Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Ова се прашањата кои ги имаат обземено фановите на кралското семејство, делумно затоа што свадбите на познатите се забавни, а делумно и затоа што тоа е најважниот културен настан во 2018 година.
Постојат многу правила, кои британската кралско семејство треба да ги почитува во вакви прилики, особено во кројачката сфера. Безбојни чорапи, на пример, се бараат од кралицата. Ракавици, тип на чанти и капи се задолжителните додатоци во пропишани прилики. Но, кога ќе се дојде до кралскиот фустан започнува зоната на нови прописи, помалку за фустанот сам по себе и повеќе за тоа каде ќе се носи.
Меган и Хари ќе се венчаат во капелата Сент Џорџ во Виндсдор, каде роднината на Хари, Петар Филипс, внук на кралицата се ожени со Отом Филипс во мај 2008 година.
Имајќи ги предвид врвната безбедност и протоколот со фустанот на Отом, сега се прават и првите претпоставки за фустанот на Меган Маркл.
-Многу е важно за фустанот да соодветствува на местото и на приликата. Големите простори и драмата на замокот Виндсдор бараат фустанот да има доволно детали за да бидат видени од далечина, да биде пригоден за кралска венчавка, а во однос на новата снаа Меган Маркл да ја инкорпорира гламурозната холивудска страна на нејзината личност – велат познавачите.
Се чини дека последното прилагодување на фустанот на Меган ќе биде направено во замокот Виндсдор, што беше случај и со свадбата на Отом Филипс за да се биде проверено како фустанот се движи и дали здолништето ја има саканата форма. Што ќе се случи со фустанот на Меган по финалниот фитинг? Во случајот на Отом Филипс, фустанот бил чуван на кукла-манекен под клуч во приватните апартмани на замокот Виндсдор.
Создавањето кралски невестински фустан по традиција е обиколено со тајна. Само неколкумина ги знаат деталите од фустанот на кралските невести.
4
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Рутина за спиење според возраста на детето
Добрата рутина за спиење е клучна за здрав развој, расположение и одне...
Подготовка за зачнување, водич за проценка на плодноста
Планирањето бременост е важен чекор, а проценката на плодноста однапре...
Хистероскопија и лапароскопија: кога и зошто се прават?
Современата гинекологија нуди сe попрецизни и помалку инвазивни методи...
Како да препознаете знаци на предвремено породување?
Предвременото породување може да започне суптилно, со симптоми кои лес...
Зошто генетското советување е важно за некои парови?
Планирањето семејство не е само емоционална одлука, туку и важен чекор...