|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детски хороскоп: Дете Јарец

Татјана Дробац, 24.7.2014
Замислени, одмерени, дружељубиви...Како да одгледувате дете во знакот на Јарец?

image
/11


 

(0-2 години)

Кога ќе видите бебе кое ве гледа како се да разбира, кое делува како старо-мало и поискусно во однос на другите бебиња – тоа е влијанието на Сатурн, а бебето е родено во знакот на Јарец. Ова бебе ќе го набљудува светот околу себе со желба да впие се што е ново. Додека е сосема мало, ова бебе може да има зголемена потреба за сон, да делува поспано и тромаво. Јарците не се изесливи бебиња, јадат колку што им е потребно и не сакаат да им се менува распоредот и составот на оброците.

Овие бебиња понекогаш делуваат како да е тешко да се насмеат и расположат. Сакаат стари предмети и играчки со какви си играле нивните баби и дедовци. Симболиката на Сатурн може да се почувствува низ смирувачкото влијание на медитативната и духовната музика. Нив не им е многу важно да ги галите, но им е важно секогаш да бидете тука и да знаат дека можат да сметаат на вас. Ги привлекуваат стари луѓе, генерација на баби и дедовци. Не сакаат претерано шарени и бучни играчки. Кога ќе потпораснат малку, ќе сакаат да гледаат слики во книги и сликовници, а посебно во старинските книги. Исто така многу ги привлекуваат песни напишани во некое далечно време, како и бајки за дворци и кралеви. Дајте му на своето дете да си игра со лего коцки или со играчки кои личат на цигли и камења за градба. Нека не ве нервира тоа што овие деца ја сакаат сивата боја, бидејќи таа ги смирува. Никогаш не му наметнувајте нешто на сила, пуштете го да се одлучи само што сака, за да се отвори емотивно.

 

(2-4 години)

Вашето дете нема да сака многу да зборува, повеќе ќе сака да ве слуша и да размислува. Тешко ќе ви биде да ја разберете неговата логика, но секогаш ќе делува како нешто да поврзува и на нешто да се присетува. Додека не ги запознае добро другарите во градинката, ќе биде изолирано и осамено, а подоцна ќе избере мал круг на другарчиња. Тие пријателства можат да траат необично долго. Многу честа појава е јарците да се дружат со своите пријатели од градинка, па се до завршувањето на факултетот.  Малиот Јарец е многу одмерен, никогаш нема да биде во центарот на вниманието, ако нема ништо паметно да каже или направи. Немојте да се изненадите ако ви прераскажува некоја случка или ви опишува личности на кои одвај се сеќавате.

Не е љубител на игри со натпреварување, повеќе сака дружба. Никогаш не го критикувајте што е неодговорен, бидејќи кај овие деца многу лесно се развива чувство на претерана одговорност. Затоа поставете се пријателски а не авторитативно, бидејќи детето ќе стане многу затворено.

 

(4-6 години)

Сега со вашето дете можете да водите долги и паметни разговори. Неговите  прашања ќе бидат многу зрели. Ќе го интересираат семејните односи и минатото. Ако во вашиот град постои музеј кој има поставка  за секојдневниот живот на луѓето во минатото, тоа многу ќе му се допадне. Кога ќе се замисли и ќе делува тажно, не инсистирајте да ви го довери својот проблем. Тоа е најмногу склоно на меланхолија, од сите знаци. Ако го доживувате како проблем неговото однесување, вашето дете ќе изгуби доверба во вас. Подобро ќе му биде да молчи, отколку да го сметате за необично, поинакво, на еден не баш пријатен начин. Никогаш не му велете: “Мал си за тоа, кога ќе пораснеш ќе го знаеш тоа.” Тој ужива во тоа да биде позрел од својата генерација, затоа овозможете му знаење, со кое ќе се чувствува како да е во предност пред своите другари. Во текот на летото потребна му е голема количина на сонце и престој во природа, а повеќе му годи планина или бања на голема надморска височина, отколку летување на море.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
6
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
6
Не разговарајте со мене додека детето има ...
Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот. На ...
4
Децата и пролетниот замор
Пролетниот замор е вообичаен не само за возрасните, туку и за децата. Дознајте кои се најефикасните средства кои го ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?