|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Aqua park – совети за супер забава со детето!

Редакција Рингераја, 25.7.2013
Аква паркот е во летните горештини омилено место за забава за децата и уживанција за цело семејство. Во прилог се неколку совети како да се забавувате што подобро и да спречите непријатни ситуации

image
/11


 

 

Во Македонија во последно време се отворени неколку аква паркови, така што ова лето можете да избирате каде ќе го носите детето на добра забава. 

Во прилог се неколку совети како да се забавувате што подобро и да спречите непријатни ситуации:

 

-        Гледајте да стигнете во Аква паркот што порано за да ја избегнете гужвата и да фатите добро место во ладовина или под чадор.

-        Ако можете да избирате  место со лежалки гледајте тоа да биде таму каде што очекувате дека Вашите деца ќе поминат најмногу време. Тоа секако ќе биде во близина на плитките базени и малиот тобоган.

-        Опремете ги децата со гумени обувки, или обувки за во вода. Околу базенот обично се ставаат рапави плочки на кои детето не може да се лизне, но подобро е и Вие да го осигурате детето од паѓање.

-        Неопходни работи за детето и за Вас: доволно вода, заштитен крем за сончање, резервни купачи, шешир и крпа.

-        Секогаш држете ги децата на око, посебно ако има гужва во базенот и без оглед на тоа колку добри пливачи се. Може да се случи некој ненамерно да ги удри во вода, или да се слизнат. Ако се спуштаат по тобоган, бидете секогаш во близина кога ќе паѓаат во вода.

-        Најдобар начин своите деца лесно да ги најдете во гужвата е да им ставите купачи со дречлива боја.

-        Проверете на кои тобогани смее да се спушта Вашето дете, а на кои не. На сите поголеми тобогани од безбедносни причини е назначена долната старосна граница, или минималната висина на детето. По тобоган децата никогаш не смеат да се спуштаат со главата надолу!

-        Внесувајте доволно течности и Вие и децата. Потрудете се да испиете по една чаша вода на секој час.

-        Правете подолги паузи од директно изложување на сонце за да избегнете сончаница. Додека се во вода, главите на децата им се постојано на сонце.

-        Мачкајте ги децата  со заштитен крем за сончање. Носето, вратот и рамената мачкајте ги на секои два часа. Почекајте кожата да го впие кремот пред повторно да го пуштите детето во вода.

-        Ако останувате цел ден испланирајте ги оброците, без оглед на тоа дали ќе ручате во ресторанот или ќе носите храна од дома. Спортувањето во вода отвора апетит, па подобро земете овошје за ужина, отколку грицки и колачи.

-        Внимавајте на своите работи. Најдобро е документите, клучевите од колата и останатите вредни работи, да ги ставите во шкафче кое се заклучува. Ако тоа не Ви е на располагање, погрижете се тие работи да Ви бидат под око.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Искрено писмо до мајката во црвениот капут
Блогерката Unmumsy Mum го напиша овој прекрасен пост за да им докаже на другите родители дека не ги осудува заради лошот...
3
KidzOmegaTM
KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
2
Алергија на мобилен телефон?
Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.
2
Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
2




Анкета

sara
bonbon4e

dali vi se dopaga imeto sara?

da mnogu e ubavo (33%)

da (36%)

pa ne bas (23%)

ne (8%)


Број на сите гласови: 140

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!