Felly RR
		   
		
		   
		  
		   
		 | 
	  
		
		
		    ИЗВОРНА ПОРАКА:  zzaa      Барав, ама не најдов ваква тема      Цело време слушав дека во овие скокови (3/6 ден, 3/6 недела, 3/6 месец итн) бебињата цицаат повеќе и почесто, за да поттикнат поголемо производство на млеко кое ќе им треба како растат од ден во ден, и во тој период мајките се наоѓале пред дилема да воведат АД млеко пошто сметале дека штом е бебето цело време на града значи дека е недохрането.   Требаа многу нерви и трпение за да се издржи периодот и ако немав прочитано за овие скокови во развој, најверојатно очите ќе си ги извадевме со мм за тоа кој ја разгалил     Читав по странски форуми, а и добив потврда од педијатарот, дека скокот може да се манифестира во многу многу често цицање или одбивање на истото, ама и во двата случаја кенкањето и плачењето не ви бега    Велат после скоковите, бебето почнува да прави нешто што дотогаш не го направило..     Дали, и како, вие драги мамички поминавте скок во развој?          ИЗВОРНА ПОРАКА:  Ikana RR      Браво ЗЗаа, мојата болна точка!       Откога е родена моја М, користам една многу убава апликација, може и како книга да се најде, се вика Чудесни недели (The Wonder weeks).       Имено, бебињата од моментот на раѓање па се до скоро 18 месеци поминуваат низ вкупно 10 развојни фази, а сега ќе ги набројам и кои се....      1. Адаптација на новата околина ( меѓу 4,5 и 5,5 недели)   2. Шеми (меѓу 7,5 и 9,5 недели)   3. Забележување на спори и мазни движења (меѓу 11,5 и 12,5 недели)    4. Настани (меѓу 14,5 и 19,5 недели   5. Врски (22,5 и 26,5 недели)   6. Категории (33,5 и 37,5 недели)   7. Секвенци, низи (41,5 и 46,5 недели)   8. Програми (50,5 и 54,5 недели)   9. Принципи (59,5 и 61, 5 недели)   10. Системи (70,5 и 76,5 недели)      Почетокот на секој скок во развојот се карактеризира со промена на однесувањето кај вашето бебе, значи, бебето е пораздразливо, повеќе сака да биде со вас, повеќе сака да цица, не сака да јаде, протестира кога му менувате пелена, кога го бањате итн....              
			
								
			
			 
  _____________________________
  Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain. 
				  	
		  
		  
		  
		 |