vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Писмената работа е на средношколец од трета година од Србија, со наслов: “Стојам настрана и набљудувам”
Стојам настрана и набљудувам...Понекогаш ми иде да заплачам кога ќе видам каква е ситуацијата во нашата држава. Секој ден се надевам дека ќе биде подобро. Се будам, сум сонувал уште еден, во низата неостварени сонови. Сонувам како фрижидерот е полн, а ние сме сложни и сите заедно. Мајка ми и татко ми брзаат за на работа, во страв да не задоцнат ниту една минута.
Се будам од сонот и сфаќам дека доцнам на појадок, а за појадок буквално ништо. Татко ми невработен седи во фотелјата и ги слуша лагите на т.н. политичари, кои ги купиле своите дипломи. Секој ден говорат нови лаги кои на луѓето им го перат мозокот. Брат ми, дипломиран физиотерапевт е келнер во некој ресторан. Луѓето немаат ни за леб, додека тие живеат во раскош. Мајка ми е единствена која не одржува во живот, таа е столб на семејството. Таква ни е државата, со дипломата може само да избришеш прашина. Воопшто нема работа бидејќи сите места се пополнети преку врски. Доволно е само да однесеш пари и шише од некој скапоцен пијалок и од понеделник си на работа.
Девојчињата се огледуваат на старлети и спонзоруши, а момчињата на криминалци. Се повеќе и повеќе има безобразни луѓе, секако и необразовани. Кога утре би паднал на улица, никој не би ми помогнал, само би ме прескокнале. Образовните институции личат на естрада, голи стомаци, кратки сукњи, пирсинзи, само уште микрофон им фали. Во мојата куќа не може да помине ниту ден без расправија.
Позајмуваме за да вратиме заем и така до недоглед. А јас...јас стојам настрана и набљудувам. Сфаќам дека не можам да направам ништо, немоќен сум и мал. Никој не сака да ме сослуша...Но и покрај тоа и понатаму останувам позитивец, млад бунтовник кој верува во подобро утре.


5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зголемена жед во бременост. Што може да значи?
Потребата да пиете повеќе вода може да биде сосема нормална во бремено...
Колку често треба да правите пилинг?
Пилингот може да помогне кожата да изгледа помазно и посвежо, но премн...
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...