Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Веројатно не, но стручњаците сметаат дека некои навики им помагаат на децата да останат здрави и поретко да се разболуваат.
Редовно миење
Малите деца сигурно немаат навика да ги мијаат рацете често, па вие треба да ги насочите на тоа. Рацете се мијат по секое доаѓање од надвор, пред јадење, по вршење нужда...колку порано почнете, толку побрзо детето ќе ја усвои оваа навика. Редовното миење на рацете, покажуваат истражувањата, ја намалува можноста од зарази на респираторниот и гастроинтестиналниот тракт.
Секојдневни активности на отворено
студиите покажуваат дека секојдневните, умерени физички активности на отворено, го намалуваат бројот на вируси и настинки и тоа за 25-50%. Стручњаците сметаат дека клучот е во добрата циркулација која настанува во движење, па телото полесно и побрзо се бори со инфицираните клетки.
Доволно сон
Погрижете се децата да не остануваат будни до доцна, бидејќи со недостатокот на сон се зголемува ризикот на болести за 50%. На бебињата им треба околу 14 часа сон, додека на учениците од 11-13 часа.
Научете го детето да не се фаќа на лицето
Вирусите и бактериите влегуваат во телото низ носот, очите и устата, затоа научете го детето да не се фашќа со рацете на тие места. Ова треба да се спроведе во комбинација со миење на рацете. Исто така, научете го детето никогаш да не ја дава својата четка за заби на друг.
Балансирана и здрава исхрана
Чинија полна со разновидно овошје или зеленчук, ќе помогне во одржување на имунитетот на детето на високо ниво. Бирајте храна богата со вирамин Ц како брокула и портокал, или со витамин Д како риба, млеко и житарици. Пиењето на јогурт исто така може да помогне за подигнување на одбранбената способност на организмот.
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...