Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Причините се различни. Раѓањето е физичко празнење и многу емоционален процес, така што тоа е нормално. Вашето тело има потреба од реконструкција. Покрај тоа, нивото на хормоните значително се менува по породувањето и се разбира, потребно Ви е време на адаптација со бебето.
Зошто не чувствувате потреба од секс?
Нормално е да не чувствувате потреба од секс неколку денови, или недели по породувањето. Некои лекари советуваат да се воздржувате од сексуални односи до првиот гинеколошки преглед – 6 недели по породувањето. Сепак, би требало да се почека до конечното запирање на крварењето после породување. Тоа може да потрае од 2 – 6 недели, а кај некои жени и повеќе. Би требало да се почека до целосно заздравување, ако сте родиле со царски рез, ако имате епизиотомија, или при раѓањето е користен вакуум.
Некои од причините заради кои не чувствувате потреба од секс:
Кога би требало да воспоставите нормален сексуален живот?
Нема правило кога треба да го обновите Вашиот сексуален живот, кај сите парови тоа е различно. Во општ случај тоа ќе се случи откако ќе се почувствувате физички и емоционално подготвени.
Запомнете дека партнерот исто така може да не чувствува желба за секс. Треба заедно да разговарате за да дознаете кога сте и двајцата подготвени за водење љубов. Добра идеја е да разговарате и за другите проблеми, поврзани со тоа, ако ги имате.
Обновувањето на сексуалниот живот има свои предности. Хормоните кои се испуштаат за време на секс предизвикуваат контракции кои и помагаат на матката да се врати во нејзината нормална состојба и се разбира, физичката близина ќе ја зајакне и емоционалната блискост помеѓу Вас.
За контрацепцијата
По породувањето овулацијата може да започне во секое време, дури и ако доите. Заедно со партнерот и со Вашиот гинеколог треба да разговарате за соодветни контрацептивни средства.
Контрацептивни таблети кои содржат естрогени не се препорачуваат за доилки, бидејќи можат значително да го намалат количеството на излачено млеко. До Вашиот прв гинеколошки преглед – 6 недели по породувањето, единствена алтернатива се презервативите, кои може да се комбинираат со контрацептивен гел или крем. На овој преглед може да разговарате со Вашиот лекар за употреба на дијафрагма, или други контрацептивни средства.
Совети:
3
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како расте бебето од 14тата до 27мата недела?
Второто тромесечје од бременоста, кое ги опфаќа 14тата до 27мата геста...
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...