ПОРАКА: mer4e

zdr na site odam vo klinikata Sisitina kaj dr Adamoska i deneska so konsultacija na dr Lazaroski mi dijagnoziraja Endometriosis ovariorum AVFL endrometrium vo kasna prolifracija a kako tretman ampuli Zoladex me intresira dali ke imaat nekakov efekt za ponatamosno uspesno IVF zatoa sto se mnogu skapi edna 300 evra i dali ima caevi sto gi namaluvaat cistite..ili nekakov priroden tretman  odnapred vo blagodaram.user posted image

mer4e
zoladex e na pozitivna lista, fondot ce ti gi vrati parite,dostavisi dokumenti

< Поракaта ја уредил suzeto -- 30.4.2010 17:03:57 >

(Одговор на членот mer4e)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Ендометриоза
4.5.2010 22:09:27   
suzeto
merce
za caevi jas piev ajducka treva kopriva i neven tri pati na den,cistite se tuka ama mi se namali vrednosta na tumur markerite

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Ендометриоза
21.1.2011 14:52:30   
Mijana
POMOS...od strumica sum, imam rodeno edno dete, mi otkrija endometrioza vo Sistina..Primam ZOLADEX, poslednata veke  ja staviv, ama sega od inekciite mi se pojavija cisti ednata okolu 48mm, a drugite 3 pomali..Neznam sto da pravam, edno lekuvam drugo mi se pojavuva..imav sponatn pred edna godina zatoa i otidov vo sistina za da  se ispitam celata..odam kaj dr.Badzakov..dali znae nekoj vakov slucaj neka mi pise, ili neka mi kaze nekoj lek..Za operacija nesakam da slusnam po prioda sum mnogu plaslivka, a maticnata doktorka mi rece deka sum tempirana bomba, oti od inekciite mi se pojavija cistite..pozz..pomooossss....

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Ендометриоза
21.1.2011 21:51:49   
suzeto
kakvi cisti ti se pojavija............user posted image neli se lekuvas od cisti primas zoladex.............se pojavija plus i drugiuser posted image

(Одговор на членот Mijana)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Ендометриоза
28.1.2011 0:04:09   
Mijana
se lekuvam od endometrioza, a od inekciite mi se pojavija cisti..gi primiv 3 inekcii koi se stavaat na 28 den..sega treba da odam na pregled pa ke vidime sto se slucilo..veke nisto ne mi e jasno sto lekuvam a sto ne..pozz..

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Ендометриоза
28.1.2011 0:05:28   
Mijana
inaku zaboraviv da kazam deka primav zoladex..

(Одговор на членот Mijana)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Ендометриоза
28.1.2011 0:20:16   
suzeto
Mijana...pisi kakvi se rezultatite

(Одговор на членот Mijana)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Ендометриоза
8.2.2011 22:05:41   
Mijana
ke  ti kazam..koga ke otidam na kontrola..drzi mi sreka..

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Ендометриоза
10.3.2011 9:15:23   
linak
Мене при гинеколошкиот преглед докторот ми кажа дека имам задебелување на ендометриумот,ми препиша Примолут Нор,два пати дневно во период од 10 дена па потоа повторно контрола.После терапијата требало да се добие пообилно крварење за да се исчисти тој задебелен слој на ендометриумот.
Дали некој има искуство со земање на ваков лек при оваа состојба како мојата. Ги прочитав постовите на Палешка,навистина корисни информации има,можеби треба да обрнам поголемо внимание на исхраната како што пишува.  

(Одговор на членот Mijana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Ендометриоза
5.11.2011 22:48:53   
suzeto
jas pak na ovaa tema dolgo nikoj ne pisal.....kolku sto se secavam site sto se operirale od endometrioza ne im se povtorila no kaj mene se povtori odma ako gresam ispraveteme...dva dena imav bolki od desna strana i otidov na ginekolog i mi vika desno nemas nisto no od levata strana ne e dobro na cistite ima kako izrastoci nesto ...a imav i na desna strana cisti ako veke ne gledaat ubavo doktorite....i mi vika za operacija da odam ili skopje ili kaj tase ...koj dr.se ostanati na drzavna ako nekoj znae da mi pomogne ve molam ,,,ako ne se operiram mi rece deka tie izrastoci moze da stanat maligni ....

(Одговор на членот linak)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Ендометриоза
6.11.2011 15:58:38   
bella80

ИЗВОРНА ПОРАКА: linak

Мене при гинеколошкиот преглед докторот ми кажа дека имам задебелување на ендометриумот,ми препиша Примолут Нор,два пати дневно во период од 10 дена па потоа повторно контрола.После терапијата требало да се добие пообилно крварење за да се исчисти тој задебелен слој на ендометриумот.
Дали некој има искуство со земање на ваков лек при оваа состојба како мојата. Ги прочитав постовите на Палешка,навистина корисни информации има,можеби треба да обрнам поголемо внимание на исхраната како што пишува.  

I mene genikologot vcera mi go kaza istoto i mi ja da de istata terapija samo jas treba da pijam 5 dena po 2 apcinja.Mojot endometrium e 18.5mm 21 den.Kolku bese tvojot?Kako ti deluvase lekot i dali imase efekt?Posle kolku dena od prestanuvanjeto imase krvarenje?Denes pocnav da go pijam i mnogu me interesira zatoa sto mnogu sto go piele imale macnini,glavobolki ,gusenje...pa se isplasiv....Izvini za mnogute prasanja....i fala odnapred...

(Одговор на членот linak)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Ljubomora
miana

Dali ste ljubomorni po priroda?

Da,mnogu (89%)

Premnogu (11%)


Број на сите гласови: 27

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!