namesp во 10:12
Здравствени проблеми кај недоносените бебиња
Редакција Рингераја, 4.5.2010Додека нормално родените бебиња се тешки над 2.5 кг, тежината на предвреме родените бебиња е меѓу 500 грама и 2.5 кг. Во зависност од неделата во која се родени, некои бебиња брзо ќе се опорават, а на некои им е потребна интензивна нега, додека органите не се развијат доволно добро за да можат самостојно да функционираат. Предвреме родените бебиња помали се по конституција и тежина и може да имаат здравствени проблеми, бидејќи нивните органи сеуште не се доволно развиени.
Здравствени проблеми кај недоносени бебиња
Организмот на предвреме родените бебиња е многу слаб и чувствителен, бидејќи нивните органи сеуште не се доволно развиени за да можат самостојно да функционираат и поради тоа овие бебиња имаат многубројни проблеми. По правило кај малите и порано родени бебиња ризикот од појава на комликации е поголем, но колку бебето е повозрасно поголеми се шансите да расте и да се развива нормално, без поголеми проблеми во развојот. Некои од проблемите кои можат да се појават кај предвреме родените бебиња се:
Жолтица
Блага жолтица по раѓањето се јавува и кај голем број нормално родени бебиња, но кај недоносените бебиња е многу посериозна и почеста појава. Тоа е појава кога билирубините во крвта се многу високи. Во ретки случаи доколку билирубините се на претерано високо ниво може да дојде до оштетување на мозокот. Поради тоа од голема важност е внимателно следење на жолтицата и нејзино лекување пред билирубините да го стигнат она критично ниво. Во критични случаи на жолтица може да се направи и замена на крв преку трансфузија.
Проблеми со дишење
Најчест проблем кај предвреме родените бебиња кој настанува веднаш по раѓањето е неможноста да дишат или отежнато дишење, поради недоволно развиениот респираторен систем. До проблеми со дишењето може да дојде поради недостаток на одредени супстанции во белите дробови, бронхијална дисплазија или некои други нарушувања. Бебињата со овие проблеми треба да добиваат дополнителен кислород, дишењето може да им се овозможи со помош на апарати, можат да примаат лекарства, како и засилена исхрана за побрзо да се развијат органите на респираторниот систем.
Престанок на дишењето (apnea)
Кај прерано родените бебиња на почетокот може да дојде до краток застој на дишењето при што чукањето на срцето станува бавно, кожата станува бледа и бебето посинува. Овој проблем се јавува поради недоволно развиениот дел на мозокот кој ги контролира потребите за дишење. Кај поразвиените бебиња апнеата поретко се јавува, додека кај многу малите бебиња може да се јави во почести интервали, за кои ќе бидат неопходни стимулацвии и лекарства, дополнителен кислород или употреба на помошни средства за дишење.
Анемија (слабокрвност)
Голем број недоносени бебиња може да имаат недостаток од црвени крвни зрнца (еритроцити) во крвта, кои се потребни за пренесување на кислородот во телото. Анемијата се јавува, бидејќи бебињата не создаваат или многу бавно создаваат нови крвни клетки. Кај бебињата кои имаат помалку од 1 кг, за оваа состојба неопходна е трансфузија на еритроцити.
Инфекции
Поради недоволно развиениот имунолошки систем, предвреме родените бебиња се многу подложни на инфекции кои можат да предизвикаат сериозни болести. Инфекциите на детето можат да се пренесат преку мајката уште пред породувањето, како и за време на раѓањето. Инфекцијата може да нападне било кој дел од телото на бебето и се лекува со помош на антибиотици и други лекови.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Мал милион прашалници како огромен облак секојдневно надвиснуваат над мајките, правејќи стрес и уште поголеми прашања. Е...

Добивањето, или отсуството на менструација, кога мајката дои, често предизвикува грижи. Бидејќи нормалните граници се мн...

Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор

Кои витамини и минерали се најефикасни во борбата против Ковид-19? Кои се оние хранливи материи кои имаат научно докажан...
