Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Во првите неколку месеци, бебето ќе спие речиси 20 часа. Од таа причина, многу е важно да купите креветче кое ќе биде удобно, но и безбедно за вашето дете.
На пазарот има многу различни модели, со различни цени, па многу родители се целосно збунети околу тоа што е најдобро за нивното дете. Затоа истакнуваме неколку практични совети за купување креветче:
Не мора да го купувате најскапото креветче. Безбедноста е многу поважна од тоа како е дизајнирана.
Ако можете, купете ново креветче. Ако земете креветче од некого, проверете дали се е како што треба, дали е сеуште функционално.
Погледнете колку се одвоени летвите една од друга. Не треба да бидат премногу тесни, за да се заглави бебето со раката, но не премногу широки, за да може да ја провлече главата.
Кога купувате, проверете ги сите рабови и дали тие потенцијално можат да повредат дете.
Проверете дали има завртки или делови што може да го повредат детето или да предизвикаат нестабилност на креветчето.
Изберете тврд душек и погрижете се совршено да одговара на големината на креветчето. Важно е да не можете да го ставите прстот помеѓу душекот и креветчето.
Исто така, добро е да земете креветче кое може да се прилагоди на бебето подоцна кога ќе порасне.
4
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...