Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Нешто ве скокотка во стомакот, чувствувате пеперутки? Дали можеби сте помислиле дека нежното скокоткање во стомакот е всушност првото движење на вашето бебе? Некои трудници, поточно оние кои не се прв пат трудни, можат веќе сега да ги почувствуваат движењата на плодот, а повеќето ги чувствуваат некаде меѓу 18. и 20. недела од бременоста. Какво неверојатно чувство! А за да не ве исплашиме, ќе ви кажеме, посебно на прворотките, дека повеќето мајки првите движења ги чувствуваат околу 20 недела, а сосема нормално е тоа да се случи и покасно, после 22. недела од бременоста. Тоа важи и за оние мамички кои имаат и вишок килограми. Затоа бидете мирни, бидејќи првите нежни движења сигурно ќе ги почувствувате во состојба на мирување. Имајте трпение. Верувајте ни, вреди!
Болката и чувството на затегнување во долниот дел на стомакот е резултат на матката која расте.
Оваа недела обично е на ред нов гинеколошки преглед.Тоа би требало да е втор или трет преглед. По правило гинеколошките прегледи се прават на растојание од 4 до 5 недели, во почетокот тоа може да биде и подолго, а кон крајот почесто, додека во последниот месец се прават еднаш неделно. Гинекологот или медицинската сестра го проверуваат притисокот, телесната тежина, го слушаат отчукувањето на срцето и ја опишуваат состојбата на идната мајка. Ултразвучен преглед овој пат нема.
Во 16. недела од бременоста кај идните мајки, кај кои постои сомневање на можни хромозомски неправилности на плодот или ретки генетски болести и дефекти на плодот се прави испитување кое се вика амниоцинтеза. Мајките кај кои освен старосната граница како причина, не се утврди некоја друга причина, сеедно им се препорачува амниоцинтеза. Потсетете се дека ризикот од Даунов синдром од 35. година па натаму значително се зголемува. Амниоцинтезата може да ја направи секоја трудница по своја желба доколку не и се доволни резултатите од скринингот, иако испитувањето е скапо.
Амниоцинтезата е испитување со кое низ стомакот на трудницата со тенка игла се зема плодова вода. Секогаш ја прави искусен доктор со надгледување на ултразвучна сонда за да се избегне плодот. Оштетувањата се скоро невозможни. Испитувањето не боли, затоа стравот е непотребен. Сепак 3 дена по амниоцинтезата се препорачува одмор, бидејќи во тој период можни се компликации. Најчеста компликација од испитувањето е абортус, иако до него доаѓа многу ретко, во 1 % од случаите.
Плодовата вода се прегледува според посебен метод: од изумрените клетки на кожата кои пливале во плодовата вода во посебни услови се креираат растечки клетки, па така можат да се прегледаат сите хромозоми на плодот. Здравиот човек има 46 хромозоми кои се составени од 23 пара – половина се добива од мајката, а половина од таткото. Испитувањето го открива и полот на детето, бидејќи едниот пар на хромозоми составен е од два полови хромозома, ХХ или ХУ. Ако сакате изненадување при породувањето, кажете им во резултатите да не наведуваат за каков пол се работи. Резултатите се готови за околу 2.5 недели, така да мајката во 19. недела од бременоста има веќе конечен одговор на прашањето дали со плодот хромозомски се е во ред.
Плод во 16. недела
Тато во 16. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 15. недела
Следна недела: 17. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Вака изгледа кога си прв ден мајка
Првиот ден со бебето е мешавина од емоции кои тешко се опишуваат со зб...
Зошто градинките не треба да личат на училишта?
Градинката е првото место каде детето се соочува со организирана среди...
Движењето и играта се основа за здрав раст и развој кај бебињата. ...
Како да станете самоуверени родители?
Родителството е едно од најубавите, но и најпредизвикувачките искуства...
Породување дома. Што треба да знаете?
Секоја трудница размислува за тоа каде би сакала да се породи во болни...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?