Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Добредојдовте во следната недела од бременоста. Веќе 24. по ред!
Врвот на матката се поместува се повисоко, сега е веќе цели 5 см над папокот. А со неа се зголемува и интензитетот на движење на плодот. Се надеваме веќе ги споделувате моментите на движења со идниот татко. Ќе приметите дека плодот точно знае кој ја држи раката на стомакот. Некои всушност, сосема се смируваат кога таткото го гали стомакот, а некои спротивно, збеснуваат. Да, тоа може да се интерпретира како прво искажување на љубов и доверба.
Во овој период гинекологот според стручна проценка може да одреди испитување за откривање на шеќерна болест во бременоста, односно гестационен дијабетис. Тој облик на шеќерна болест приближно се јавува кај 1% од трудниците. Се тестираат и идните мајки кај кои се воочува зголемен раст на плодот или кои имаат шеќерна болест во семејството, најчесто кај родителите или баба и дедо. Дополнителни ризици се: одмината бременост, меѓу останатото спонтан абортус, прерано породување, преголеми деца со оглед на гестационата фаза и деца со неправилности во развојот. Во другата група припаѓа сегашна бремност: голем плод, голема количина на плодова вода, глукоза во мајчината мокрача, зголемена тежина и возраст над 30 години. Ако се потврди шеќерна болест во бременоста, потребно е лекување и строга контрола.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Испитувањето за откривање на шеќерна болест е навистина слатко. Трудницата мора да испие блага течност, а два часа потоа на неа и се земаат четири примероци со крв. Ако количината на шеќерот во еден од земените примероци е висока, тоа е показател на шеќерна болест. Во тој случај стручните лица ќе ви дадат дополнителни совети за начинот на исхрана, а во краен случај може ќе треба да примате инекции инсулин. Да ве расположиме, ќе ви кажеме дека трудничкиот дијабетис по породување се губи, но треба да знаете дека подоцна во животот постои веројатност да ви се развие прав облик на шеќерна болест. Затоа еден совет до кој би требало да се држите: здрава исхрана без големи количини на маснотии и шеќер, нормална телесна тежина и редовно движење. Сите наведени работи го намалуваат ризикот од настанување на шеќерната болест и проблемите со висок притисок.
Плод во 24. недела
Тато во 24. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 23. недела
Следна недела: 25. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно се бања бебе, чекор по чекор?
Првото бањање на бебето често предизвикува возбуда, но и страв. Се пра...
Хормонални бранови во циклусот
Менструалниот циклус не е само репродуктивен процес, туку комплексен х...
Кога тестот за бременост може да покаже позитивно?
Тестовите за бременост се базираат на откривање на хормонот хуман хори...
IVF покрај тоа што е медицински процес, тоа е емотивно патување кое ти...
Анксиозност поврзана со хормони: што помага?
Хормоналните промени можат значително да влијаат врз расположението, м...