|  Melanija RR   
   | ИЗВОРНА ПОРАКА:  Bethany 
 А зошто и како го пиете тоа масло, што бенефит има од тоа? :)
 Јас го исфрлив и маслиново масло од употреба во салати, ми се гади од вкусот и миризбата, не знам како би поднесувала некое друго масло.
 
 
 
 ИЗВОРНА ПОРАКА:  Hopeful 
 Bethany, здравите масти се исклучително битни во бременост - освен што се важни за општа енергија и како средина за витамините растворливи во масти, уште се неопходни за развојот на мозокот и очите на бебето, за плацентата, и многу други процеси.
 
 Маслото од лен има високи количини алфа-линоленска киселина, форма на омега 3 масната киселина, која е неопходна за организмот. Аргановото масло делува одлично на коса и кожа, а и двете масла придонесуваат за добра работа на срцето, ги намалуваат триглицеридите, го регулираат холестеролот, имаат антиоксиданси и, како и други масла, помагаат при празнење
   
 ИЗВОРНА ПОРАКА:  Bethany 
 Фала Хоупфул.
 А ве читам насабајле пиете со лажица, на гладно?
 
 Јас во прва бременост знаев да потопам ленено семе навечер во вода па насабајле тоа да го испијам, и користев ленено семе каде можев, ама тоа знам дека е битно посебно во трето тромесечје, омега масни киселини.
 Маслиново го користев секогаш во салати, ама можеби е и до брендот, плус ова ладно цедено е, нели подобро, ама одвратно ми е сега.
 
 
 ИЗВОРНА ПОРАКА:  lolla 
 Betani, ке с енавикнеш на вкусот. Јас си имам рутина. Ја голтам лажичката со масло ипијам одма цеден сок и нема гајле, после некое време и ми се свиѓа.
 
 Ке купам денес од лен и ми се умисли од тиква ке земам, па ке менувам. Аргановото е вкусно, има и омега масти а е многу добро и за сите клетки. Јас го обожавам и кокосовото масло, тоа е дури сладуњаво. Ајде куувај некое, па ако не бива ке ти го прекупам јас
   
 
 ИЗВОРНА ПОРАКА:  lolla 
 Хоупфул, од која фирма ти е лененото масло? Да знам да не купам некое ептен неубаво на вкус.
 
 
 ИЗВОРНА ПОРАКА:  Hopeful 
 Lolla, јас земам ленено масло од Виталија, а има и едни други македонски, мислам од Фила, и тие се добри. А кокосово масло/путер е исто добро, ама тоа е повеќе за во смути или за во десерти, па и за мачкање на кожа. Може да се мачка на стомак и за стрии, како додаток на смесата од Павловичева, АД капки итн
   
 
 
 _____________________________
 
 3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
 3 IUI =/, без терапија
  август 2013г. 
  Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни |