|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Назад во градинка после подолга пауза..
12.8.2013 10:31:34   
vezilka RR
Денес требаше да ни биде прв ден во градинка после месец иполовина. Прво не можев да го разбудам толку рано оти се привикна да спие до покасно. Па потоа плачеше и врескаше скоро еден саат. Не рече стриктно не сакам во градинка, ама изведуваше триста глиупости, па сакам млеко, па не сакам, пе не сакам во оваа чаша, па не сакам во таа, па сакам да мочкам, па не сакам, и така скоро еден саат. Не успеав да стигнам да го однесам оти 8:40, уште дома не најде. И го однесов кај мајка ми. Штом му реков ајде ќе одиме кај баба, тогаш сам ми вика, епа добро, тогаш утре ќе одиме во градинка да си играм со другарите, денес е празник, не работи градинката.

Си викам дали е можно сега пак да не сака да оди после толкава пауза. Пак ли ќе ни треба време за навикнување? Не знам како оди тоа, ајде мамички со искутвана темава пишете..
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
12.8.2013 10:40:16   
Mihaela 2010
Mnogu normalno e takvoto odnesuvanje kaj decata,od pricina sto povekje vreme sme bile so niv,legnuvanje do pokasno,stanuvanje pokasno,tuka se mama i tato,setanje,odmori i slicno..
Pa i nie posle odmori koga trgame na rabota ne funkcionirame bar uste nekolku dena dur da se adaptiras a kamo li tie..
Nisto strasno,dur da se vrati vo kolosek,dokolku mu se tamo ucitelkite i povekjeto od drugarcinjata nema da imate nikakov problem

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
12.8.2013 13:38:31   
Snowhite RR
И ние ќе имаме ваков случај најверојатно, зашто еве веќе месец и пол не оди, а најверојатно нема да оди до септември и сега кога одвреме навреме ќе му спомнам за во градинка вика не сакам во градинка да одам. Ама мислам само многу зборување за градинката, за другарчината, за играњето таму и ќе сакаат да одат, се разбира првите неколку дена можеби ќе биде потешко, а после тоа мислам дека ќе се привикнат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
12.8.2013 14:45:18   
vezilka RR
Ама мене тоа ме зачуди оти тој воопшто не зборуваше дека не сака, туку напротив, секој ден ги спомнува другарчињата од градинка. Кога ќе го прашавме дали сака да оди во градинка, викаше сака. И сабајлево, оп. Штознам, па си викам да не не беше наспан па затоа цмиздреше. Ајде утре ќе имаме втор обид, па ќе видиме.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
12.8.2013 15:06:30   
Yummy Mammy
Znaci nas ova redovno ni se slucuva, posle sekoe sedenje doma podolgo od edna nedela. Uste vo sreda pocnuva da prasuva koj den e utre, zasto znae deka vo ponedelnik ke odi vo gradinka. I ne deka ne saka, nego se ligavi samo. Sabajle kuka, se treska od zemja, a koga ja zimame srekna, vesela, izigrana, raskazuva koj sto pravel denta...
Normalno im e da se umilkuvaat malku...

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
12.8.2013 16:28:43   
masa
Нормално е таквото однесување после подолга пауза.И ние ќе бидеме дома месец ипол и од септември пак во грдинка па уште сега се мислам како ќе не биде,знам дека ќе има плачки,а и повеќето дечиња што правеа пауза нема да сакаат да одат и ќе биде општ хаос,како на колење да ги носиме секое утро.Јас сепак уште од сега ќе почнам да ја подготвувам психички за тргнувањето во градинка.Лани исто не одеше во август и кога тргна во септември немаше плачки првите денови,а беше во нова училница и со нови воспитувачки,но кога ги гледаше другите дечиња,од кои половина беа нови, како плачат и таа почнуваше да плаче.Период на адаптација е,само трпение и ќе помине.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
23.8.2013 19:23:09   
Felly RR
И ние ќе се спремаме за плачки од 1 септември. М е дома еве веќе 2 месеци, и знам дека малку ќе биде тешко враќањето анзад. Ама почнавме да се спремаме затоа уште од сега. Вчера купивме нов ранец за во градника, па денес тетратка, боички. Па таа се радува, па ептен ни е ќеф што сега ќе одиме во големата група (во средна де, ама кај поголемите дечињаuser posted image ) и така некако си велам да биде побезболен тој период.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
26.8.2013 14:39:10   
sandriana RR
Т беше 2 недели дома, на распуст, и денес ја однесов во градинка. Немаше проблем до моментот кога требаше да облечеме патичиња за во занимална....е, тука почна хистерија. Детево ми се закачи како со клешта за мене, и почна да припаѓа, да плаче, да губи воздух... дури и мене ме расплака, што до сега не се десило.... Едвај ја презеде воспитачката, за да излезам јас....и сега цел ден ја мислам...да видам како се адаптирала.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
26.8.2013 15:34:38   
AnnaMolly RR
Филип скоро цел месец не беше во градинка. Последнава недела секое сабајле ми викаше Ајде мамо облечи ме и носи ме во градинка.
Еве сабајле отиде по еден месец пауза и и се јавив на учителката, ми рече дека бил пресреќен, се испогушкал со другарчињата и бил многу весел и расположен.
Многу се радувам дека немам проблеми со одење во градинка ама ич.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
26.8.2013 15:40:06   
elenak
Браво Филип, умен дечко е тој. Ние уште не одиме во градинка ама знам дека нема да биде лесноuser posted image Отсекогаш им се восхитувам на деца што сакаат во градинка, многу полесно е и за родителите а и за нив.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
27.8.2013 9:44:46   
sandriana RR
Денес поминавме супер user posted image
Малку во кола ми се гребеше дур одевме накај градинка, ме галеше, ме грепкаше и ми се смешкаше со едно лигаво "мамоооооооооооо, мамооо маааа..", ама кога стигнавме не плачеше. Беше умна, си облече патичиња и си влезе со воспитачката за рака.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
27.8.2013 10:02:59   
Felly RR
Ќе се среди сандриана, ќе види дека мора пак да се врати на старата рутина, и нема да се буни - ако претходно сакала градинка. Сите, така, се навикнуваат на седење дома, па после пак им доаѓа како промена повторното одење во градинка.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
2.9.2013 15:51:26   
vezilka RR
Ете не назад во градинкапосле пауза од два месеци. Прво се расплака кога му кажав дека ќе одиме во градинка. Ми вика сакам кај баба, сакам кај тете и кај други таму некои ми редеше. Па ми вика, мамо денес е празник, не работи градинката ти се збуни. Абе сите финти ги проба. Па се смири, па кога стигнавме пред градинка, пак се расплака. И додека чекавме да видиме каде ни е училницата, оти имавме промена, се смири и ми вика, мамо јас нема да плачам, јас многу сакам да одам во градинка. Уф, јас ептен се плашев, оти и учителките ни се сменети, и не се комплет сите деца, па се чудев како ќе прифати. Кога го земала мајка ми и рекле добар бил. Хи, хи.. ќе видиме, утре, задутре..

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
7.9.2013 2:47:15   
Snowhite RR
Назад во градинка, па назад дома. Сите што немаа резултат од брис не' вратија, па така си направивме брис и имаме бактерија во носот и сега ќе си поседиме уште малку дома. А како сакаше да оди, со ќеф стана за во градинка и не сакаше да си замини од таму, ама тоа е, барем вака ќе знаеме дека се сите здрави, да се надевамеuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
7.9.2013 13:38:35   
srculko
Posle podolga pauza sin mi gradinkata ja rifati sega za sega odlicno,so ogled na toa deka pocna pred nekolku dena megutoa mene me zagrizuva drugo abe tri dena vo gradinka cetvrtiot ostana doma odma so rasteveno nose e neznam lani zatoa go otpisav ako bide vaka i godinava neznam so ke pravime pa sekoja nedela se razboluvase i sega ako pocne pak kaj ni e krajot

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
2.3.2014 12:45:23   
Felly RR
Загрижена мама, твоето прашање го префрлив во друга тема КЛИК ТУКА, бидејќи не се однесува само на проблем после пауза од градинката. Се надевам дека во таа тема ќе најдеш повеќе совети, и ќе го надименте овој проблем. Имај пријатна дружба на Рингераја, ДОбредојде!!!

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Zagrizhena mama)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
11.9.2014 12:03:44   
vezilka RR
Лелеее годинава колку лесно поминавме за разлика од лани после летниот распуст. Сам бараше, без проблем стана и со ќеф си тргна, весел и во исчекување. Их, ми порасна детето.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
11.9.2014 12:21:49   
Felly RR
И ние до сега, да не се подречеме, добро ни оди. Немавме никаков проблем иако дома беше повеќе од 2 месеци. Така и да продолжиме user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
4.3.2015 20:21:27   
Snowhite RR
Последните постови се префрлени ОВДЕ

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
5.3.2015 21:49:32   
Defne90 RR
Ние од понеделник повторно тргнуваме на градинка после две ипол недели.Ама синко толку не сака да оди што си се чудам како ќе се справуваме.Си се навикна дома да си седи и сега не знам како ќе се привикнува пак.Знам дека ќе биде потешко првите неколку дена ама додека да поминат тие.Ништо ќе си чекаме понеделник па ќе видиме како ќе реагира.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Назад во градинка после подолга пауза..
1.12.2015 13:13:42   
Melanija RR
После 4 месеци прв ден во градинка user posted image Од станување кога го потсетив каде ќе одиме кенкаше,плачеше,сто и еден збор за игра,играчки,неплачење.... се смири и вика ајде од гага.По пат се супер ,одам гага.Влегување нормално,го расоблекувам уште ок,доаѓа воспитувачка и јон несак да влезе во училница.Ајде со мене за рака на сила 2м ,оди мама, оди купи како,дојде мама гуш (да омам да лупам чоколадо и кога ќе го земам да го гушнал силно и дадам крем бананче) ова се ни е предходно договорено.

Цмиздри и влезе.Јас местам алишта кога ете ги носат во вц ,ме виде и право во раце.Ајде пак чао му викам и тој чао и се заврте. И така 1,5 саат предградинка. Не да издржал и се заиграл.Сама влегов после толку време,и воспитувачка ми вика а М си игра со камионче.Го викна си излезе ,малку гуш и толку.Јас прашувам што како тој се пентари на клупа,отвара шкафче.Топ и вика на учителка ,,ас дојдам пак,,/.
Сега спие ,се надевам ќе се дозаигра и со децата, се на се ок.Имав убава мисла дека покрај толку деца и играчки ќе биде ок.Се надевам ќе биде добро, потешко ќе биде само со разболување.


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 21
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?