| 
				  Bethany ->  RE: Исхрана по прележан стомачен вирус  (8.8.2013 17:55:30)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Повраќање, дијареја, температура и сл. се главни причинители за губење на електролити од организмот.    Електролитите во организмот се неопходни за работата на нервите и мускулите, за одржување на количество на вода во клетките, како и за одржување на базно-киселинската рамнотежа. Нивниот недостаток може да има тешки последици.       Наидов на еден рецепт за едноставен домашен електролитски напиток, одличен за деца и за трудници, и за сите останати, а ќе помогне да останеме хидрирани.       1/2 чаша свеж сок од потрокал   1/4 чаша свеж сок од лимон   2 чаши филтрирана или прочистена вода   2 лажици мед   1/8 мало лажиче сол      Измешајте ги добро состојките се додека не се раствори медот (можете да употребите и блендер) .       
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |