Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Честитаме, дојдовте до последниот месец. Уште трчање до целта и крај. Бебето ќе дојде на свет.
Сега гинекологот ќе ве советува да доаѓате на преглед еднаш неделно се до породувањето.
Ако одите на работа, оваа недела конечно ќе го напуштите работното место. Ако го искористите целото породилно отсуство и отсуството за нега на детето, на работните обврски ќе им се вратите по една година. Иако едвај чекавте да останете дома, одделувањето од работата може да биде многу емотивно. Многу идни мајки се среќни што ќе останат дома, но од друга страна се плашат дека за таа година може да бидат заборавени. Тоа е сосема нормално и тој страв ќе престане веднаш штом дојде новороденчето. Во првите недели нема да имате време за размислување за ништо друго, освен за бебето.
До оваа недела повеќето плодови се во првата положба т.е. со главичката свртени надолу. Ако вашето бебе сеуште не е свртено, тоа да не ве загружува. Приближно 4 % од фетусите не се свртени. Можеби докторите ќе се обидат да го свртат фетусот, а можеби ќе се обидете да родите и ако газето излезе прво. Повеќето новороденчиња во таа положба се раѓаат со царски рез. Тие одлуки оставете ги на стручните лица, но не плашете се да ги прашате се што ве интересира и загрижува.
А овде уште еднаш ќе ја споменеме исхраната. Се надеваме дека и понатаму ќе ги задржите здравите навики. На вашето тело сега му трбаат 2400 калории дневно. Обезбедете му ги, бидејќи сега напорно работи. Да кажеме и тоа дека просечна трудница досега има добиено од 11 до 13 килограми. При тоа, пак да нагласиме, зборуваме за просечна трудница.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Постапката на свртување на фетусот успева кај приближно 60 % случаи. Идната мајка оди на еден ден во болница и во породилна сала по стручните подготовки докторите се обидуваа да го свртат плодот. Во секој случај, вреди да се обидете, бидејќи мајката по породувањето многу побрзо се опоравува од мајката која родила со царски рез. Голем број на луге мислат дека породувањето е она најлошото и дека царскиот рез е олеснување без болки. Секогаш треба да бидете свесни дека царскиот е операција кај која може да дојде до компликации и кај мајката и кај новороденчето, но и опоравувањето е многу побавно. За сечењето на стомакот подобро и да не зборуваме.
Плод во 36. недела
Тато во 36. недела
Слични артикли:
Велигден – најубавиот христијански празник
Претходна недела: 35. недела
Следна недела: 37. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се облекувате удобно, а сепак стилски?
Удобноста и стилот не мора да бидат спротивставени поими....
Благи грчеви за време на бременоста
Благите грчеви се честа појава во текот на бременоста и најчесто се по...
Ормарче за пресоблекување/превивање не бебето
Ормарчето за пресоблекување и превивање не е само парче мебел, туку фу...
Првите чекори на вашето бебе и безбедноста дома
Првите чекори на бебето се магичен момент, но и почеток на нова фаза п...
Подгответе се за вистински мал брбливец
Од првото гугање до бескрајните прашања „зошто?“. Некои деца покажуваа...