Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Стомачето и понатаму расте и сега можеме слободно да го наречеме стомак. Но, засега сеуште не е толку голем за да ви смета и да се чувствувате непријатно. Сега сте во период кога е убаво да ги прошетате продавниците за детска опрема и гардероба. Веројатно се чувствувате по малку изгубено, бидејќи не знаете што ќе ви треба, кој број облека за новороденчето, колку и какви пелени ви требаат. Основната одлука која треба да ја донесете е дали ќе користите пелени за еднократна употреба или за малото газе ќе употребувате памучни пелени. И двата вида имаат свои предности и мани, а одлуката е само ваша. Ве советуваме да почекате со купување додека не тргнете во школа за идни родители. Таму ќе ве посоветуваат што и како да купувате. Во повеќето такви школи имаат подготвен список за сите потребни работи за новороденчето. Ако се ориентирате според него нема да погрешите. Во спротивно може да се случи да купите многу работи кои нема ниту еднаш да ги употребите.
Во овој период мора да ве предупредиме на знаците кои укажуваат на предвремено породување. Доколку приметите некои од следните знаци, обавезно консултирајте се со гинеколог: повеќе од 5 болни грчења на матката за еден час, крвав (светло- црвен) вагинален секрет, отекување на лицето, рацете и предниот дел на потколениците, главоболка, притисок во горниот дел на стомакот, несвестица, болно пецкање при мокрењето (укажува на можно запаление на бешиката, бубрезите или уринарниот тракт), остра или долготрајна болка во стомакот, изненадно течење на чиста течност од вагината, тапа болка во грбот која не поминува ни откако ќе одморите, чувство на притисок надолу во матката.
Не сакаме да ве плашиме, но добро е да внимавате на промените и доколку се појават веднаш да барате помош од доктор.
ВАЖНО! На знаците на предвремено породување внимавајте до 34. односно 37. недела од бременоста. По таа недела новороденчето е веќе доносено, зрело и сосема способно за самосотен живот.
Плод во 25. недела
Тато во 25. недела
Слични артикли:
Велигден – најубавиот христијански празник
Исхрана за време на доењето ( 2 дел)
Претходна недела: 24. недела
Следна недела: 26. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни здравствени навики за здрава бременост
Бременоста е период кога секоја навика може да има влијание врз здравј...
Како правилно да го масирате своето бебе?
Масажата на бебе е едноставна, нежна практика која може да помогне за ...
Овулаторни нарушувања и нивната улога во неплодноста
Овулацијата е клучен дел од репродуктивниот циклус, бидејќи без ослобо...
Како менструалниот циклус влијае на кожата и енергијата
Менструалниот циклус не влијае само на репродуктивното здравје. Тој им...
Кога да побарате медицинска проценка за плодност?
Кога се обидувате да забремените, трпението е важно, но има ситуации к...