Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
# 1
Бебињата слушаат кога сè уште се во утробата на нивната мајка.
# 2
Секое новороденче, има карактеристичен плач што неговата мајка е во состојба да го препознае уште три дена по раѓањето. Експертите забележуваат дека ова се појавува кога ќе се разбуди мајчинскиот инстикт, па дури и во просторијата полна со новороденчиња кои плачат, таа го препознава плачот на своето бебе.
# 3
Ако поставите новороденче на стомакот на неговата мајка, тоа инстинктивно ќе започне да се движи кон дојката на мајката за да се храни, откриваат норвешки научници.
# 4
Бидејќи новороденчето не може да каже дали му е топло или ладно, неговото тело има можност за самоконтрола, што му помага да одржува постојана телесна температура. Кога е студено, бебето поинтензивно ќе ги мавта рацете и нозете, кога е топло, тоа ќе биде потивко, опуштено.
# 5
На секое новороденче му требаат пет до десет минути за да се прилагоди на новото опкружување. Колку е поголемо, толку помалку време му е потребно за да се навикне. На пример, на бебе од три месеци му требаат само две минути и 30 секунди за да се навикне на новото опкружување, а на бебе на шест месеци му требаат само 30 секунди.
# 6
Новороденчињата имаат многу силно развиено чувство за мирис. Така тоа е во состојба да ги препознае своите родители по мирисот на нивната кожа. Затоа, не се препорачува мајката да користи силни парфеми во првите месеци по раѓањето, така што бебето може да ја препознае веднаш и потоа е посмирено.
# 7
Бебето се раѓа со околу десет илјади рецептори за вкус (приемници) кои почнуваат да се појавуваат во третиот триместар од бременоста. Овие се наоѓаат на јазикот, под него и на небото и со текот на времето исчезнуваат или нивната количина се намалува.
# 8
Иако е важно бебето да плаче веднаш по раѓањето, нема солзи во очите на новороденчето најмалку уште три недели, кај некои бебиња дури и до четвртиот месец. Постојат две причини за тоа: од една страна, солзниот канал кај новороденчињата сè уште не е целосно развиен, а од друга страна, телото на бебето дури подоцна почнува да произведува хормони на стрес, кои играат клучна улога во плачење и солзи.
# 9
Мозокот на бебето расте со голема брзина и неговиот волумен се удвојува во првата година - до кое време мозокот е веќе голем како половина од мозокот на возрасен.
# 10
Во првите три месеци, најдобро растојание за разговор со вашето бебе е околу 50 cm. Од оваа далечина, бебето може да ве фокусира и препознае.
# 11
При раѓањето, новороденчето има вкупно 300 коски кои се составуваат со текот на времето и затоа нивниот број е намален на дури 206.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Почнува сезоната на настинки, кога кивањето и кашлањето стануваат дел ...
Затворете очи само за момент и замислете го вашето идно јас. Не некаде...
Шест знаци дека срцето старее побрзо од вас
Нашето срце не старее секогаш во исто темпо како и остатокот од телото...
Иднината што ја сонува твоето срце
Понекогаш најважното прашање што можеме да си го поставиме не е каде с...
Технологија, надеж и живот - сe за чудото наречено IVF
Ин витро фертилизацијата (IVF) е едно од најголемите достигнувања на с...
Бремена
пеперутка16
Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?