EciPeci
|
Ова е нашиот случај: На син ми му се појави кога имаше 20 дена. Го дојам и гледам на вратот како оптегната жила да има. Мајка ми ми вика жила му се оптегнала ништо не му е, дај ќе му го стоплиме вратчето со пелена и ќе му се повлече, ама мене јанѕа почна да ме јаде, каква жила, какви бакрачи. Одма му се јавувам на педијатарот и му објаснувам шо се десило и ми вика: а да, се случува таа состојба понекогаш, дојдете одма да го видам детето. Одиме и докторов ми вади една книга и ми вика еве читај што е работава јас додека го прегледам. Луѓе, читам, шо ќе прочитам, искривување на вратот, деформитети на лицето се од лошо, полошо, почна да ми се лоши и да ми се темни кога прочитав. Докторов вика, да тоа е, сигурно на Клиника го тегнеле за глава кога си се пораѓала. А не го тегнеа дефинитивно, пошто цел пораѓај си го видов и кога искочи главата и кога искочија раменцата. Ми вика оди на ортопед таму ќе ви дадат терапија. Одиме кај ортопедот и он ни две ни три, епа оваа состојба се нарекува тортиколис ќе дојде до искривување на вратот и укоченост на главата во десно бла, бла, бла јас веќе не ни слушав што ми збори човеков од шо ми се лошеше и туку едно време ми вика: а зошто, плачеш, ајдееее не е ова за плачење, ако не се реши со крем и вежби, има и операција. Леле, јас доживеав крах, готово... Да не должам многу, откако се средивме малце и отидовме уште еднаш кај докторов и се разбравме ко шо треба. Значи не е ништо алармантно (ама тоа што е за докторот секојдневие, за мене е новост и со едноставни нафрлања на информации и обајснување на најцрното сценарио, без да ми се каже дека тоа е скоро невозможно, беше ужас ) треба упорност и трпение, мачкање со крем и секојдневно постојано вежбање (многу едноставни вежби) и за еден месец ептен се намали хематомот. Го мачкавме уште 2 месеци и на последната контрола докторот рече заборавете дека го имал, скроз е изгубен. Сега останува само да се зајакне вратниот мускул т.е. да биде цврст како и друиот. Моментално син ми е добар, ја врти главата на двете страни, се си прави ко шо треба, само мора уште да се продолжи со вежби и контрола да не се повтори состојбата.
_____________________________
Pogledni kon sonceto i nasmevni se...
|