Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Зголемената телесна температура кај новороденчињата може да биде незначајна појава, знак за некоја акутна болест, но може да доведе и до драматична ситуација – до КОНВУЛЗИИ.
Доколку детето не пие доволно течност, се мачи со мајчината дојка, или се помалку цица од ден на ден, заради недоволно внесување на течности може да добие зголемена температура.
Претоплено дете во топла просторија, или во лета исто така може да добие зголемена телесна температура. Многу болести (на дишните и мочните патишта) исто така можат да предизвикаат покачена телесна температура.
Но нас не интересираат ФЕБРИЛНИТЕ КОНВУЛЗИИ и она што треба да го направиме доколку се појават.
Конвулзиите со својот изглед и траење предизвикуваат страв, паника и очај кај родителите – чувство дека засекогаш го губат своето мало и сакано детенце.
Што се фебрилните конвулзии?
Конвулзии, или грчеви, се неконтролирани грчења на мускулите на телото, предизвикани од различни причини. Фебрилните конвулзии настануваат од покачена телесна температура. Тоа се еден вид на церебрални напади. Најчесто се јавуваат како генерализирани тонично – клонични напади.
Се појавуваат при покачена, или многу висока телесна температура.
Нападот може да биде попратен со превртување на очите, изгубен поглед, појава на плунка на устата и изгубена свест.
Конвулзиите често настапуваат при првиот пораст на температурата, a родителите можат и да не забележат. Треперењето на рачињата, нозете и телото, трае неколку до 20 минути, полека се смирува телото и на крајот детето заспива. Најчесто конвулзиите се појавуваат од 6 месечна до 3 годишна возраст. Конвулзиите можат да бидат генерализирани или еднострани. Причините можат да бидат различни, а најчесто се неразјаснети. Најчесто се јавуваат кај момчињата и проследени се со вирусни инфекции. Конвулзиите се епилептични напади, но не се епилепсија. Најчесто се наследни.
Едноставни фебрилни конвулзии
Се појавуваат во периодот од 6 месеци до 3,5 години. Проследени се со висока температура и најчесто траат до дваесет минути. И другите членови на семејството имале конвулзии.
Сложени фебрилни конвулзии
Се појавуваат во периодот до 6 месеци. Проследени се со мала зголемена температура, можат да се случат повеќекратно во вид на парцијални напади (најчесто постои оштетување на мозокот, бидејќи во невролошкиот статус и пред нападите постојат абнормалности - пореметувања на мозокот).
Што да се направи?
1. ОСНОВНО е да се обидете го совладате стравот и паниката и да му помогнете на детето.
2. Соблечете го детето и внимателно набљудувајте го видот на грчевите и нивното времетраење. Така ќе му помогнете и на лекарот.
3. Главата на детенцето завртете ја на страна за плунката непречено да истекува од устата и да се спречи аспирација – нејзино слевање во дишните патишта и паѓање на јазикот – со тоа ќе ја спречите можноста за гушење.
4. Со допир на детското тело ќе забележите дали е детето топло и ќе му ставите антипиретик во вид на чепче.
5. Викнете брза помош, или завиткајте го детето и одете до најблиската здравствена установа.
6. Никогаш не тресете го детето, не му ставајте ништо во устата и не го натурајте со вода. За првиот напад е потребно комплетно испитување и интензивно лечење , за да се види причинителот и да се одреди терапијата. Терапијата може да биде континуирана – секојдневна и интермитентна – во моментот на појавување на висока температура.
7. За понатамошно сузбивање на конвулзиите и заштита на детскиот мозок од тие страшни случувања треба да се слуша лекарот и во домашната аптека да се чува препишаната терапија.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Огледалото – важна играчка за бебињата
Малото огледало е повеќе од обична играчка за бебињата. Тоа е еден од ...
Калциум и витаминот D за бремени жени
Бременоста е период кога телото на жената не само што создава нов живо...
Кожата е најголемиот орган на телото и првата линија на одбрана против...
Кардио vs. тежински тренинг за слабеење
Кога станува збор за слабеење, една од најчестите дилеми е: дали е по...
Кога ќе ми се познае бременоста?
Едно од првите прашања што многу жени си го поставуваат веднаш по пози...