namesp во 10:12
Спиење: Дали на бебето му треба перница?
Редакција Рингераја, 13.6.2020Колку долго може бебето да биде без перница?
Перница за бебиња не е апсолутно неопходна, особено ако бебето спие на грб или стомак. Дури и ако спие настрана, важно е да обрнеме внимание на положбата на главата. Ако главата му виси и не е во права линија со 'рбетот (во странична позиција), можеме да заклучиме дека на бебето веќе ќе му треба перница. Перницата дефинитивно не треба да биде премногу висока, ниту премногу мека, за да не потоне премногу, но сепак да биде доволно мека да му дава удобност на бебето. Висината на перницата најлесно се одредува според висината на рамото, што значи дека треба да е висока колку и просторот помеѓу крајот на рамото и вратот. Ако изберете тенка перница, нема да постигнете ништо за тоа, бидејќи главата сепак ќе ви се спушти. Меѓутоа, ако перницата е превисока, положбата на главата повторно нема да биде точна, бидејќи главата ќе биде во исправена положба.
Зошто е подобро бебето да спие без перница?
Кога бебето најчесто спие на стомак, подобро е да биде без перница. Неопходно е да се знае дека на малите бебиња не им треба перница за да спијат на стомак, затоа што во случај на спиење на стомак, перницата ги присилува главата, вратот и, следствено, целото тело во продолжена или задна позиција. Ова, сепак, во никој случај не е пожелно. Значи, ако вашето бебе често за време на спиењето се врти на стомак, оставете ја перницата за подоцна кога ќе потпорасне.
Што е со детето? Дали е потребно да има перница?
Исто како кај новороденчето, за постаро дете е важно да се обрне внимание на положбата за спиење што најчесто ја има детето. Ако тоа главно спие настрана, дефинитивно треба да му понудите соодветна перница, во зависност од односот глава до рамо. Можеме да понудиме перница на постарото дете дури и ако тоа претежно спие на стомак. Во таков случај, перницата секако треба да биде што е можно помала за да не ја принудува главата да оди наназад.
Која перница е најпогодна за дете, на што треба да обрнеме внимание при купувањето?
Ако откриеме дека на бебето му е потребна перница, соодветно е да се постават неколку памучни пелени една врз друга, така што со отстранување или додавање на пелените, на многу едноставен начин, можеме да ја прилагодиме висината. Исто така е важно да имате пелени или перница, по целата ширина на креветчето. Така, кога бебето се врти од едната до другата страна, главата секогаш останува на перница или на пелените и не постои опасност дека во таков случај главата повторно ќе биде во неправилна положба некаде на работ на перницата.
На постарото дете секогаш понудете му нормална, а не анатомски обликувана перница. На крајот на краиштата, анатомската перница во никој случај не е погодна за малку развиен 'рбет, бидејќи користењето може да направи повеќе штета отколку корист.
Извор: Рингараја.нет
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Лажниот и нечист мед стана вообичаена појава во денешно време. Проблемот е во тоа што нечистиот мед може многу лесно да ...

Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор

Во прилог е сликовит приказ како треба да изгледа нормална столица кај доени бебиња, како да знаеме дали бебето е гладно...

Како што сугерираат од Американската Академија на Педијатри, следните 10 мерки на претпазливост можат да го спасат Вашет...
