namesp во 10:12
Како да знаете дека сте подготвени за второ дете?
Редакција Рингераја, 24.10.2018Прочитајте ја листата на интересни показатели дека сте подготвени за нов член на семејството која ја има составено една духовита мајка.
Кенди Криби, мајка на две деца, добро знае дека понекогаш е тешко да се процени вистинскиот момент кога сте подготвени за второ дете. Поучена од сопственото искуство, за порталот TheMomBeatсоставила духовит водич според кои показатели треба да се водите за да процените дали сте подготвени за второ дете.
1. Понекогаш се расплакувате додека ја гледате првата облека на вашето дете.
2. Кога се присетувате на породувањето велите „Па, добро, можеби и не беше толку страшно да се издржат болни контракции 48 часа“.
3. Сте дошле до заклучок дека конечно сте добро одморени.
4. Не можете да одолеете да не го земете во прегратка малото бебе на своите пријатели, под изговор дека само сакате да се потсетите колку убаво мирисаат бебињата.
5. Почнувате на своето куче да му ја облекувате израснатата облека од вашето дете.
6. Се интересирате за возила со повеќе седишта.
7. Немате никаква желба да пробате храна само со партнерот или пријателите во некој нов ресторан, бидејќи повеќе сакате да јадете во ресторан во кој заедно со храната даваат и боички за да боите.
8. Веќе имате одбрано име за второто дете.
9. Фрлате детски играчки на под и велите „Не, куќата не е доволно затрупана со играчки“.
10. Никогаш не сте престанале да ги носите трудничките панталони.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Терапија во солена соба се препорачува за децата и возрасните. На болните заради лекување, а на здравите превентивно, би...

Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...

Воспитувачките во градинка навистина ќе се изнаслушаат се – од тоа дека се само глорифицирани дадилки чија должност е да...

Зачетоците на млечните заби се формираат во текот на вториот месец од бременоста. Првото запче треба да се очекува околу...
