Hopeful RR
|
Јас еднаш правев витаминско-минерален статус кај една докторка од Охрид, која доаѓаше и во Скопје, заборавив како се вика. Ништо посебно тестот, но најбитното што ми го кажа е дека сум нетолерантна на лактоза, и дека сите здравствени проблеми ми произлегуваат од тоа. Со куп здравствени проблеми, отидов кај Цвета Динева, на која цел живот ќе и бидам благодарна - ме среди комплетно, така што и јас ја препорачувам. Заклучивме дека прилично ми одговара исхрана базирана на житарки и мешунки, потоа јаглехидрати од типот компири, тестенини и слично, дури и протеини од типот на јајца (бидејќи не јадам месо и риба), но ништо млечно. Секогаш кога применувам ваков концепт за исхрана, здравјето ми се средува преку ноќ, крвната слика топ, и расположението ми се подобрува. Сите некако олако си ја сфаќаме нетолеранцијата на храна, се додека не стане алергија, и не сме свесни колку ни влијае. Кај една моја другарка излезе дека алергијата на глутен е причина за тоа што не може да се имплантира ембрион, па сега го решава тоа со посебна диета по совет на Кочо. Како и да е, секој треба да го направи овој тест. Во Систина и Во Адриа лаб имаат дури онакви опсежни тестови за милион групи намирници и детална анализа, но скапи се, тоа да.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|