Солена бајадера
Автор:
Редакција Рингераја
За слави, имендени, родендени...најубавата солена бајадера!
Подготовка
Обарете го месото во солена вода, исцедете го од течноста, изладете и ситно исецкајте. Шунката исечете ја на резанки, изрендајте го кашкавалот на крупната страна од рендето, а шампињоните исечете ги на листови. Тепсијата за печење со приближна димензија 30х20 cm. подмачкајте ја и посолете ја со брашно. Со обареното и исецкано месо прекријте го дното од тепсијата, ставете ги шампињоните, одозгора ставете ја шунката ии на крај ренданиот кашкавал. Изматете ги јајцата и павлаката, додадете 1 лажица брашно, прашак за печиво и мешавина од зачини по сопствен вкус. Изматената маса прелијте ја преку наредените состојки во тепсијата. Одозгора ставете алуминиумска фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути. Оставете да се излади, најдобро во фрижидер, за да можете да изечете убави, правилни парчиња. Добар апетит!
Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 100
Kомплицираност: 3
Состав
500 гр. бело пилешко месо
300 гр. шунка
300 гр. кашкавал
200 гр. маринирани шампињони
5 јајца
200 гр. кисела павлака
1 лажица масло
2 лажици брашно
прашок за печиво
мешавина зачини
-
забава Бремените
Автор: bobik Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Анкета
Jana9
Dali pravite zimnica?
Da (100%)
Ne (0%)
Malce (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

