|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Доење на предвреме роденото бебе
29.6.2010 16:00:56   
Палешка РР
Доењето е многу едноставен, но може да претставува и многу сложен процес ако вашето бебе е предвреме родено.

Овие бебиња треба често да се хранат иако тоа може да значи дека најголем дел од времето мајката ќе го помине во доење или хранење со формула. Децата родени пред време имаат мал желудник и имаат потреба да јадат на секои 2 до 3 часа. Способноста доволно ефикасно да цицаат е исто така за нив голем проблем земајќи ги во предвид нивната големина, снага и функционална незрелост. За нив сериозен проблем претставува и координацијата меѓу цицањето, голтањето и истовременото земање на воздух т.е. дишењето. Оваа состојба на недоносените деца треба да биде соодветно “респектирана”. Заради оваа реална ситуацијата, мајките треба уште во породилиштето да бидат едуцирани и практично адатирани за да бидат подготвени и во домашни услови правилно да се снајдат со доењето. Цицањето може да не биде доволно ефикасно и затоа на нив им треба многу повеќе време за еден подој отколку на терминските бебиња. Кај децата кои се недоволно активни при доењето и често заспиваат, постои можност мајката да го додава нејзиното измолзено млеко (со лажичка) како дополнение на подојот. Начинот и динамиката на хранењето треба да ги спроведувате според упатствата на педијатарот кој е задолжен за следење на вашето дете.

На форумот имаме една мајка која успешно го дои своето предвреме родено бебе. Би ја замолила неа, а исто така и другите мајки кои ги дојат своите предвреме родени бебиња, да го споделат своето искуство со нас.

user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.6.2010 21:59:52   
Тања РР
Да, јас и моето девојченце сме пример дека доењето на предвреме родените деца НЕ Е  невозможно.
Ќе се обидам да објаснам како тоа одеше кај нас со цел да помогнам на други мајки кои ќе се најдат во слична ситуација на нашата.

Имено, мојата Јана се роди во 31 недела со 1460 грама и неонатална сепса. Ја сместија во инкубатор, добиваше кислород преку маска и тројна антибиотска терапија за инфекцијата. Остана во болница 27 дена а мене ме пушија уште третиот ден со изговор дека болницата нема капацитет да ги задржи сите мајки чии бебиња се наоѓаат во одделот за интензивна нега.
Млекото ми надојде петтиот ден од породувањето и јас цврсто решив дека ќе го зачувам за моето дете затоа што знаев колку тоа ќе значи за него.  Купив пумпа за измолзување но беше премногу болно и неефикасно па почнав да се измолзувам рачно. Измолзеното млеко го фрлав затоа што не знаев дека постои можност да се замрзне и подоцна да му се даде на детето. Особено ми е жал што мојот колострум заврши во мијалникот наместо во устето на моето чедо.
На почетокот млеко имаше малку, 40 мл од двете гради, но од ден на ден измолзената количина се зголемуваше.
Кога после 28 дена ја донесовме Јана дома таа имаше 1740 грама и од болницата ми рекоа дека примала по 40 мл млеко преку сонда на секои 3 часа. Пробав да ја ставам на града и бидејќи бев неискусна мислев дека цица. Кога по три дена ја измеривме нејзината тежина беше 1620 г. (!!!!) Кутрото дете немаше развиено рефлекс на цицање и не можеше да координира цицање и дишење истовремено но мене тоа никој не ми го кажа.
Одлуката беше едноставна. Ќе ја хранам преку шприц. Тука сакам да обрнам внимание на постапката на хранење. Пред се, потребно е комплетна стерилност затоа што предвреме родените деца немаат имунитет. Ги миев рацете со сапун и топла вода, ги бришев исклучиво со хартија (никако со крпа), се измолзував во стерилна чаша (од оние што се продаваат во аптека, за урина) и капка по капка го давав млекото преку стерилен шприц (5мл) за еднократна употреба. Таквото хранење траеше дооооолго и беше многу макотрпно а го повторував на секои 3 часа. Лесно е да се пресмета дека спиев во епизоди од 1-1,5 час па  ја повторував постапката (деноноќно)
По десетина дена поминавме на шишенце. Првиот пат заради некоординираноста со дишењето детето помодре. Наредниот пат знаев дека мораме да паузираме на секоја минута. И така од ден на ден Јана цицаше се повеќе и повеќе и се побрзо и побрзо. Постапката на измолзување беше иста само што сега млекото го собирав директно во шишенцето кое го стерилизирав по секое хранење.
Станав експерт за измолзување :)) За 15 минути измолзував по 120 мл млеко. Не беше воопшто едноставно, прстите на раката ми трпнеа а мускулите ми беа воспалени. Сепак, кога на крајот на денот собирав колку милилитри испила Јана заборавав на се`. 300, 350, 400, 500 мл за 24 часа.

Да не заборавам, пред секое давање на млеко од шише ја ставав неколку минути на града но таа не успеваше да повлече.

Еден ден, (после 3 месеци)од никаде, моето дете почна да ја одбива цуцлата. Како да заборавила да цица, ја џвакаше и се нервираше. Колку само се испаничив! Беше гладна, навистина гладна, ја ставив на града и види чудо......почна шумно да голта од млекото.
На почетокот ми беше чудно, се нервирав затоа што не знаев колкава количина пие, дали и е доволно  или малку но таа продолжи да напредува а јас искусив колку се благословени мајките кои ги дојат своите чеда.

Еве, веќе два месеца цицаме од града и убаво ни е. Кога ќе легнеме свртени една кон друга, ќерка ми ќе ја фати мојата града со двете раце и задоволно ќе почне да голта јас се топам од среќа и знам..... ВРЕДЕШЕ!


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.6.2010 22:25:32   
Палешка РР
Ме расплака Тања. user posted image  user posted image  user posted image
Колку возвишена приказна!!!
Знам, не, СИГУРНА СУМ дека ќе поттикнеш многу мајки да дојат.
Нека се обидат мајките кои не читаат, мајките кои очајно го чекаат своето најмило да се врати од болница, да го задржат млекото. ВРЕДИ!


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.6.2010 22:38:46   
Martins mom
Колку е среќна Јана што има мајка како ТЕБЕ !!! user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.6.2010 23:59:32   
Тања РР
Благодарам мили.
Кога зборувате така ме терате да помислам дека сум направила нешто посебно но јас навистина не се чувствувам така. Јас само го правев она што мислев дека е најдобро за моето дете. Зарем секоја мајка не го прави истото?


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
30.6.2010 0:28:51   
amelbebe
tanja sekoja majka go pravi istoto,ama sekoja majka ne e uporna kako tebe bravo,najiskreno vredese mlekoto sto go zacuva .Znam kako e da se frla mleko i kolku se place na sekoja isturena kapka mlekouser posted image jas koga se porodiv dobiv dve bakterii i me odelija od Amel na 15 dena bev vo izolacija i ne si govidov deteto i se izmolzuvav samo da si go zacuvam mlekoto,tazno ama vistinito user posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
1.7.2010 14:23:07   
dostickage
Tanja,koga te citav mi dojdoa solzi.Me potseti na sebe koga gledav kako tolku majki so predvreme rodeni decinja go frlaa kolostrumot.Mene mi bese najtesko i seuste mi e tesko sto prvo voopsto nemav mleko a potoa primav i terapija  za da i ponatamu ne nadojde.Se toa bidejki  morav sto pre da pocnam so hemoterapii...:(
Sega sme na Pre Nan pa neka e zivo i zdravo vikamm jas i so toa kje porasne:)

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
14.6.2011 14:30:19   
Melanija *
Gi procitav vasite iskustva i pouki i odluciv da vi pisam. Moeto bebe sega e vo inkubator veke 14 dena, a jas imam mleko. Sekoj den se izmolzuvam so nadez deka ke go socuvam mlekoto dodeka taa da dojde doma, no me zagrizuvaat nekolku prasanja. Prvo dali ke uspeeme da se naucime na cicanje imajki predvid deka e rodena vo 31 va nedela koga ne i e razvien osetot i instinktot za cicanje. Dali ova mleko sto sekoj den go isturam vo mijalnikot, moze nekako da se zacuva i da se zamrzne i kako? Dali potoa treba da pocnam so spric, dali ke nekoj ke me sovetuva kako da ja hranam?
Procitav tolku mnogu problemi so koi ke se soocam zaradi toa sto taa e rodena predvremeuser posted image
ah kolku sum nepodgotvenauser posted image

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
14.6.2011 14:51:30   
penelopa
Меланија јас ќе те охрабрам user posted image user posted image user posted image твојата ќерка е борец и сигурно за некоја недела месец дена ќе си дојде дома. Во врска со млекото многу е добро што го имаш измолзувај се и понатаму на секои 3 часа ќе го задржиш ќе видиш- даколку си во можност купи си добра машикна за измолзување( рачна или електрична). Зарем никој досега во болница не ти кажал дека твоето млеко можеш слободно да го складираш во замрзнувач и дека може да се употребува до 3 месециuser posted image Мила разпрашај се сигурно ќе те посоветуваат. И уште нешто доколку го хранат бебето инсистирај да е тоа твое млеко( бидејќи го имаш) ти носи им па они нека ја хранат. Немој воопшто да се секираш убедена сум дека ќе ја научиш и да цица само ќе бидеш упорна.

Многу позитивна енергија ти праќам и се надевам дека во брзо време ќе се гушкате со user posted image Тешки се овие моменти за вас но ќе ги пребродите и ќе ве направат посилниuser posted image


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Melanija *)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
14.6.2011 15:04:37   
penelopa
Вакви има за складирање на млеко од Авент, побарај се надевам ги продаваат во Мк.

user posted image


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
15.6.2011 16:21:28   
tinush
Ајде Меланија, па да ни донесеш убави вести. Имаш кеси за замрзнување и во бебесупермаркет позади Универзална или најди ги на ФБ имаат профил можеш да ги нарачаш ти ги носат до дома. Ги произверува Лансинох 25 парциња 440 ден. Мн се добри ги користеше наша пријателка.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
23.6.2011 23:47:05   
Natuska85
Сите постови за подршка на малата Меланија* се преместени тука,
и слободно можеме да продолжиме со дискусија таму.Се надевам на разбирање.  user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image милиони гушки за малата Меланија и најголеми желби што побрзо да се гушка дома со мама и татоuser posted image




_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.12.2011 2:11:22   
Ikana
Me pottiknavte da go napisam i mojot slucaj so doenjeto. marina se rodi vo 35 nedela + 1 den so 2600 gr i 47 cm. Iako spored goleminata nejziniot prematuritet ne bese znacaen i se smeta za granicen, sepak taa go nemase steknato imunitetot kako terminskite bebinja. Otkako dobi infekcija i bese tretirana so dupla antibiotska terapija nejzinata rodilna tezina se namali na 2420gr. Na intenzivna nega vo Detska klinika ja hranea so vestacko mleko, i po nekolku dena mi soopstija deka se popravila 120gr, odnosno ima 2560gr. togas i jas pocnav da se molzam i da i go dodavam moeto mleko koe za srekja sodrzese uste malku kolostrum bidejki prvicno, jas primav jak antibiotik poradi operacijata i ne smeev da dojam, i najubavoto mleko bukvalno go frlav. Srce mi se kinese sto koga najveke i trebam ne mozam da bidam do nea. Po nekolku dena mi dozvolija da ja izvadam od inkubator i da ja stavam na grada da probame cicanje. Nemavme nikakov problem taa vednas ja fati gradata i jas mislev deka bebcheto najnormalno si cica. otkako si otidov sestrite primetile deka seuste e gladna i ja dohranile so adaptirano mleko, a taa gladnicka ispila uste 60ml. Nikogas nema da go zaboravam momentot koga prvpat po 5 dena gi otvori ocite i mi go vide liceto....se nasmea ako mi veruvate!!! Taka jas i mojata Marina se zapoznavme. Po dva dena ja kacija kaj mene vo soba na neonatologija, i sekoj podoj se trudevme maksimalno da se naucime od grada da cica, megjutoa ocigledno bese deka na bebeto mu treba dohranuvanje, pa resiv da se izmolzuvam i mlekoto da go cuvam za da mozam po cicanjeto da ja nahranam ubavo. od dvete gradi maksimum sto sum izvlekla za 30 min e 110 ml. Sepak 2 ili 3 dena stagnirase so tezinata i pokraj intenzivnoto hranenje. Imase i drug moment. Imeno trebase da si odime vo ponedelnikot i jas bukvalno so edna noga preku pragot od sobata ja primetiv kako pravi nekoi nekontrolirano trzai so glavceto no ne im pridadov znacenje mislejki deka se nekoi refleksi. Sestrata dojde da i ja dade poslednata doza od terapijata i gi primeti trzaite i pocna da vika po doktorkata. Vednas ne pratija na eho na mozok i utredenta na EEG i video EEg, od koi vtoroto bese neuspesno bidejki ne sakase da zaspie za pregledot. Prvoto EEG bese super, pu masala. Ne zadrzaa uste 2 dena i ni dadoa terapija. otkako 2 dena bese pod opservacija i pokaza deka reagira na terapijata, ne pustija doma, so toa sto treba da se vratime i da go povtorime video EEG-to. Marina pred da si zamineme od bolnica tezese 2700gr. Pocna da napreduva, poleka no sigurno. Denes ni e prv den doma. Se hranime na 2 casa, eden obrok so majcino a drug so adaptirano mleko. Uzivame sekoj moment zaedno, bidejki znaeme kolku e bolna sekoja sekunda koga bevme oddeleni.

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.12.2011 8:35:10   
AnnaMolly RR
Ikana, браво за Марина што сака да си цица и браво за мамичка што не се откажува од тоа! Полека, полека, ќе си фати ред, ќе стави на тежина и се повеќе ќе си цица. Сега уживајте една со друга, гушкајте се. Огромна user posted image за Марина!


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.12.2011 9:58:04   
Maca25
Иканче срцка ептен ми е мило што сте и двете добри и што ти не се откажуваш од доење. Браво за малата кукличка Марина што е умна и послушна и си цица мајчино млекце. user posted image user posted image user posted image душа мила колку е убава!!!

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.12.2011 10:06:45   
Natuska85
Икана добредојдовте домчеuser posted image .Да си се гушкате,уживате и подалеку од тие болнициuser posted image . И моето user posted image е родено 35 недела + 6 дена со тежина 3420 гр и една недела беше во инкубатор поради сеуште влажни бели дробови. Јас за тоа време се измолзував рачно за кога го извадија од инкубатор да почне да си цица баш лакомо.Пошто одев на секои три саати да го дојам во меѓувреме и навечер им даваа и адаптирано, меѓутоа кога дојдовме домче продолживме само со доење и така до 4,5 месеци бевме на ексклузивно доење,за потоа да почнеме и со дохрана.Еве денес имаме скоро 8,5 месеци и сеуште цицаме и одлично напредуваме во тежина.
Огромни гушки за Марина и знај дека се ќе биде во ред,они се наши мали борци за кои не сме ни сами свесни колку се можат да издржат.user posted image


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.12.2011 10:19:28   
anedespo
Ikana, ubavo sto pojasni, pa da mozeme da ti dademe nekoj sovet. Prvata nedela e normalno deteto da stagnira pa i da namali tezina i toa do 10% od rodilnata tezina. Seto toa se dolzi ili na fizioloskata zoltica koja gi pravi pospani i nevolni za cicanje, nemanje dovolno zrelo mleko kaj majkata vo gradite ili prvite kakanja kaj bebeto koga go isfrla mekoniumot. Znaci deka kaj vas e se uste rano i poleka maloto ke si go fati redot. Seuste e malo i ke vidis deka so redovno doenje a ne odmolzuvanje pa pienje od sise ke napravis proizvodstvo na dovolna kolicina na mleko (mlekarauser posted image ), pa ke nemas potreba od vestacko. Hrani go maloto i od dvete gradi, odmolzuvaj da dojde gustoto mleko pred da ja nadois. Pa i pocesto neka cica, probaj taka edna nedela i meri ja na vaga. taka najdobro ke vidis a i samata ke se uveris deka tvoeto mleko i e dovolno. Probaj pa pisi. 

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.12.2011 16:44:26   
Ikana
ehh sto bi jas bez vas....zenski ako mi veruvate ne mozam da postignam so hranennjevo na 2 saati i krsh mi e sto moram so vestacko da ja ranam, ama ne mi stiga, aj barem jade pu pu masala...mozda i nema sila da potegne ubavo pa vlece vo prazno i normalno ostanuva gladna...megjutoa uporno si ja stavam na grada i uporno se molzam i se trudam sto poveke da gi namalam obrocite so vestacko mleko koi vo momentov se 3 do 4 dnevno, sto sepak e mnogu. Eden moment dojdovme do idealnoto...samo 1 ili niedna dohrana so vestacko, megjutoa gi napravi tie momenti na brzi potezi i se somnevaa na hipoglikemija, pa ete na 2 casa sega ni rekoa da se ranime. Treba mnogu da se bide uporen i trpeliv jas mislam, sepak Rim ne se izgradil za 1 den... Ve gushkam zenski moi!!!!
user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
29.12.2011 17:11:55   
mamadise
i moite bliznacinja se predvreme rodeni i toa vo 31+5 nedela, i veke 10 dena se na deckata klinika, odel za intenzivna nega, i ja se pravam za da si go zadrzam mlekoto, se odmolzuvam na sekoi 3 saati, i izmolzuvam skoro 1litar mleko vo tekot na denot.Znam deka e steta sto celo toa mleko zavrsuva vo mijalnikot, megutia takva e situacijata. Najkrivo mi e sto morav da go frlam i kolostrumor namesto da si go zamrznam, no bidejki se porodiv so carski rez i primav jaki antibiotici sekako bebinjata nesmee da go pijat toa mlekce. Se nadevam deka koga ke bide se vo red so moite mali soncinja ke uspeeme da fatat da cicaat. Bas vcera sestrata gi proveruvase dali imaat refleks za cicanje, i devojceto odma reagira i saka da cica, a maskoto nikako ne izreagira.Samo da mi bidat malite dobricki, pa ke naogame nacin da go primaat majcinoto mleko, se razbira deka e toa najdobroto.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
9.2.2012 14:25:31   
mamadise
Ete bev uporna i sekojdnevno se odmolzuvav samo za da go zadrzam mlekoto, i definitivno vredese zatoa sto mojata mala soncuska uspea da fati da cica, i sega si e zadovolno bebe koe si cica, no ja seuste odmolzuvam mleko, zatoa sto kolku poveke odmolzuvas, tolku poveke se stvara mleko, a ja seuste si go cekam i drugoto bebence da iskoci od bolnica, pa mora mama da ima mlekce za dvete nejzini soncenca, se nadevam deka i on ke fati da cica od grada iako sme tolku dolgo odvoeni eden o drug. Ke se trudime da uspee cicanjeto, ako ne ke mu davam odmolzeno mlekce, kako i da e najvazno e on da si spie majcino mlekce.

(Одговор на членот mamadise)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
9.2.2012 14:36:59   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamadise

Ete bev uporna i sekojdnevno se odmolzuvav samo za da go zadrzam mlekoto, i definitivno vredese zatoa sto mojata mala soncuska uspea da fati da cica, i sega si e zadovolno bebe koe si cica, no ja seuste odmolzuvam mleko, zatoa sto kolku poveke odmolzuvas, tolku poveke se stvara mleko, a ja seuste si go cekam i drugoto bebence da iskoci od bolnica, pa mora mama da ima mlekce za dvete nejzini soncenca, se nadevam deka i on ke fati da cica od grada iako sme tolku dolgo odvoeni eden o drug. Ke se trudime da uspee cicanjeto, ako ne ke mu davam odmolzeno mlekce, kako i da e najvazno e on da si spie majcino mlekce.



user posted image user posted image user posted image  i respect za istrajnosta,upornosta i dobrata volja.

Sakam vakvi lugje da ima sto povekje!

(Одговор на членот mamadise)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
9.2.2012 15:11:11   
ivoni4ka
e samo da znaete kolku tesko za majkite i bebinjata koi se so pomala rodilna tezina
ikana te razbram sovrseno
mojot poragaj bese fimsk za 2 casa vednas se oporaviv ja rodiv Anastasija 2500 46 sm dolga abgar 8/9
ama poradi bebuskata ne bev spiena 2 noki kaj nas vo Stip po 24 casa po poruvanjeto ti go donesuvaat bebeto i kaj tebe e celo vreme a jas pustata neznaev dali cica ili ne ja stavav na grada ama taa izgledase deka cica tuku bilo na prazno abe pisti vristi sto da v kazuvam ne zapira nikako ni da se izmori ni da zaspie ni nisto. i prvata vecer okolu 3 casot i rekov na sestrata od detska soba da vidi sto e rabota oti place ama izgleda na nea i se spielo pa me naprai rezil kako ne sum znaela sto i e koga posleden pat sumi dalada cica pa mozeb ne e glada i taka histericno mi ja stavi na desnata grada sto anastasija prosto zeni pomodre mi se idese da ja udram sestrata nisto
mi rece na saat vreme da ja stavam da cica, abe ona samo sto ke ja dopre gradata vesdnas zaspiva ama ne cica
ovaa golgota traese do 5 30 nautro koga konecno ja zema za da ja nahrani
utresnot den pak taa pesna ama pedijaterot preventivno rece da se stavi na fototerapija lele uge moi abe pisti vristi nikao ne pomaga ne jadenje ne cucla zalazuvalka nisto srceto m se topese ja gledav odaleku i placev i mislev deka ne e nvo red nesto so nea. potoa mi rekoa da se izmolzuvam i po 30 ml sekoj saat da i davam povtorno ne spiena a mene gradite kamen ke m puknat. vaka bese i koga si dojdovvme doma utredensta jas ja stavam mislam deka cica a taa nenzma na sto ziveelo sirotkoto koga vecerta otidov da se istuiram i imav izmolzeno prethodno 70 ml mleko i anastasija pocnala pak da place histericno i mm nezne sto da i pravi i so cucla i go dal zamislete 3 dena bebe go spilo detevo zaspa abe stanuvav da vidam adali diseuser posted image
i sfativ deka taa voopsto ne cica pa pocnav izmlzenoto mleko da go davam a povtorno da ja stavam da cca i stava cucla lazalka vo usto poleka poleka pocna da cica , na vakvo hranenje ekskluzivno na majcino mleko pokaci 380 gr
sega izgleda ne i stga moeto meko pa ja dohranuvam najmnog 1 doza Ad bidejki i go delam na pola nautro pola oklu 5 casot bidejki togas mam sosem malku mleko pa ke videme sto kako
znaci nikoj nisto ne kazuva za cicanje na predvremerodenite deca ili SGA kako moeto so pomala rodilna tezina
po logika kaj moze isto da ima sila 2500 g vbebe i na primer 3500 svasta, a i po nternet nema koj nzae sto
bidejki bev uporna da ja hranam so majcno mleko i seute sum inaku druga da bese ke se otkazese odma i vednas na adaptirano ama trudot se nadevam deka ke mi se isplati

< Поракaта ја уредил ivoni4ka -- 9.2.2012 15:15:52 >


_____________________________



(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
12.2.2012 11:37:28   
mamadise
Trudot definitivno ke ti se isplati, ja so mojata malecka bev odvoena 15 dena , i koga mi ja dadoa imase 1700 grama pa si fati da cica, malku se pomacivme ama najvazno e deka deteto seuste si cica i super si napreduva, a ja eve seuste posle podoj odmolzuvam mleko, i vo tekot na denot odmolzuvam 500 - 600 ml, i toa samo za da imam dovolno mleko i za mojot decko koga ke mi go pustat doma, pominati se veke 55 dena, ama ja uporno se odmolzuvam, i skoro sum ubedena deka i Nikola ke si fati da cica , a i on ke so niska tezina, iako ima skoro dva meseci seuste e 1930 gr, tezinata ke e tolku vazna, kolku sto e vazna upornosta na majkata da go nauci svoeto cedo da cica, jasko mi e kolku e toa naporno, no veruvajte vredi.
Na pocetokot bebcinjata iscicuvaat samo po nekolku kapki mlekce, i zatoa i pagaat vo tezina no toa e taka samo dodeka da se uhodaat, a posle vlecat kako smokovi, ova od iskustvo vi go kazuvam so moja Nikolija, sega tegne li tegneuser posted image user posted image user posted image .

(Одговор на членот ivoni4ka)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
12.2.2012 11:47:32   
Ikana
ISto i kaj nas, duri sega pocnuva ubavo ubavo da cica i da mi gi prazni gradite. Ahh sto maki vidovme prethodno, pistenje, pa na 2 saati jadenje, pa ima/nema mleko, pa ajde dohranuvaj ja....uzas!!! Sega lepota...ke si cicne ubavo, ako saka uste ke i napravam malce AD mleko i spie po 3 ili 4 saati...milina!!! Pu pu masala!!!

(Одговор на членот mamadise)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Доење на предвреме роденото бебе
15.2.2012 14:35:05   
DDmama
Zdravo i tukauser posted image ..eve go i naseto iskustvo..sin mi se rodi 1550 kg, 14 dena bese na intenzivna nega i poslednite nekolku dena pocna da pie od sise no adaptirano mleko..koga ne prefrlija na neonatologija, bidejki bevme zaedno toj pocna vednas da cica, iako imase samo 1460 guser posted image od togas ima tocno 1 mesec i 4 dena, nie postojano cicameuser posted image i sme se popravile 700grama..zatoa mamicki bidete uporni bidejki i vasite angelcinja sakaat da cicaat, nekoj porano, nekoj pokasno ke pocnat da cicaat, bitno mamicka da go odrzi mlekceto...

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Дали?
Jana9

Дали одите на шопинг со своите деца?

ДА (88%)

Не (0%)

Понекогаш (12%)


Број на сите гласови: 8

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!