|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тој ден...
29.4.2009 23:44:32   
biljanaM
 Еве уште една тема каде ќе ги споделуваме искуствата за време на породувањето

Јас да ви кажам лесно поминав, хехехе...
Краен термин ми беше на 13.Воопшто не сакав да мислам што ме чека .На 8ми бевме на свадба и јас цело време играв.На враќање накај дома осетив некоја тапа болка во половината.Утрето цело време јадев лубеница, може да замислите колку ми беше слатка, земам да усисувам кога нешто ми потече..не е можно ..се тешев рано е.Слегувам долу кај свекрвата и и викам јас ќе раѓам, таа вика ајде набрзина облечи се и одеме во болница.Се облеков и еве ја ми вика земи тргни ти надолу прва па јас по тебе,(демек да не осетат комшиите што се случува, комшии радознали).Си тргнувам јас по улицата надолу дека живееме на угорнина и си викам ќе ме стигне, а таа мислела да слевнам кај неа долу па да викнеме такси. Си одам јас си одам , водењакот ми тече, а таа ме чекала пред купатило, мислела таму сум, тропала тропала, а ја нема,му звони на м. Јас пак се вртам назад викам што е работата, кога по некое време еве го мм таков цел збунет ми вика каде ма ти таква...и свекрва ми по мене со такси, а јас уште малце до болницата...хехехе..стигнавме некаде 5 поручек во болницата, немав никакви болки.Цело време решавав крстозбори, си викам ова лесно било, после 12 полноќ, лелее болки, ама ете се зборава се породив во 5 и 15, Среќа не ме шиеја user posted image

< Поракaта ја уредил biljanaM -- 29.4.2009 23:47:04 >


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тој ден...
30.4.2009 11:36:11   
mami
леле Билјана па ти ептен патешествиеuser posted image јас до последно си излегував..вечерта пред да се породам имаше отварање на баскерфест и беме нели нормално а кумата и другарка и цело време ме зафркаваа- замисли да почнеш сега да се пораѓаш во оваа гужваuser posted image термин ми беше на 10.06 па си бев мирна...арно ама Лука не можел да дочека...околу 10 вечерта ми почнаа контракциите ама бидејќи бевме на гости  и демек кумата ми мереше на колку биле, јас по две и сокривав и кај 2 сабајлето му викам на мм- ај да си одиме уморна сум веќе и кога стигнавме до кола му кажав дека мене контракциите ми се на 5 мин, се извади од памет, сакаше директно во болница да ме носи, ама не јас инат- дома ке си одиме, не ми се оди ноке во болницаuser posted image и така дома си кукав до 5 сабајлето, место не ме факаше, 100 пати ја проверив торбицата дали е се спремно и веке кај 5 неможев, се спремивме и отидовме...таму живи смешки- влегувам во Чаир на приемно и плачам и се смеам и и викам на сестрата- јас, ние, ке се порагаме, ама незнам како сум и кажала пошто ми се утепа од смеење жената...ме прегледа и ми вика- добро ти сакаше дома да се породиш, јас да сум ти била веќе 4 цм отворенаuser posted image ме пратија веднаш горе...малку пукање за изборите, малку страв, паника, во 9.30 ме качија на бокс, во 10.05 веќе си го имав Лука во раце(докторот им рече на сестрите да ми го дадат дека многу сум вриштела user posted image user posted image user posted image )ме шиеја, ја немав таа срека како Билјана, ама ништо од тоа не осетив, паметот ми беше во тоа што се случи- јас родив бебеuser posted image

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Тој ден...
7.5.2009 14:48:40   
biljanaM
кути...хехех....што сум си мислела кој знае....
цела сторија..user posted image


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Тој ден...
25.6.2009 0:12:42   
Еца
УФ, УФ,уште еднаш ги прочитав вашите постови бидејќи и мене ми се ближи тој денuser posted image ајде мамички пишувајте ми сите вие за тој ден, нестрплива сум..и јас уште малку ќе ви напишам за тој ден.. по втор патuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Тој ден...
25.6.2009 0:22:10   
biljanaM
Мами ајде чекаме...а Наташка се породи или ....ајде кога ке славиме за нашето прво бебенце на форумот....

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Тој ден...
8.7.2009 10:37:23   
big_mama817
se izvinuvam za porakava sto e malku zadocneta no sakav da go spodelam so vas raganeto na moeto prekrasno sonce znaci terminot mi bese pogoden na 01.10.2007 godina znaci ja do posleden den odev na rabota koga negde okolu 10 casot odam vo toalet koga gledam nesto kako bleda krv sleguvam kaj edna postara koleska i i ja kazuvam sto vidov taa mi veli soberi gi rabotite i odme vo bolnica i taka ja od rabota vo bolnica pa redovna proverka i dr mi veli otvorena si 2 prsta i me odneso na onie redovni kontroli inaku imav mnogu tezok poragaj pa mora da mi stavat epiduralna inekcija i taka negde vo 23,30 casot se porodiv user posted image  i donesov na svet prekrasno masko user posted image  malo covece od 4kg200g user posted image user posted image user posted image user posted image  pozdrav a site onie sto treba da se porodat lesen porgajuser posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Тој ден...
4.8.2009 21:08:55   
Natasha5
eve sega najdov vreme da kazam za toj den.Vaka znaete deka so Mami se dogovorivme da izlezeme na kafe.Jas so maz mi otidov do Ramstor,se najdovme so Mami i Luka(prekrasno milo detence) pievme kafe i koga stanavme nesto osetiv kako da mi protece ama malce.I nisto ne i spomnav na mami togas.Otidov da se najdam so mm i mukazav deka nesto protece i deka mozno e vodenjakot a nikakvi bolki nemav.Togas mu rekov ajde da si odime doma demek da sum se istusirala.Ama prvo i se javiv na ratucetkami koja raboti na patoloska vo drzavna i kazav sto e i mi rece kakvo tusiranje direk vo drzavna.I jas taka napraviv.Tamo me primija i odma na CTG.Odma ise javiv na Mami i i vikam< znaes kaj sum? taa mi vika ne,vo drzavna ne i se veruvase a i mene ne mi se veruvase.Taka me promija na patoloska so santim i pol otvorena.Bolki me fatija posele 12 navecer ama slabi i duri vo 10 sabajle bev otvorena edvaj 3 santimi a imase nekoi si varijabli na CTG ,pa bratucetka mi mi predlozi so provokacii.Me kacija gore,mi uklucija provokacii vo 13 i 5,samo doagaa doktori da go proveruvaat CTG to i edno vreme mi rekoa za carski ne sum se otvarala .ama posle se otvoriv do 8 prsti i Jana ne mozese da ceka veke morzse da izleze.Me isekoa 4 konci i na boksot se zadrzav samo 5 min mislam ja rodiv odma ama pred toa na toa CTG vrzana uzas ne mozes da  mrdnes.E toa bese moeto patesestvie i izleze moeto milo angelce Jana.Toa bese mojot Toj den....

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Тој ден...
4.8.2009 21:10:55   
Natasha5
i uste ova provokaciite mi gi stavija vo 13 i 5 a se porodiv vo 15 i 50

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Тој ден...
5.8.2009 8:33:57   
mami
да да а моето искуство додека се пораѓаше Наташа5?user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ја убив од мислење, ја сонував цела вечеер- мислам и пратив порака во 3 сабајле па видете во која состојба сум билаuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image важно дека Јана не измачи убаво а и има зошто - убавица на мама и на тато е

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Тој ден...
7.8.2009 22:45:14   
Natasha5
lele mami fala ti mnogu stvarno bese celo vreme so nas mnogu baknezi od Jana za tebe.eve ja spie sproti mene a jas i imam pusteno muzika da slusa malceuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Тој ден...
7.8.2009 22:49:24   
mami
и да и пушташ, нека не се учи во тишина да спие, после маки ке си имаш..јас сега со Лука додека спие со музика и чистам и правосмукалка пуштам(во другите соби) и си правам муабет по тел..

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Тој ден...
8.8.2009 1:24:44   
nadica
citajki gi vasite patesestvija se setiv i na moeto
termin mi bese na 16 08 2008 nekolku dena pred toa si dojde i dever mi od uk so semejstvoto da ja precekaat princezata. arno ama na mojata princeza ne i se izleguvase na vreme pa i gi isprativme gostite na 25 a nea dobro i bilo kaj mama user posted image na 26 sabajleto nemase kade i otidovme pak na kontrola a dr od vrata mi vika bolki ima NE me vide na eho pravevme ctg i rece deka moze uste nekoa den da odam ama svekrva mi vika aman dr uste kolku i dr rece ajde da vidam dali e bistra plodovata voda pa so toa mi go pukna i vodenjakot i ostanav vo bolnica mi dadoa 1 inekcija podgotvitelna za provokaciii narednata den vo 5h nautro trebase da mi uklucat i sistem za da gi zabrzaat bolkite arno ama jas veke vo 22h vecerta dobiv dobri bolki i pocna dobro da napreduva i otvaranjeto.na mm mu se javuvav za vreme na pauzi i ne mu kazav deka imam bolki a nekade po polnok mu rekov deka mi se spie user posted image mnogu bese bolno i imav dobra epizotomija od nekolku cm bidejki nadica se rodi 4300g a mislea okolu 3500-3700 i koga vo 5h i 45min mu se javiv na mm da mu cestitam kerka ja pobara dr mislese deka go zezam user posted image user posted image user posted image
se se zaborava (bolkite,neprijatnosti) koga kraen proizvod e najslatkoto bebe koe nekogas ste go videle (neli za sekoa majka nejzinoto e najubavo)user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Тој ден...
5.10.2009 14:53:53   
caci20
Jas imav dobar porogjaj. Porodena sum so carski rez. Vo 4.30 sabajleto mi pukna vodenjakot i onaka smireno si pocnav da se spremam. Koga srediv se go razbudiv mm za vo bolnica. Vo bolnica me primija vo 5.30. bidejki pocnav da se natekuvam i slabo da se otvaram vo 14.30 mi napravija carski rez. Petar se rodi vo 14.37. Posle porogjajot bev super drugiot den duri stanav i se prosetav do kaj bebinjata (Remedika).Se bese super

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Тој ден...
5.10.2009 15:26:26   
profesorica
Ми пукна воденикот на 1ви јуни утрото во 4 саат, веднаш во болница, но не се отварав долго време, еден куп врски имав и ме држеа 35 саати со пукнат воденик наместо одма да ми стават синто за побрзо отварање.На крај дојде најдебелата врска ми ставија епидурал и за 2 саати се породив природно.лесно со неколку напнувања.Значи требаше на 1ви ама се породив на 2ри јуни во 14:55.Станав 3-4 саати по породувањето да се прошетам.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Тој ден...
5.10.2009 15:38:39   
Maria
Bas na terminot koga mi bese da se porodam mi se prijade pica.Resiv da si ja napravam doma.user posted image Vecerta mi pukna vodenjakot vo 22 casot i trgnavme vednas nakaj bolnica.Nemav nikakva bolka.Do utredenta do 9 casot poleka se otvarav no bebeto ne davase nikako napon,pa taka so maka se porodiv duri vo 14:00.Ne bev secena tuku sama se raspukav.Mnogu me siese doktorot i dve nedeli nemozev da sednamuser posted image .Mislev deka nikogas nema da se resam za vtoro dete.No eve pak sum bremena po 2,5 godini i se nadevam deka polesno ke si pominam.user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Тој ден...
14.11.2009 10:24:25   
Adrijana
EEE sega moze da se pisam tukauser posted image
Toj den poveketo znaete, prokrvarev okolu 12 na pladne, i posle si sednav ovde na rruser posted image , bolki nemav do 8 vecerta, samo po malce krvarev. Otidov kaj mojata maticna uste rabotese, i ona mi vika :"epa Adrijance otvorena si 3 cm i za saat-dva ke ti bide najpametno da si otides vo bolnica". I dodeka stignav do doma za da si ja proveram torbicata, pocna stomakot da me secka, na 15 minuti mi se povtoruvaa seckanjata:).Se zezav so mm vikam vaka ako boli jas so pesna ke rodam hihihi:)(se pokajav za taa recenica):))I otidov u bolnica, bolkite stanaa pojaki i okolu 23castot mi prsna vodenjakot, e togas me fatija onie vistinskite porodilni bolki. Si pravev nekoi vezbi tamu za da si olesnam, se otvoriv maksimalno do 12 na polnok, ama bebuskata mi bese malce povisoko, pa si setav po hodnikot, si stenkav:)) do 1 i 45 po polnok, me kacija na boksot i so dva napona, vo 2 i 10 po polnok, Eva veke placese:)). Mozam da kazam deka poragajot mi pomina dosta lesno, mi padna tesko posle, zasto mi napravija epiziotomija, a i jas sama sum puknala taka malku poveke, i me sieja saat ipol, i mislam deka toa bolese poveke od poragajotuser posted image Ama dobro e sega zazdravuva poleka , no sigurno, malki tesko odam i sednuvam ama ok e, ke pomine:))
Ete toa e mojata prikazna za TOJ DEN:))

_____________________________



(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Тој ден...
14.11.2009 10:39:00   
Палешка РР
user posted image  user posted image  user posted image
Многу сакам да читам позитивни искуства оти сум дрслаааа леле мајко!user posted image

Супер си поминала Адријана user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Тој ден...
14.11.2009 10:48:24   
mis.
Адријана мора даболи но затоа сега си ја имаш најубавата ќеркичка на целиот свет а тоа што си го доживеела ќе го паметиш како најубавото доживување во твојот живот иако најболен.Гушки за вас.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Тој ден...
14.11.2009 15:49:04   
Mila na mama
Терминот ми беше 5 август ама на Мила и се брзаше. На 24 сабајлето станав и гледам нешто тече како измочкана. Се слушнав, немав болки и си викам изгледа почнува ама споро почнува. Се бањав, јадев, па ми текна дека нема да имам време за на козметичат па фатив сама да се чупам, среќа се депилирав 2 дена пред тоа.user posted image
И околу 12 одам со мм на преглед и Срцка Д-р Ефремовски ми вели не се секирај сега ќе видиме до када си. Водењакот ми беше прснат високо и си истекуваше по малку, болки немав а ЦТГ покажуваше некои контракции што јас не ги чувствув. Отворена 2см. И во таква состојба ме примија и цел ден до вечерта лежев таму по некоја спорадична болка и толку. Умрев од досада. Сите на смени правеа друштво мм, мајка ми сестра ми братучедка ми.... Ноќта ме фатија болки околу12 дојде анестезиологот ми стави епидурална и си спиев до сабајле. Мила излезе во 11 23ч на 25.07. 2008 а мене ми се јадеше, ми се пиеше вода. Додека ме шиеше д-р Јовановски јас на ручек мислевuser posted image . Околу 13ч јадев, ги избркав сите по дома, станав се истуширав и ја доев и гушкав Мила на само до 18ч кога дојдоа сите да ја видат. Прекрасно искуство беше.


_____________________________

love u all

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Тој ден...
14.11.2009 16:24:08   
lidijas
Da raskazam i jas za TOJ DEN. Bev vo golem strav od poroduvanjeto, pa poslednite nekolku dena i ne spiev. Na 23.09.2009 na posledniot den od terminot otidov na CTG nemav nikakvi bolki. Doktorot sto trebase da me poroduva me pregleda i vednas me kaci vo sala sum bila otvorena 6 prsta. Bidejki nemav bolki mi dadoa provokacii i za dva tri saati pocnaa bolkite bogami dosta jaki pa si vikav od bolka,a bebeto pokrupnicko mu treba vreme da se spusti i da izleze. Vodenjakot mi go puknaa tamu. vo 15.10 casot se porodiv, pa me cistea(del od postelkata ne izleze), pa me sieja. No se zaborava se koga ke go vidis za tebe najubavoto bebe na svetot.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Тој ден...
24.11.2009 0:02:54   
alex_mo
 Бидејќи сум многу страшлива само на оваа тема зборувам,а имав филмско породување еве ке ви го раскажам..
Терминот ми беше 23,07,а на 25.06 со мм ни беше годишнина.Јас попладнето на работа,потоа со мајка ми нешто купувавме ,а во меѓувреме околу 15ч ми се појви некоја блага сукрвица за која не кажав на никој.Вечерта многу врнеше и со мм излеговме дури  на полноќ, ама некако се беше празно па само убаво се прошетавме.Тогаш му раскажав дека помалку ми протекува крв,а тој  се испаничи.Јас смирена му реков да одиме да спиеме зашто рано е за пораѓање,а и наутро ке одиме наконтрола(претходниот ден бев,се беше ок само што син ми сите 8 месеци беше карлично наместен)Дома неколку пати отидов поголема нужда и крварењето и се засили.Во еден момент мм и свекрва ми стоеа облечени за во болница.Тогаш се истуширав и отидов во болница на нивно инсистирање без болки.Само ме ставија на цтг и бабицата се уплаши кога виде во м.книшка дека е карлично.Реши да ме прегледа па после да вика др.При прегледот  виде дека се е ок,ми го пукна водењакот и со два напона се породив.Немав воопшто болки освен оние кога раѓав.ММ и свекрва ми чекаа да им кажат како поминал прегледот и дали останувам во болница,а наместо тоа им го честитаа бебето.Многу лесно и брзо ,а сега еве уште малку 29 недела а незнаете колку страв ме фатило....

(Одговор на членот lidijas)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Тој ден...
5.3.2010 0:59:38   
Rossana
Na mene posleden termin mi bese na 15.02.2010. Vo Sabota vecer na 20.02 dodeka spiev pocnav da cuvstvuvam slabi bolki slicni na onie menstrualnite, no nekako ja prespijav nokta, vo nedela cel den bevme izlezeni, ranoto bevme kaj moite, pa na kafe malku i potoa kaj edni prijateli na partija karti. Igravme karti do 02:00 user posted image user posted image   potoa si otidovme doma a jas celo vreme se cuvstvuvav nekako vaka  user posted image .
otkako si legnav bolkite stanaa pointenzivni. nekade nakaj 04:00 pocnav da meram no bea de na 15, pa na 20, na 5 minuti. i vikam aj nisto ima vreme i si legnav pak da spijam. nekaj 06:00 veke spienjeto bese nevozmozno. pustiv bojlerot, si ja odnesov torbicata vo avtomobilot i nekako od seto toa sto se cuvstvuvav zbuneto i isplaseno zapaliv cigara (pusev do 2 mesec od bremenosta). nakaj 07:30 se istusirav i nakaj 08:00 mu vikam na mm "stanuvaj odma morame vo bolnica" (kontrakciite bea na 7 i na 10 minuti eh da ja poslusav Annabel i da pocekav da bidat na 5 minutiuser posted image user posted image . koga stignavme vo bolnica bese nekade 08:30. doktorot ni na CTG ni na EHO i mi vika "kacuvaj se na boks"user posted image Me pregleda i neznam sto drugo mi pravese i mi go pukna vodenjakot me prati nadvor so rubite vo raka da gi odnesam na mmuser posted image . od 09:00 do 14:00 se setav po hodnicite so bolki a doktorot samo ke me pogledne od vratata i nisto, vika "napon kako za vo golemo wc imas?" jas "NE". pa aj mi stavi provokacija i pak nisto. bolkite na 3 minuti a nagon nema, pa na 2 minuti leleee ispaniciv na celo. do 23:00 se se odvivase taka lezarno a jas glupa ne se ni javiv na majkami sakav da ja iznenadam, potoa mm koga vide deka bolkite se na pomalku od 1 min a doktorot mi vika cekaj da dobies nagon se javil na majkami i taka taa so nejzinata zlatna umesnost pravo kaj doktorot vo kancelarija i op doktorot kaj mene vo soba vika aj na boks i vo 23:45 se rodi moeto malo angelce za 5 minutiuser posted image   a da me prasate kako? NEMAM POIM se sto znam bese deka doktorot mi vikase da turkam i koga poglednav veke me siese a Sara ja odnele kaj mm da ja vidi. Go gledam taka ozbilno i najluteno i vikam doktore BEBETO? toj samo me gledauser posted image . Togas uste poveke ispaniciv no vika "sto piskas go odnesovme kaj mas ti i babite" lele celata taa nok mi e vo haossamo znam deka me odnesoa vo soba, mi go dadoa deteto da cica no jas kolkui da sakav nemozev da ostanam budna pa fala bogu sestrata mi pomogna mnogu jas taka poluzaspana so pomos na sestrata ja nahranivme sara i neznam ni kako sum zaspala. Utroto slusam nekoeuser posted image mi vristi na cel glas do mene. stanav, gledav naokolu i ja zedov vo race. NIKOGAS NEMA DA GO ZABORAVAM TOJ MOMENTuser posted image user posted image user posted image . samo da ne otidev tolku rano moze ne ke go pominav seto toa? Moze doktorot trebase pred da mi go skapi vodenjakot da me stavi na CTG? No nekako sega pocnav da podzaboravam, prvite 5-6 dena bev cela vo sokuser posted image . Sega veke ne e ni vazno toa, sega SARA e celiot moj svetuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

Leleee sum se zaboravila so pisuvanjeeee user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Тој ден...
5.3.2010 2:01:46   
Annabel
Rossana, се се заборава со тек на време...сега важно се гушкаш со бебушот и си уживаш.

Еве го моето искуство со Ива....

Краен датум ми беше 3-ти август 2007 г. Арно ама на почеток на 8-ми месец веќе бев отворена и докторот што ме водеше на ГАК ми кажа дека нема да го дочекам тој датум, но ме замоли да мирувам барем до 36-та недела. Превентивно ги примив и тие инекции што се за развој на плуќата на бебето.

На 2-ри јули вечерта се шетавме со мм низ Беверли, се сретнавме со еден другар и седнавме на пица. Некаде околу 1 и 30 си отидовме дома и легнавме да спиеме, ама јас никако не можев да заспијам. Само што заспав, околу 4 и 30 ме разбудија болки. Како што почнаа, не застанаа....немаше паузи. Околу 5 часот го будам мм и му велам дека е време да одиме во болница, а тој ми вели "Ајде спиј, рано ти е да раѓаш" user posted image . Кога се освести го фати паника...Отидовме на ГАК, ме ставија на ЦТГ, прво ми вели сестрата дека нема контракции, а јас од болка не моѓев да лежам. Ми се слоши. Ајде некако се покажа контракција на ЦТГ, дојде еден згоооден доктор, ми го пукна водењакот и ме качија горе.

ММ кутриот остана сам со мојот мобилен и мојата облека. А мораше да оди на работа зашто од 9 имаше судење за предмет со најголема сума во неговата кариера, па мораше да го предаде предметот на колегите. Каков парадокс...

Јас во претпородилна мислам дека си ја потрошив цела сила во викање....и кога побарав епидурална, ме прегледа докторот - пријателот, и ми рече дека за 3 минути ќе родам и дека нема потреба (требаше јас порано да си побарам анестезија - ама кој да знае, во државна не ти даваат ако сам не си побараш). Ме ставија на бокс и на 3 пати си ја родив Ива, на 3-ти јули во 8 и 30 утрото, точно еден месец порано (крај на 8-ми месец). Болките во истиот момент престанаа, веднаш ми ја дадоа да ја гушнам, а јас со испомешани чувства се расплакав.  Малку бев шиена, ама ме шиеја со локална анестезија и ништо не осетив.

Еве и јас се заборавив од пишување....ајде, наскоро ќе ви пишувам за новото искуствоuser posted image

< Поракaта ја уредил Annabel -- 5.3.2010 2:03:28 >

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Тој ден...
5.3.2010 2:06:19   
S*B*
Честитки за сите храбри и силни РР мајки.

_____________________________

СМЕЕЊЕТО Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ!!!Да се смееме за подолго да живееме!!!

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Тој ден...
5.3.2010 2:18:15   
Annabel
Фала, фала, ама да не заборавиме, честитки и за поддршката што ја добиваме од татковците од првиот до последниот ден...user posted image

< Поракaта ја уредил Annabel -- 5.3.2010 2:19:19 >

(Одговор на членот S*B*)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

maski deca ili zenski
rici

rici

maski (0%)

zenski (0%)

mesani (100%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!