Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Луѓето имаат навика да се претворат во јасновидци, кога ќе дознаат дека очекувате бебе во семејството. Во мојот случај се прогнозираше како ќе ми биде кога ќе станам татко и како ќе се чувствувам.
Никој никогаш не ми кажа колку таа за брзо ќе обрнува внимание на момчињата. Како многумина од нас, кои научиле многу од социјалната антропологија, бев убеден дека момчињата се романтички агресори, а девојчињата великодушно толерантни на нивната определба. Но сето ова се промени кога еден вечер ќерка ми Мери Грејс ме удри со рамото и рече “Тато го гледаш ова момче? Ми се допаѓа”. И додека го пиевме џусот во теретаната, ќерка ми постојано се вртеше накај момчето и го гледаше. Во еден момент момчето дојде до нашата маса. Се однесуваше кон неа љубезно и со многу почит. Работеше во теретаната и имаше 19 години. А таа имаше 3. Сериозно.
Никој никогаш не ми кажа колку ќе се заљубам во мојата сопруга. Да се има мини верзија на жена ми дома, може само да го потенцира и актуелизира фактот колку таа ми значи. Подготовките и стравовите околу станувањето татко, наеднаш се отсликаа во лицето на мојата ќерка, овозможувајќи ми да го гледам светот од друга перспектива, да имам сочувство за нештата кои ми биле непознати. Ќе ви дадам еден пример: не можев да го разберам разочарувањето на жена ми кога некој план ќе и пропаднеше. Таа може да се изнаплаче ако има свадба во соседството, или ако и го продадат омилениот сендвич пред нос. Како мало дете. Тоа е мојата сопруга. Емотивна до небото и назад. Мечтаам секогаш да ја сакам како сега. Таа го заслужува тоа.
Никој никогаш не ми кажа дека сите претходни напори да ја разберам женската анатомија, ќе добијат комплетна револуција, со менување на само еден памперс. Да го отвориш памперсот на бебето и да откриеш женски полов орган прекриен со каки е запрепастувачки. Јас буквално застанав над мојата ќерка и со ласерски поглед испитував како да ја избришам а да не ја повредам.
Никој никогаш не ми кажа дека тоа што имам ќерка автоматски ќе ме претвори во феминист.
Никој никогаш не ми кажа што ме чека на другата страна на сета таа нежност. Многу е вообичаено татковците да слушаат: “Мислиш дека знаеш што е љубов, но подготви се. Никогаш нема да почувствуваш нешто слично”. И сосема беа во право. Многу татковци пишуваат за своите ќерки кои ги вртат околу малото прсте. Комплексни работи се случуваат во тврдото татково срце, кога ќе го гушне неговото мало девојче, тоа станува помеко од памук. И тогаш вистински чувствуваш како е да се биде татко.
Никој никогаш не ми кажал дека "Butterfly Kisses" е најубавата песна некогаш напишана. Не е важно колку мекушав и да изгледате, но кога еднаш ќе имате ќерка наеднаш над вас ќе се насели мистериозна и емотивна моќ, која е неодолива. Минатото лето на свадбата на мојот пријател, јас и некои пријатели ја преслушавме половина песна смеејќи се и исмејувајќи ја песната...А кога ја поминав другата половина од песната танцувајќи со ќерка ми, се стопив од нежност и плачев...
Никој никогаш не ми кажа колку е важна розовата боја. Минатиот Божиќ Дедо Мраз ја праша ќерка ми во каква боја сака кукла, таа непоколебливо рече: “Розова”. Сум ја слушнал многупати да плаче и да не сака да јаде, ако розовата чинија е за миење. И собата во која заспива е розова и ќебенцето и плишаното мече и играчките се розови и...и мојот живот со неа е розов!
Никој никогаш не ми кажа...добро, можеби мојата сопруга ми го кажа ова, но јас никогаш не и верував. Многу девојчиња почнуваат да размислуваат за сопствената свадба уште како мали. Лично јас, ја обвинувам Disney Frosen за тоа. Секое бело парче ткаенина во домот мора да се искористи за ќерка ми да се направи невеста. И тоа го глуми до најситен детал.На почетокот беше слатко, бидејќи сакаше јас ко' бајаги да бидам младоженецот, но неодамна нејзиниот соученик го презеде моето место. Таа вели дека тој е смешен и убав...А што ми фалеше мене? :D
Никој никогаш не ми кажа колку нерационално ќе бидам смачкан кога моето девојче ќе се “омажи” ко' бајаги, за момчето кое учи со неа.
забава Бремените
Автор: bobik
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
11 Вистински знаци на породување
Бременоста е период исполнет со очекувања, подготовки за новиот член, ...
Што значи да си „функционално“ семејство денес?
Во свет полн со брзо живеење, стрес и постојани промени, поимот „функц...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?