|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто јапонките не стареат и не се дебелеат?

Редакција Рингераја, 30.1.2018
Јапонците имаат најдолг животен век – 82,5 години и се народ со најмногу стогодишници на светот. Овие податоци го привлекле вниманието на стручњаците кои се обидувале да откријат во што е тајната на нивната долговечност
Клучни зборови:

image
/11



Чекор понатаму направила Наоми Мориу, авторка на книгата „Јапонките не стареат и не се дебелеат: Тајните од токиската кујна на мајка ми“(Japanese Women Don’t Get Old or Fat: Secrets of My Mother’s Tokyo Kitchen).

Традиционалната јапонска исхрана вклучува ниско-калорични намирници сервирани во мали порции. Според авторката на книгата, една просечна Јапонка во просек внесува 25% помалку калории од една просечна жена од западот.

Стапката на луѓе со прекумерна тежина во Јапонија е 3,5%, во споредба со Британците каде дебели се ¼ од жителите. Во оваа азиска земја заболените од рак на дојката, простатата или оние со срцеви болести се поретки одошто во останатите делови од светот. Јапонците објаснуваат дека здравите навики се клучна работа доколку сакате да ја доживеете стотата година од животот.

Заборавете на десертот

 „Јапонците оброкот го завршуваат со шолја зелен чај, додека жителите на многу земји посегнуваат по пудинг или некое друго благо“, вели д-р Крег Вилкокс. „Ако не можете во целост да се одречете од десертите, тогаш подобро е да го конзумирате претпладне, со кафе, и секако, во мали количини.“

Во секој случај, би требало да јадете што помалку слатки. Шеќерот се поврзува со дебелината, дијабетесот, срцевите заболувања и зголемениот крвен притисок. Јапонците во просек внесуваат 48,8 грама шеќер дневно, во споредба со Британците кои внесуваат околу 100 грама на ден.

Не треба да сте сосема сити

На јапонскиот остров Окинава живеат најмногу стогодишници кои тврдат дека тајната на долговечноста е во тоа да не се најaдете, туку вашиот стомак да го наполните до 80%. Престанете да јадете пред да се најадете и после неколку минути ќе сфатите дека тие последни залчиња воопшто не ви ни биле потребни. Така ќе јадете помалку, ќе ја одржувате линијата и ќе бидете здрави – тврдат стогодишниците.

Многу експерти се согласни со оваа теорија и тврдат дека дури 20 минути откако ќе завршиме со оброкот, мозокот добива сигнал дека стомакот е полн. Тоа значи дека многу луѓе јадејќи брзо јадат повеќе одошто им е потребно.

Во чинијата ставајте помали порции храна бидејќи на тој начин помали се шансите да се прејадете – тврди Наоми Морија.

Пешачете

 „Една од тајните на долговечноста на Јапонците е и нивниот животен стил кој подразбира што повеќе одење“, вели Наоми.

Пешачете помеѓу 2 и 5 пати на ден и поминувајте помалку време седејќи. Експертите додаваат дека пешачењето во времетраење од два и пол часа во текот на една недела, може да ви го продолжи животот за 7 години.


Избалансирајте го животот

Кај нас одењето на јога и тренирањето таи-чи не е вообичаено, но Јапонците тврдат дека тоа е идеален начин да ги вежбате телото и духот, да го намалите стресот, што и тоа како е важно за здравјето на целиот организам.


Не бегајте од добрите бактерии

Векови наназад, припадниците на овој азиски народ јадат ферментирано овошје кое стимулира раст на добри бактерии во цревата. Разни студии имаат покажано дека добрите бактерии го јакнат имунолошкиот систем за дури 80%.


Не заборавајте и да внесувате доволно омега-3 масни киселини (одличен вегетаријански извор е лененото семе) и на паметно изложување на сонце.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Mastering the Art of Healing and Poetry
Aleksandar Sasa Trajkovski, a Macedonian poet and translator, has linked tradition and innovation to his fictitious work...
10
Релаксирана бременост
Бременоста во животот на една жена е исклучителен период и зависно од чувствителноста и нејзиниот карактер може да ја до...
3
Кастинг за водител/ка на ТВ емисија!!!
Продукција Фајнал Фикшн е во потрага по водител/ка - ново лице на кулинарско ТВ шоу.
3
Флертуваш со мене?
Во играта на флерт пристапот на мажите и жените е различен. И не се лажете, дамите први започнуваат со играта...
3




Анкета

seks
zagrizenaa

dali pomisluvate nekogas samite na seks bez da ve prinudi mazot?

ponekogas (61%)

skoro sekogas (34%)

nikogas (6%)


Број на сите гласови: 107

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!