Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
                    			   
                    			Андријана Мирческа Богојевиќ е 34 годишна сопруга и мајка на 9,5 годишната Каја.
Рингераја: Да ве навратам на почетоците, како започна сето ова? Колку време беше потребно за реализација на идејата? Кој беше првиот производ?
Андријана: Бидејќи потекнувам од семејство кое својот работен век го помина во приватниот сектор, и има свој бизнис, бев оптимист дека можам да изградам нешто што во моментот во Македонија не беше познато на пазарот.
Пред 10 години започнав со изработка на машнички за девојчиња. На нашиот пазар тоа беше нешто ново и привлече внимание. Работите некако се поклопија останав бремена со ќерка ми Каја и идејата ја реализирав, започнав да изработувам машнички за Каја, а потоа следеше онлајн страна за продажба на машничките.
Со тек на годините и усовршување во работата, изградивме бренд кој денес вбројува голем асортиман на производи, и една ексклузивна линија на дизајнирани оградици, постелнини и перници.
Од неодамна, мојата сестра Славица стана дел од тимот на Машнички За Деца. Со нејзините кретивни идеи придонесе да го зголемиме асортиманот на нашите производи.

Рингераја: Како што спомнав, успешно опстојувате на пазарот една деценија. Која е вашата "тајна на успехот" ?
Андријана: Точно цела деценија помина. За успех е потребно најпрво да верувате во себе и да бидете оптимист и кога е најтешко.
Јас лично не се доживувам како раковидител, моето искуство кажува дека за успешен бизнис е потребна еднаквост.
Во нашиот тим целокупната работа ја работат сите вклучувајќи се и јас.
Имам неколку искуства кога јас лично ги доставувам нарачките а луѓето се случува да ме прашаат зарем јас сум таа која ги доставува.
Работата не ја делиме затоа успехот е неминовен.
Рингераја: Кои производи може да се сретнат во вашата понуда?
Како клиентите може да ве најдат?
Андријана: Целокупната понуда со тек на време ја збогатуваме со нови производи, од неодамна започнавме со изработка на дрвени Montessori кревети, гардеробери и дрвени игрални за кои е задолжен мојот зет со неговиот тим.
Во нашата понуда имаме:
Оградици за креветчиња
Постелнини
Плетенки 
Перници со омилените ликови на децата
Гнезда 
Корпи за играчки
Машнички за девојчиња
Лептир машни за момчиња 
Подлоги со омилените ликови на децата
Ексклузивна линија на оградици и постелнини
Персонализирани перници
Драпери за детски соби

Рингераја: Покрај што сте успешна бизнис жена, сте сопруга и мајка. Како успевате да менаџирате меѓу сите тие улоги?
Андријана: Со добра организација се може да се постигне.
Но тука е доста заслужен мојот сопруг кој несебично ми дава огромна поддршка кога се работи за мојот бизнис.
Рингераја: Мајчинството е една од најубавите улоги на жената. Колку вас оваа улога ве промени и како?
Андријана: Дефинитивно тоа е улогата која ми го промени животот, која ме исполни и направи од мене една силна жена.
Тој период ќе ми остане во сеќавање бев член во Вашиот Рингераја форум кој беше прекрасно место каде што си делевме совети со останатите мајки. ( во тоа време не постоеја фб групи и инстаграм)
Рингераја: Живееме во време на пандемија од која сите сме погодени. Колку истата влијае врз бизнисот и вашиот приватен живот? 
Андријана: За жал пандемијата си го зема својот данок во сите сфери од животот.
Пандемијата ни ја отежна работата во однос на набавка на материјали од странство, но од друга страна пак долгогогодишната соработка со добавувачите ни овозможи да изнајдеме начини како да продолжиме со работа во овие услови.
Кога се работи за приватниот живот пандемијата ја доживувам многу тешко. Бидејќи имам широк круг на пријатели ми недостасува дружењето со пријателите и се надевам дека што поскоро ќе се вратиме во нормален живот.
 
Рингераја: Идни планови со машнички за деца?
Андријана: Планови и идеи имаме многу, но се надеваме на враќање во еден нормален живот за да можеме комплетно да го оствариме се тоа што го имаме испланирано.
Се надеваме во наредното интервју ќе бидат нашите планови веќе исполнети и ќе имаме нови теми за разговор.

4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Секој ден по малку и животот се менува
Понекогаш мислиме дека големите промени бараат големи чекори, драматич...
Кога бременоста не доаѓа брзо како што сме очекувале
Неплодноста е чувствителна и емотивно предизвикувачка тема. Многу паро...
Слободата на движење при породување
Породувањето е еден од најинтензивните и најважни моменти во животот н...
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате....
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...