|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Потенцијални опасности при бременост со близнаци
14.12.2009 9:26:19   
Палешка РР
ПОТЕНЦИЈАЛНИ ОПАСНОСТИ ПРИ БРЕМЕНОСТ СО БЛИЗНАЦИ

Поголемиот број од близначките бремености завршуваат со здрави бебиња. Сепак некои можни компликации во текот на бременоста се почести кај овој вид на бременост. Тука спаѓаат:
Опасност од спонтан абортус. Ако сте бремени со близнаци, тројки ит.н. ризикот од спонтан абортус е поголем, особено ако се работи за идентични близнаци. Како и кај другите бремености, поголемиот дел од абортусите се случуваат во првите 12 недели. Често пати може да се загуби само едното бебе. Ако едното бебе се загуби во првото тромесечие, другото продолжува да се развива нормално. Мртвиот фетус најчесто целосно се абсорбира и сето ова може да помине без никакви симптоми.
Предвремено породување. Околу пoловина жени бремени со близнаци се породуваат пред 37-та недела.
Висок притисок во бременоста. Висок притисок во бременоста се јавува кај 5-6% од жените кои носат по едно бебе, а кај близначките бремености оваа бројка е околу 25%.
Прееклампсија. Прееклампсијата се јавува кај околу 7% од трудниците кои носат по едно бебе, а кај близначките бремености е 3 пати почеста.
Одвојување на плацентата. Ова е ситуација кога плацентата се одвојува од зидот на матката уште пред породувањето. Кај близначката бременост е почеста, отколку кога се носи само по еден плод. Исто така оваа појава е поврзана со недоволна исхранетост, употребата на алкохол, дроги и пушењето. Правилната исхрана може да го намали ризикот од нејзино појаување.
Намален раст на фетусот. Може да се случи едниот или двата близнака да почнат да заостануваат со растот. Ова од своја страна може да доведе до компликации, но иако многу близнаци се раѓаат со помала телесна тежина, тие најчесто се совршено здрави. Околу една половина од сите близнаци се раѓаат со телесна тежина помала од 2.5 килограми. Интересно е тоа што шансите за преживвање кај многу малите близнаци се поголеми од шансите за преживување на единечните бебиња, родени со мала телесна тежина.
Синдром на трансфузија од едниот на другиот близнак. Оваа појава е ретка, но сериозна компликација кај еднојајчаните близнаци. Едното бебе е примач на крвта и прима премногу крв, за разлика од другото кое не прима доволно крв. Тоа ги оптоварува бубрезите на бебето кое прима премногу крв, а прави да не расте доволно бебето кое не може да прими доволно.
Во секој случај ако се јават овие компликации откако ќе ја достигнете 36-та седмица од бременоста, се смета дека сте излегле од опасната зона. Опасноста од раѓање на бебињата со премногу мала телесна тежина, значително опаѓа после 36-та седмица.
Ако компликациите се јават претходно, можеби ќе треба да лежите во болница под постојана лекарска контрола. Лекарот ќе биде во можност да ги извага сите можни ризици и да одлучи кога да се изврши породувањето. На тој начин на бебињата ќе им се даде најдобра шанса за опстанок.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Потенцијални опасности при бременост со б...
14.12.2009 9:29:58   
Палешка РР
ЗАЧЕСТЕНИ КОМПЛИКАЦИИ

Повеќеплодовата бременост може да се развие од една јајце клетка (еднојајчана, монозиготна) или од две и повеќе јајце клетки (полизиготна, повеќејајчана). Еднојајчените близнаци се секогаш од ист пол и физички и психички се многу слични, бидејќи имаат иста генетска основа.

Обично прворотките при потврдувањето на повеќеплодова бременост се среќни и се надеваат дека одеднаш ќе го исполнат планот за репродукција и нема да се мачат во иднина. Во тие моменти не сакам да им го расипувам расположението објаснувајќи дека повеќеплодовата бременост е ризична со голем број можни компликации, како за мајката, така и за детето.

Просечното траење на бременоста значително се скратува со зголемувањето на бројот на плодови. Кај едноплодова бременост просечно раѓањето настапува околу 39 до 40 гестациска недела, кај близначка бременост околу 35. недела, кај тројките околу 33. гестациска недела, а кај четворките околу 29. недела. Под претпоставка дека децата се здрави, пократкото траење на бременоста само по себе е доволно да предизвика многубројни компликации. Кај повеќеплодовата бременост двојно е поголем ризикот од спонтан абортус отколку кај едноплодовата.

Поранешните студии покажале дека околу половина од трудниците кај кои ултразвучно е утврдена близначка бременост, на крајот раѓаат едно дете, зашто другото умира во текот на бременоста, најчесто во текот на првите три месеци. Сите тешкотии што се манифестираат кај нормалните бремености (слабост, повраќање) кај повеќеплодовите бремености се појако изразени. Зголемениот притисок во стомакот предизвикува тешкотии при дишењето, отоци на нозете, проширени вени и хемороиди. Анемијата на мајката се јавува порано и е поизразена, што е резултат на зголемените потреби на плодовите. Зголемувањето на крвниот притисок е манифестно кај 40 проценти трудници со два плода; 60 проценти трудници со три и повеќе плодови, а може да се појави релативно рано, кон крајот на првото тримесечје.

Со текот на бременоста скоро две третини од еднојајчените близнаци покажуваат забавен раст во однос на нормалата, а отстапувањата се поголеми како што се наближува терминот на раѓање. Едното дете може да напредува дури и пребрзо, додека другото може да заостанува. Причината е нерамномерна дистрибуција на крв и хранителни продукти помеѓу плодовите. Интраутериниот раст кај овие плодови е побавен. Тие се раѓаат полесни за 400-600 грама и пократки за 2-3 сантиметри, отколку едноплодовите бремености.


< Поракaта ја уредил Еца -- 14.12.2009 10:28:01 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Потенцијални опасности при бременост со б...
14.12.2009 12:06:42   
STRUMFETA
Опасност од спонтан абортус. Ако сте бремени со близнаци, тројки ит.н. ризикот од спонтан абортус е поголем, особено ако се работи за идентични близнаци. Како и кај другите бремености, поголемиот дел од абортусите се случуваат во првите 12 недели. Често пати може да се загуби само едното бебе. Ако едното бебе се загуби во првото тромесечие, другото продолжува да се развива нормално. Мртвиот фетус најчесто целосно се абсорбира и сето ова може да помине без никакви симптоми.


Ova mi se sluci mene vo dvete bliznacki bremenosti.Veke imam negde pisuvano.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Потенцијални опасности при бременост со б...
27.3.2014 20:42:32   
Milicka27
Секоја бременост има компликации и ризици па и бременоста со близнаци...Кога дознав дека сум бремена вештачки во Плодност првото што го реков таму беше лелееее дали ќе издржам до крај и дали ќе имам здрави бебиња???И тогаш Др.Таше ми рече секоја бременост е ризична па и со близнаци, но со нега со добро пазење и голема грижа се ќе биди во ред и тоа ми даде голема поддршка и надеж да мислам само на убаво user posted image

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?