namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Една третина жени, меѓу 18 и 50 години, страдаат од пореметување на половата функција, односно имаат проблем со намалено либидо. Најчеста причина се хормонските промени во тек на менструалниот циклус или влегување во менопауза, но слабата сексуална желба се јавува и во периодот по породувањето, кога половиот однос за жената е болен, или ако страда од депресија.
“За време на менопауза настапуваат хормонални промени кои природно доведуваат до моментално или постепено губење на сексуалната желба. Влажнењето на вагината се намалува, или потполно изостанува, па таа станува сува и помалку еластична. Затоа голем број од жените во овој период се жалат на болни односи, што претставува причина да се прекине половиот живот. Но за тоа постои едноставно и ефикасно решение: употреба на хормонални и други кремови. Во последните неколку години, на жените во менопауза им се предлага хормонална терапија со естроген, бидејќи позитивно влијае на либидото.” – истакнува Др. Душан М. Протиќ.
Сепак, новопечените мајки, се тие кои најбрзо ја губат желбата за секс. Тоа е затоа што се преокупирани со бебето и немаат време за размена на нежности со партнерот.
Кога жената нема никаков физички проблем, губењето на сексуалната желба е од психолошка природа. Посебен проблем се појавува кај жените кои имале хируршки интервенции на репродуктивните органи, како хистеректомија (отстранување на јајниците) или мастектомија (отстранување на дојката/те)
Жената во својата глава тоа ќе го поистовети со губење на младоста, женственоста и убавината, бидејќи е втурната во рана менопауза. Некои од најчестите сексуални пореметувања се пореметување на сексуалната желба, уживање и оргазам.
Самото отсуство на сексуалната желба не ја исклучува сексуалната возбуда или доживувањето на оргазам, но подразбира дека поретко ќе се започне сексуална активност.
Едно од сексуалните пореметувања е психосексуална аверзија, или одвратност кон полово уживање, кој се манифестира со одбивање на скоро секакво или секакво полово општење со партнерот. Таквите лица често биле жртви на сексуална злоупотреба. Спротивно на тоа имаме психосексуална дисфункција со зголемена сексуална желба или претеран полов нагон – нимфоманија. Проблем кај жените може да претставува аноргазмија – неможност за достигнување на оргазам.
100 причини за одбивање
Причините за сексуалното пореметување може да бидат бројни – од соматски болести (една третина до една половина на дијабетичари имаат сексуални дисфункции), потоа употреба на алкохол, психоактивни супстанции, намалена активност на штитната жлезда, хируршки зафати или зрачења, болка заради ендометриоза, мокрачни инфекции на бешиката или вагината, употреба на лекови против депресија, покачен притисок и др.
Здрав компромис
Кога ќе станете свесна дека сексуалното задоволство е прекрасно нешто, ќе станете поодговорна и помотивирани да си помогнете себеси, било со креирање на сопствени сексуални фантазии, читање едукативни книги, или пак иницирање на сексуален разговор со партнерот. Имено, многу жени не се свесни за убавината на своето тело и за желбите на партнерот, па разговорот околу тоа многу ќе помогне. Во нормалните, долгогодишни врски, во кои партнерите имаат просечна сексуална желба, потребно е предиграта да трае доволно долго за да се издолжи каналот на материцата, да се подигне цервиксот, да се лачи повеќе слуз, се во корист на сексуалното задоволство. Ако се влезе прерано во сексуален однос, тој ќе биде болен.
Во случај на намалена сексуална желба важно е партнерот кој има нормален/зголемен нагон да прифати помалку секс, а партнерот кој има намален нагон да прифати повеќе секс. Ова се нарекува здрав компромис во брак или повеќе годишна врска.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживув...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?