Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Во близина на нашата куќа има фурна од која постојано се шири пријатен мирис на печен леб. Кифли, ѓевреци, переци и симит бел, нема човек што од фурната не си зел.
Нив ги прават двајца пекари, чичко Рајко и чичко Трајко. Тие работат секогаш ноќе и велат дека не им е тешко, иако во фурната секогаш е многу жешко.
При една нивна починка кратка, со нив започнав разговор мал - од каде доаѓа лебот, кој ни го дал?
Чичко Трајко почна да се смее:
- Прво мора пченицата на изорана нива да се посее и тоа пред да почне есенскиот дожд да лее. Од неа зрната ќе изртат, корен ќе фатат, ќе почнат житни стебленца да растат. Нивите ко зелен ќилим ќе бидат се до првиот снег, што ќе покрие поле и брег. Снежниот јорган ги штити житата од мраз и студ и му помага на човечкот труд. Напролет штом снегот ќе се стопи, пченицата продолжува да расте. Пролетниот дождец дава влага, а топлото сонце сила, за да може пченицата в час да фати клас. Во класјата житните зрнца се збрани, тоа е житото што нас не храни. Штом летното сонце ќе почне силно да грее, пченицата е израсната и ќе си зрее. Зрната ќе добијат жолто-црвена боја, во кластинката своја. Летото е време на жетва, се жнее и врши житото од есенската жетва. Комбајните по нивите работат од првиот утрински сончев зрак, па се до паѓањето на целосниот мрак. Секој полјоделец брза зрелото жито да го збере и во амбарите да го стави. Голем дел од житото на откуп ќе се даде за да има овој народ леб да јаде.
Од таму во мелница житото се носи, се меле и брашно се прави. За да се замеси тесто треба во него квасец, вода и сол да се стави. Од тестото се прават пекарски производи разни, а ако поседиме уште малку изутрина на луѓето торбите ќе им бидат празни.
Чичко Рајко рече:
- Лебот навреме треба да го ставиме во печка да се пече. Печката е доволно загреана и сега е време - стана и се извини што со себе не смее и мене да ме земе.
Си отидов дома со мисла колку работа треба за неколку леба.
Сега знам зошто мама и тато постојано велат дека леб не треба да се фрла, дека и потврд треба да се јаде и на секој што е гладен парче леб треба да му се даде.
Лебот е наша основна храна, во него сета човечка трудољубивост и хуманост е збрана.
Автор: Лиле Атанасова
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како новопечената мајка да ја надмине исцрпеноста?
Советите кои следат ќе ви помогнат да преживеете (и да уживате) во тек...
Зошто е тешко да се спие во бременост?
Многу трудници очекуваат дека ќе бидат постојано уморни и навистина се...
Првите кожни предизвици кај новороденчињата
Кожата на новороденчето е исклучително нежна, тенка и чувствителна. Во...
Кога и како бебињата ги прават првите чекори?
Одењето е една од највозбудливите вештини што детето ја развива. Тоа е...
Правилна орална хигиена кај децата преку четка и конец
Здравите навики започнуваат со првото запче....
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?