Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Татко и синови
Синовите на еден селанец не биле сложни. Тој често ги поучувал и опоменувал, но не можел со своите зборови да ги наговори да се поправат. Тогаш се сетил за ова: им наредил да му донесат сноп прачки. Кога тие ја извршиле повелбата, им го подал снопчето, со сите прачки наедно, и им заповедал да го скршат. Иако ја употребувале сета своја сила, синовите не можеле да го скршат снопчето, а татко им потоа го одврзал снопчето и им подавал по една прачка. Тие многу лесно без никаков напор ги кршеле прачките, а тој им рекол: “Така ќе бидете и вие, деца, сложни. Ако пак се карате и се делите секој за себе, секој лесно ќе ве совлада.”