Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Полека се доближува времето за уште еден гинеколошки преглед. Како и обично, ќе ја измерите вашата тежина, крвниот притисок и ќе следува слушање на срцето. Дали некогаш сте слушнале поубав звук? Сигурно, не! Каков мелем за вашите уши и душа.
И гледањето на плодот при ултразвучниот преглед преставува голема радост, бидејќи тој се мрда, се врти ваму- таму, го цица палецот, ика, трепка и уште многу работи! Немојте да заборавите да го потсетите гинекологот да ви даде и сликичка од прегледот. Да кажеме и тоа дека надворешниот полов орган сега веќе добро се гледа, само ако сака да го покаже.
Да видиме уште каква радост не чека за време на бременоста. Некои идни мамички се жалат дека не можат да спијат, бидејќи стомакот им смета. Најпрво се жалат оние трудници кои биле навикнати да спијат на стомак. Да, ништо не помага, треба да се навикнете да спиете на страна. Да ви биде малку подобро, меѓу нозете ставете перница, а ако ви одговара можете да ја ставите и под стомак. Нема да пречи доколку пред спиење направите и неколку вежби за карлицата.
Матката сега достигува скоро до папокот.
Можеби од време на време ќе почувствувате неправилно чукање на срцето, а можеби и вртоглавица. Сето тоа е реакција на зголеменото количество на крв и пред се нормална појава во бременоста. Ако не се случува многу често, туку неколку пати неделно, тоа е нормално. Но, во секој случај совет од доктор нема да штети.
Дали некогаш имате чувство на грчење или силно поместување на матката? Само без паника. Тоа вашиот фетус штуца. Некои многу често штуцаат и кога ќе се навикнете на тоа чувство, неверојатно е смешно.
Плод во 18. недела
Тато во 18. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 17. недела
Следна недела: 19. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Кога парот се обидува да добие бебе, често се поставува прашањето: дал...
Дали денот на овулација е најплодниот ден?
Денот на овулацијата се смета за еден од најплодните денови во менстру...
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...
Како функционира ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (IVF - in vitro fertilization) е асистирана репр...
Што е ПАП тест и зошто е толку важен?
ПАП тестот е едноставен, брз и безболен гинеколошки преглед кој има ог...