|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Исхрана по прележан стомачен вирус
1.7.2013 11:56:15   
Палешка РР
Еве нас летово ни се случи да имаме стомачен вирус и тоа сите, а најдлго траеше кај Миа. Па така маката не научи како да се храниме по ваква една исцрпувачка болест.

Прв ден:
2 часа по престанокот на повраќањето
- 1 лажиче чај од нане незасладен, или раствор од електролити
- ако не поврати по 5 минути
- 2 лажички чај од нане незасладен, или раствор од електролити
Потоа дозата постепено се зголемува на секои 10 минути. Ако не поврати во следните два часа се даваат соленки, сто така една по една.
- Чај со двопек

2 ден
- геврек (извадете го сусамот)
- чај од нане
- инстант супа од петел (Подравка) со двопек или геврек
- варени компири
- банана

3 ден
- бисквити со чај
- банана, компири, супа
- јогурт
- макарони посни

4 ден
+ супа од пилешко месо

5 ден
+ млеко

и понатаму продолжува нормална исхрана.

Ако имате нешто да додадете/измените пишете. Ова беа препораките од Детско одделение во Прилеп.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Исхрана по прележан стомачен вирус
8.8.2013 17:55:30   
Bethany
Повраќање, дијареја, температура и сл. се главни причинители за губење на електролити од организмот.
Електролитите во организмот се неопходни за работата на нервите и мускулите, за одржување на количество на вода во клетките, како и за одржување на базно-киселинската рамнотежа. Нивниот недостаток може да има тешки последици.

Наидов на еден рецепт за едноставен домашен електролитски напиток, одличен за деца и за трудници, и за сите останати, а ќе помогне да останеме хидрирани.

1/2 чаша свеж сок од потрокал
1/4 чаша свеж сок од лимон
2 чаши филтрирана или прочистена вода
2 лажици мед
1/8 мало лажиче сол

Измешајте ги добро состојките се додека не се раствори медот (можете да употребите и блендер) .



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?