Полнети компири со шунка
Автор:
Редакција Рингераја
Одлично јадење за летните денови
Подготовка
Измијте ги компирите и ставете ги да се варат околу 10 минути, колку само малку да омекнат. Изладете ги и ги исечете ги на половина. Извадете дел од внатрешноста.Зачинете со сол и црн бибер. Измешајте ги матените јајца со рендано сирење и поголемиот дел од шунката, исечкана ситно. Додадете ја внатрешноста од компирите, сечкан свеж кромид и малку оригано. Полнетите компири наредете ги во соодветна тава. Додадете малку вода и ставете ги да се печат. Извадете ги и покријте го секој компир со парче кашкавал, посипете со уште малку ситно сецкана шунка, малку оригано и запечете ги, додека кашкавалот се растопи.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3
Состав
компири - 6 по - големи
масло - 50 г + малку масло
шунка - 300 г
јајца - 3
сирење - 300 г
кромид - 2 стапчиња пресен
оригано
кашкавал - 12 парчиња
сол
црн бибер
-
забава Бремените
Автор: bobik Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Анкета
Jana9
Dali pravite zimnica?
Da (100%)
Ne (0%)
Malce (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

