Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Воопшто не можете да верувате како брзо помина првото тромесечје. Најкритичниот период е зад вас, па можете да воздивнете и весело да продолжите во вториот дел од бременоста. Второт тромесечје е период на разубавување на трудницата. Сега бременоста е сигурно зацврстена во вашата свест, а на новиот живот се повеќе ве потсетува и стомачето кое е се поголемо и позаоблено. Тоа е период кога сте преполни со енергија. Искористете ја! За шетање низ природа, шопинг со другарките, како и прегледување на списанија и книги за бременоста. Сепак внимателно, кога телото ви кажува дека му е потребен одмор, послушајте го! Со оглед на тоа како плодот брзо се развива и навистина му треба одмор!
Бидејќи матката постојано се шири и расте, можете во долниот дел на стомакот да почувствувате слаба болка. Без паника, се работи за истегнување на сврзните ткива кои ја држат матката. Тие болки трудницата може да ги чувствува до крајот на бременоста, бидејќи големата и тешка матка секој ден ќе носи потежок товар. Затоа повторно ве советуваме да не заборавите на физичката активност. Ако ви годи вежбањето во група, приклучете се на некои организирани вежби за трудници. Во спротивно, доволни се и долги прошетки во природа.
Ве чека нов гинеколошки преглед. Повеќето трудници се радуваат на прегледите, бидејќи на нив добиваат потврда дека со бременоста се е во најдобар ред, а можат да го слушнат и чукањето на срцето на плодот. Гинеколошките прегледи во текот на бременоста се составени од задолжително мерење на крвниот притисок и тежината, повремено - преглед на крвта, следење на матката како расте и слушање како отчукува срцето на плодот.
Ако уште нешто посебно ве интересира, прашајте! Можеби не е лоша идејата прашањата да си ги запишете, случајно да не заборавите нешто, бидејќи кај гинекологот трудниците забораваат да прашаат се она што ги збунува дома.
Бременоста ќе помине побрзо отколку што мислите, затоа не би било лошо вие и идниот татко да размислите за последен одмор во двојка. Ако го планирате одморот последните два месеци од бременоста, немојте да се одлучите за некое предалечно место. Во случај да треба итно да посетите доктор, близината секако добро ќе дојде.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Добиената тежина во бременоста може да се подели вака:
Плод – просечно од 3 до 3,2 кг
Mатка – околу 1 кг
Плодова вода – околу 0,5 кг
Гради – околу 1 кг
Крв и останата течност – околу 3,5 кг
Маснотии – околу 3 кг
ВКУПНО околу 12,5 кг
Обидете се да се држите до принципот дека добивањето тежина до 12 кг е идеално и немојте да се лутите доколку вашиот гинеколог ви префрли доколку добивате повеќе килограми. Секој килограм маснотии останува на вашето тело, затоа сега е потребна дисциплина.
Стомачето полека расте што значи кожата веќе се растегнува. Значи, крајно време е да купите хидрантна крема која ќе го спречи пукањето на кожата и појавата на стрии. Постојат многубројни креми против стрии, а можете да се одлучите и за користење на маслиново или бадемово масло, додека некои мајки се презадоволни и од обичното млеко за тело. Но не заборавајте, не е доволно да го премачкувате само стомакот , бидејќи се растегнува и кожата на градите, нозете, колковите... Да додадеме уште еден мал трик: секојдневното премачкување може да стане навистина досадна работа затоа некои мајки купуваат различни креми и на тој начин ја освежуваат секојдневната обврска.
Плод во 13. недела
Тато во 13. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 12. недела
Следна недела: 14. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...
Двојна метода за следење на овулација
Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните ден...
Што да избегнувате при избивање заби кај бебе?
Избивањето на забите е нормална, но често непријатна фаза кај бебињата...
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...