Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Пред крај на бременоста се јавуваат таканаречени подготвителни контракции (Braxton-Hicksove контракции) кои ја подготвуваат мајката и плодот за породувањето кое доаѓа. Овие контракции не се јавуваат во редовни временски интервали и по некое време престануваат и за нив не треба да се грижите. Траењето на една таква контракција е околу половина минута.
Вистинските контракции се јавуваат во правилни временски интервали, времето меѓу контракциите постепено се намалува, а интензитетот на контракциите се зголемува. Вистинските контракции траат цела минута, а понекогаш и подолго.
Ако не сте сигурни дали контракциите се вистински проверете со полна када. Ако се во прашање лажни контракции, во полна када тие ќе престанат, бидејќи сите мускули се опуштаат, па така и матката. Вистинските контракции во водата не престануваат туку стануваат се поинтензивни, бидејќи матката има повеќе енергија кога останатите делови од телото се опуштени.
Само без паника
Кога ќе почнат контракциите продолжете со обично движење и дишење и потрудете се што подолго да ги игнорирате. Кога болката ќе стане посилна сконцентрирајте се на контракциите и правилното дишење. Доколку контракциите почнуваат навечер или во текот на ноќта, обидете се да спиете дури се слаби. Така ќе ја зачувате силата за породувањето. Пред да тргнете во породилиштето дозволете си уште еднаш момент со партнерот, сконцентрирајте се на бебето, ставете ги рацете на стомакот, разговарајте со него.
Кога да се тргне во породилиште?
Кога ќе се појават првите контракции не треба да се брза во породилиште, посебно ако родилката е прворотка и живее во негова близина. По правило во породилиште треба да тргнете кога растојанието меѓу контракциите се од 5 до 7 минути.(порано доколку живеете подалеку од породилиштето). Ако не сте прворотка би требало во болница да одите порано.
Ако приметите дека почнува да тече вода, значи водењакот ви пукнал и се препорачува веднаш да одите во породилиштето иако немате контракции.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Мали нешта што можат да донесат голема радост
Не секогаш ни се потребни големи промени, скапи подароци или посебни п...
Што треба да знаете пред да започнете да трчате?
Трчањето е една од најдостапните форми на физичка активност. Не ви е п...
Вечерно јадење и килограми. Што е вистината?
Дали сте слушнале дека јадењето по 18 или 20 часот неизбежно води до з...
Како исхраната влијае на појавата на акни?
Акните се еден од најчестите проблеми со кожата и можат да се појават ...
Како правилно да ја негувате косата секој ден?
Убавата и здрава коса не бара секогаш скапи производи или комплицирани...