|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Брутално искрен пост за жените кои не работат!

Редакција Рингераја, 9.1.2017
Изморена од константното слушање на фразата "што правиш по цел ден?" блогерката Ryshell Castleberry реши да напише статус за сите мајки кои седат дома и "не работат ништо". Статусот експлодира!

image
/11


 

Нејзиниот моќен статус беше лајкуван повеќе од 640,000 пати и споделен од 300,000 корисници. Можеби ви личи како многу, но не е доволно. Треба да биде прочитан од сите за да се знае енормната жртва на мајките кон децата и семејството.

 

Разговор меѓу сопруг и психолог...

П: Како заработувате за живот Господине Роџерс?

С: Работам како сметководител во банка.

П: А вашата жена?

С: Таа не работи ништо. Домаќинка е.

П:Кој прави појадок за вашето семејство?

С: Жена ми, бидејќи не оди на работа.

П: Кога обично ја разбудувате од спиење вашата сопруга?

С: Таа се разбудува пред мене бидејќи мора да подготви појадок и да ја намести масата. Потоа треба да се организира за да направи ручек за децата за на училиште, добро да ги облече, да ги најаде и да им помогне да ги измијат забите. Исто така да им ги провери ранците дали ги ставиле сите книги и помагала.

П: Кој ги носи вашите деца на училиште?

С: Жена ми ги носи, бидејќи таа не работи.

П: Откако ќе ги однесе децата на училиште, што прави?

С: И треба малку време да подготви пари и да ги плати сметките за струја, вода и да застане во маркет за да ги купи потребните намирници. Откако ќе си дојде дома, подготвува ручек. Ја сервира масата, чисти во кујната, ги сортира алиштата и ја чисти куќата. Знаете како е, таа е домаќинка.

П: Навечер, откако ќе се вратите дома од работа, што правите?

С: Се одморам, се разбира. Преморен сум од работата во банка.

П: Што прави вашата сопруга навечер?

С: Прави вечера, ни сервира мене и на децата, ги мие чиниите и уште еднаш ја средува куќата. Ќе ги подготви децата за спиење, ќе им даде топло млеко и ќе им помогне да ги измијат забите.

 

1

 

Ова е дневната рутина на многу жени ширум светот, која почнува наутро и трае до ситните саати во ноќта.  И ова вие го нарекувате “Жена ми не работи!?”

За да бидеш домаќинка не ти е потребна диплома, но ја имаш клучната улога во своето семејство.

Почитувајте ги вашите жени, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки...Бидејќи нивната жртва е бесценета.

Некој ја праша неговата сопруга: Работиш, или си домаќинка?

Таа одговори:

Работам како сопруга дома, 24 часа на ден...

Јас сум мајка

Жена

Ќерка

Аларм

Готвачка

Чистачка

Шеф

Бебиситер

Медицинска сестра

Градинар

Шеф на безбедност

Советник...

Немам годишен одмор

Немам дури ниту право на боледување

Немам слободен ден

Работам деноноќно

На должност сум во секој момент

Не земам плата и...

 

И покрај тоа, често ја слушам фразата: Што правиш по цел ден?

 

Посветено на сите жени кои ги даваат своите животи за доброто на семејството.

 

СПОДЕЛЕТЕ

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали нашите деца ќе бидат „загубена Ковид-...
Поради многуте корона-рестрикции во медицинската и социјалната сфера, од кои се опфатени и младите, УНИЦЕФ на Светскиот ...
5
Колку сте полоши со детето, полошо станува...
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзи...
4
Како да ја прекинете "војната" дома?
Најстарото дете секогаш го има на пик она „средното“ кое пак од ден на ден го задева се повеќе она најмалото. Можеби и о...
4
Љубовта што ја учат децата
Секој родител сака неговото дете да расте со чувство на љубов и сигурност. Но, понекогаш без да сме свесни начинот на ко...
4




Анкета

Капење бебе.
пеперутка16

Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)